Запознај ја Ивана Жилевска – алумни студент од Академијата за Project & Product Management која реши да ги надгради своите знаења и вештини во полето на менаџирање проекти и продукти.

По нејзиното комплетирање на програмата, посветеноста и дисциплината на Ивана, резултираа со почеток на нејзината кариера како Business Analyst на проект во 2Coders Studio.

 

Си поразговаравме за нејзиното искуство и новото работно место

 

Здраво Ивана, ние од Академијата за Project & Product Management те познаваме, но што би споделила за останатите?

Хелоу, јас сум Ивана Жилевска, имам 26 години и сум од Охрид, горда Охриѓанка! 😀 Имам завршено на Факултетот за бизнис администрација и сум новопечен бизнис аналист. Сакам да шетам, да истражувам, да се смеам, да запознавам нови луѓе и нови култури, сакам да се забавувам, сакам природа и музика слушам 24/7.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. По завршувањето на Академијата, стигна до посакуваната работна позиција. Да почнеме од почеток, раскажи ни како ти се роди желбата за Project & Product Management?

Ви благодарам! Желбата ми се пројави со запишување на факултет, поточно имав предмет „Менаџирање со проекти“ и доста се пронајдов во тој предмет и во улогата на менаџирање. Да бидам искрена, кога дознав дека ќе се основа нова Brainster Академија за Project & Product Managemenet, бев мноооогу среќна. Нема да лажам, се двоумев малку помеѓу UX/UI и оваа академија, но сепак го одбрав патот којшто го имав замислено и воопшто не ми е криво. Good choice!

 

Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е self-paced, постојано се работи во тимови и треба да изработите многу задачи и студии на случај. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

На Академијата бевме постојано посветени на домашните задачи, а после секоја лекција имавме нова задача, ни малку слична со претходната. Дополнително, работата во тимови и солуција на проблемите ми помогна многу во сегашната работа. Гледам доста поврзаност помеѓу задачите на Академијата и сега, а посебно тимската работа. 

 

Раскажи ни повеќе за твоето кариерно патување. На што најмногу се гордееш со себе?

Најмногу се гордеам за постигнатиот успех и стекнатото знаење на Академијата. Се гордеам тоа што со знаењето од Академијата, успеав да ја добијам мојата прва работа којашто многу си ја сакам и да го почнам мојот кариерен пат. 

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата 2Coders Studio. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

2Coders е шпанска компанија со седиште во Гран Канариа којашто годинава слави јубилејни 10 години постоење. Веќе 2 години е со своја канцеларија и во Скопје и е со голема тенденција за проширување на својот тим. Во компанијата јас сум на позиција Бизнис аналист and i’m loving it.

Тоа значи работење во тим, дневни состаноци, откривање нови барања, браинсторминг сесии, комуникација на дневно ниво со сите членови од проектот и разрешување на проблеми, дефинирање на епици и user stories – dream job надополнета со смеа, но и доста сериозност и посветеност на работа. Секојдневно работам со Scrum методологија, а како главна алатка ја издвојувам Jira. Доста интересна алатка, каде што секој ден учиш нешто ново. Има сѐ што е потребно за менаџирање на еден проект, но исто така може да ги издвојам и Миро, draw.io алатка за дијаграми, Figma, Mattermost и многу други. 

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

За 5 години се гледам како успешен бизнис аналист/проект менаџер, каде што секој предизвик ќе го гледам како нова можност за учење, но секако и како бизнис аналист со доста големо стекнато знаење. 

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат Project & Product Management?

Благодарам многу! Би ги советувала да не се мислат воопшто и да го направат тоа што е можно побрзо. Академијата нуди доста можности, дава доста знаење, те воведува во нов свет кој ти влева желба за поголемо надградување. 



Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Project & Product Management учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!