Во оваа блог објава, ќе можеш да ја запознаеш Даринка, ментор за Product Management и Product Discovery, како и основач на darinka – компанија за градење и валидирање на дигитални идеи и продукти.

Во нејзиното 7 годишно искуство како Product Manager, има работено со компании и стартапи на градење дигитални продукти, од идеја до успешно лансирање и скалирање на продуктите до милион корисници.

Како ментор, има менторирано повеќе од 100 професионалци до успешна кариера во Product Management и tech индустрија. 

Дополнително, Даринка е и инструктор на нашата Академија за Project & Product Management.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Даринка Буровска како изгледа еден ден во животот на продукт менаџер

 


 

Зошто се одлучи за продукт менаџмент? Што те привлече кај оваа професија?

Да бидеш продукт менаџер значи секојдневно да решаваш нови предизвици и да дизајнираш и креираш решенија кои имаат голем импакт во секојдневието – токму тоа беше мојата мотивација за да станам продукт менаџер. 

 

Колку е важна соработката на продукт менаџерот со другите тимови и луѓето во организацијата?

Една од главните улоги на продукт менаџерите е да комуницираат со различни департмани и тимови, да ги земаат предвид сите аспекти и редовно да споделуваат  информации околу градењето на продуктите, така што добра соработка и комуникација со различни тимови е клучна за успешни продукти. 

 

Раскажи ни како изгледа еден ден во животот на продукт менаџерот? 

Еден ден на продукт менаџер може да биде доста различен, но генерално, денот почнува со краток состанок со тимот за да усогласат сите за приоритетите. Потоа, следува корисничко интервју со крајните корисници, анализа на корисниците и нивното однесување со продуктот. Откако ги имаме овие податоци, се креираат корисничките барања и се презентираат и дискутираат со тимот. На крај, следува состанок со другите тимови и департмани, повторно за синхронизирање и усогласување. И тоа би било тоа, после цел ден комуникација следува релаксирање со јога. 

 

 

Кои се главните задачи и обврски со кои се соочуваш секојдневно во твоето работење?

Разговарање со клиентите и анализирање на нивните барања и потреби е главната и најважната обврска на продукт менаџерот. Следната важна задача е навремена и прецизна комуникација со тимот девелопери и дизајнери, но и со другите департмани, како маркетинг, продажба, финансии, менаџмент, за правилно разбирање на потребите на корисниците и следење на компаниските цели. 

 

И за крај, твојот совет за сите идни продукт менаџери?

Секој почеток е тежок, посебно како продукт менаџер и поради различните дневни задачи и секојдневната комуникација со мнооогу различни страни. Но, со искуство станува многу интересна и креативна работа и ќе ви биде задоволство да работите, посебно после фидбек од првите среќни корисници, така што не се откажувајте, keep it rooling! 

 

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Project & Product Management учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!