✨ Welcome to our new students! ✨

Оваа есен, тимот на Brainster им посака добредојде на новозапишаните студенти кои се во потрага по кариера од соништата! Да се биде дел од целиот овој процес е предизвик, но исто така и возбудливо искуство кое носи нови пријателства, различни перспективи и мотивација за успех.

Новостите од месец септември се однесуваат на: запознавањето со новите студенти кои се решија да ја искористат продуктивно оваа есен, новите партнери за реални проекти и вработувања, реалните проекти кои беа изработени, новите успеси на нашите алумни и вработувањата со кои беше награден нивниот труд.

 

Дознај повеќе за последните новости од Brainster заедницата

 

 

  • Се запознавме со новите студенти кои ќе започнат да учат оваа есен!

Им посакавме добредојде на нашите нови студенти кои го направија првиот чекор кон нова кариера и дигитална трансформација! Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите од:

  • Академијата за UX/UI дизајн – група 12
  • Академијата за дигитален маркетинг – групи 41 и 42
  • Академијата за Software Testing – групи 27 и 28
  • Академијата за Data Science – група 14
  • Академијата за Full-Stack програмирање – групи 15 и 16
  • Академијата за Project & Product менаџмент – група 7
  • Академијата за Front-End програмирање – групи 16 и 17
  • Академијата за графички дизајн – групи 24 и 25

 

 

  • Стипендии за Академијата за лидерство и менаџмент

Во денешниот бизнис свет, кој брзо се развива, лидерските и менаџерските вештини се поважни од кога било, особено во динамичното поле на информатичката технологија (ИТ). Препознавајќи ја важноста за развој на лидерски таленти во ИТ-секторот, имаме 6 стипендии наменети за ИТ-компании кои се заинтересирани да ги запишат своите вработени на Академијата за лидерство и менаџмент. Дознај повеќе! 

 

 

  • Кариерните Brainster патувања на Стефан, Бојан и Вилијам!

Во еден ден, тројца вработени добија можност да зачекорат на повисоко ниво и да добијат признание за она што го направија досега на професионално ниво, на личен, но и на компаниски план. Стефан Смиљаноски, Бојан Даниловски и Вилијам Додевски дадоа прекрасен пример, како со голем труд, максимално вложување и огромна посветеност се напредува. Дознај повеќе!

 

 

  • Добра организација и континуирана посветеност се формула за успех

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Павел Петрушевски – алумни студент на Академијата за Front-End програмирање, кој покажа најдобри перформанси за време на предавањата и се вработи како Front-End Developer во компанијата Melon, part of Kin + Carta, а воедно е и дел од инструкторскиот тим на Академијата за Front-End програмирање. Дознај повеќе!

 

 

  • 5 работи кои ги научивме од предавањето за лидерство и менаџмент со Сандра Бенбоу

Како дигитализацијата може да помогне во различни бизнис аспекти? Што е бизнис модел и кои се клучните елементи на бизнис моделот? Доколку не успеавте да го следите предавањето со Сандра Бенбоу – инструктор на Академијата за лидерство и менаџмент, како и да ги дознаете одговорите на овие прашања, ви ги пренесуваме 5-те најважни работи кои ги научивме на предавањето. Дознај повеќе!

 

 

  • 7 работи кои ги научивме од предавањето за програмирање со Магдалена

Како AI влијае на tech индустријата, во која насока се движи пазарот за Full-stack и Front-end девелопери и кои се најпопуларните tech трендови? Доколку не успеавте да го следите предавањето со Магдалена Силјаноска Спинола – инструктор на Академијата за Full-Stack програмирање, како и да ги дознаете одговорите на овие прашања, ви ги пренесуваме 7-те најважни работи кои ги научивме на предавањето. Дознај повеќе!

 

 

  • Со нетрпение ги очекуваме сите проекти на кои ќе работиме заедно

Brainster има нов партнер за реални проекти, една од најстарите и најфреквентните здравствени институции во државата, Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје. Во оваа блог објава, го имавме задоволството да си поразговараме со Стефан Арсенков – доктор во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, кој ни раскажа повеќе за приказната на клиниката и партнерството со Brainster, како и за проектите на студентите кои ги изработија изминатиов период. Дознај повеќе!

 

 

  • За краток период добивме многу креативни решенија со одличен квалитет

Во оваа блог објава, го имавме задоволството да си поразговараме со Афије Шерифи, претседателка на Младинскиот клуб на НВО Извор од Кичево, која ни раскажа повеќе за реалните проекти кои ги изработија студентите и партнерството со Бреинстер. Дознај повеќе! 

 

 

  • Кадрите излезени од Brainster се подготвени брзо и ефикасно да се вклопат во нашата работна средина

Brainster има нов партнер за вработувања – компанија која внесува сосема нови вредности и принципи на работа на македонскиот и на американскиот пазар на труд – Agile Pro Solutions. Во оваа блог објава, го имавме задоволството да си поразговараме со Катерина Митровска – Senior Vice President of Client Success во Agile Pro Solutions, која ни раскажа повеќе за приказната на компанијата и партнерството со Brainster, како и за вработувањето на наши студенти. Дознај повеќе!

 

 

  • Улогата на лидерите и менаџерите во денешниот деловен свет е возбудлива, но и предизвикувачка

Го создадовме блог серијалот „Запознај ги студентите“ за да ги претставиме нашите нови студенти на Академијата за лидерство и менаџмент. Запознајте ја Орјета Зулалај – студент на Академијата за лидерство и менаџмент, а воедно и Office Manager во тимот на Brainster Albania. Дознај повеќе!

 

 

  • Запознај ги инструкторите – Јоанис Папаконстантину

Јоанис Папаконстантину е новото засилување на нашиот тим од инструктори на Академијата за лидерство и менаџмент, во чиишто рамки тој ќе го предава модулот за “People Leadership“. Со повеќе од 30 години професионално искуство, Јоанис има богато знаење и практична експертиза кои со нетрпение чека да ги пренесе на идните студенти за време на предавањата. Дознај повеќе!

 

 

  • Еден ден во животот на продукт менаџер

Го создадовме блог серијалот „Еден ден во животот на…“ за да претставиме како изгледа еден ден во животот на нашите алумни студенти и инструктори кои се вработени во едни од најперспективните професии на денешниците. Во оваа блог објава, ќе можеш да ја запознаеш Даринка Буровска, ментор за Product Management и Product Discovery, како и основач на darinka, а воедно и дел од инструкторскиот тим на Академијата за Project & Product менаџмент. Дознај повеќе!

 

 

  • Победничко решение за СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“

Студентите на Академијата за UX/UI дизајн постојано работат на реални проекти за реални клиенти, каде што ги користат сите новостекнати знаења и вештини од областа на UX/UI дизајн. Последниот нивен предизвик беше да направат редизајн на веќе постоечката веб-страница на СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“. Дознај повеќе!

 

 

  • Победничко решение за клиентот Абилити

Студентите од Академијата за Project & Product менаџмент работеа на реален проект за реален клиент и креираа одлични решенија. Нивната задача беше да направат подготовка на Project Management Plan за клиентот Абилити. Дознај повеќе!

 

 

  • Победничко решение за Маврово 365

Најновиот предизвик со којшто се соочија студентите од Академијата за дигитален маркетинг беше изработката на дигиталната PR стратегија за Маврово 365. Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Христијан Митрески, Елеонора Крстеска, Филип Русев, Мартина Мајсторовиќ и Беадин Гугна. Дознај повеќе!

 

 

  • Победничко Motion Design решение за Amaro Bazar

Студентите од Академијата за графички дизајн имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент на модулот „Motion Design“ и да направат дизајн решенија преку кои ќе ја раскажат приказната на Amaro Bazar – Shutka Shopping Center. Дознај повеќе! 

 

 

  • Нови успешни приказни

Ги раскажавме приказните на: Филип Јаневски, Лука Плушкоски, Александра Ставреска, Дејан Станковиќ, Леонардо Марковски, Михајло Арсоски, Филип Богдановски, Милена Јаневска, Виктор Иваноски и Ивана Жилеска, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.

До следниот месец!

Тимот на Brainster  ❤️

 

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!