За краток период добивме многу креативни решенија со одличен квалитет

Brainster има нов партнер за реални проекти, невладината организација Извор која има за цел да ја врати позитивноста и солидарноста кај младите во Кичево. Фокусот на Извор е насочен кон културни и социјални активности за младите во тој регион, бидејќи таквите настани се ретки. Веруваат дека можат да направат промена во регионот и да го подобрат квалитетот на животот на младите.

Во оваа блог објава, го имавме задоволството да си поразговараме со Афије Шерифи, претседателка на Младински клуб на НВО Извор од Кичево, која ни раскажа повеќе за приказната зад Извор и партнерството со Brainster, како и за проектите на студентите кои ги изработија изминатиов период.

„Симбиозата која вработените во Бреинстер како координатори на проектите ја креираат со студентите, менторите и клиентите ја прави соработката со Бреинстер навистина уникатна. Она што го добивме како резултат на соработката ни ги надмина очекувањата“, ни сподели таа.

 

Во продолжение, прочитајте повеќе што ни раскажа Афије Шерифи, претседателка на Младински клуб на НВО Извор од Кичево

 

 

Здраво Афије. Ти си претседателка на младинскиот клуб  во една уникатна невладина организација која работи со млади и тоа од Кичево. Кажи ни нешто повеќе за вас и вашата работа?

Ние сме група на истрајни гејмчејнџери, кои се обидуваат да ја вратат позитивноста и солидарноста во една средина во која младите во Кичевско одамна не се чувствуваат така, ние се трудиме да креираме едно безбедно место за нив. Во регионот во кој делуваме ваквиот тип на здруженија се насочени кон земјоделство и рурален развој. Ние ќе им го препуштиме тоа на експертите, и ќе се фокусираме на она во што сме ние добри: комуникации, медиуми, новинарство, човекови права и родови прашања, екологија и заштина на средината и користење на зелена енергија.

Фокусот ни е на културни и социјални активности за младите во тој регион, бидејќи таквите настани се ретки. Веруваме дека можеме да направиме промена во регионот и да го подобриме квалитетот на животот на младите во регионот и би сакале да се претставиме дека сме дел од решението, а не од проблемот. 

 

Многу ни е мило што изминатиов период соработувавме, студентите од две академии на Бреинстер работеа на вашите продукти и тоа на значајни проекти кои вклучуваат креирање лого и брендинг, како и лендинг страница. Kако би го опишале вашето искуство од соработката со академиите на Бреинстер?

Најнапред благодарност до Бреинстер и менторите и студентите, влеговме во навистина одличен процес, за почеток со Академијата за графички дизајн и Академијата за дигитален маркетинг, а нѐ чека уште многу работа, но резултатите се одлични.

Процесот низ којшто поминуваме како клиент, а кој е во организација на Бреинстер, е веројатно клучот за одличните резултати кои ги постигнуваме. Почнувајќи од брифот до финалниот избор на решенијата, за многу кратко време се добиваат креативни решенија со одличен квалитет, а толку многу луѓе се вклучени во работата, што проектот ќе заврши во предвидениот рок, без обѕир на сѐ. Она што го добивме ни ги надмина очекувањата. 

 

Каква вредност донесе за вас она што го сработија студентите на академиите за дигитален маркетинг и графички дизајн и дали нивните решенија ги исполнија вашите очекувања?

Ние очекувавме да видиме што би направило engagement кај младите меѓу 20 и 30 години. Имавме прилика да соработуваме со повеќе од стотина млади студенти на Бреинстер токму во целната возраст, каде тие се појавуваат како предлагачи на нашата содржина, и искуството е бесценето: тие ни го даваат клучот за комуникација со нивната целна група.

Многу професионално нѐ разбраа што сакаме, ги следеа нашите насоки за тоа КОГО и ЗОШТО комуницираме, изборот на типографија, бои и симболи кои ги избраа да не претставуваат беа многу тешки за избор, сите беа предобри, тешко беше да се избере само еден. Воедно многу научивме за модерните трендови и она што е популарно кај нашата целна група, и она што многу го цениме, е фокусот на корисничкото искуство при нашата дигитална комуникација. И најважното – ние добивме идентитет кој сега ќе почнеме конзистентно да го развиваме како бренд, бидејќи почетокот го направивме тука, во Бреинстер. 

 

Што е она што според вас ја прави соработката со Бреинстер уникатна?

Симбиозата која вработените во Бреинстер како координатори на проектите, ја креираат со студентите, менторите и клиентите. Вие поминувате низ процес на сериозен make over и системот е така генијално искреиран да на крајот ќе имате производ во даден рок, тоа го гарантираат проектните лидери од Бреинстер, квалитетот на решенијата ви го гарантираат менторите, а разновидноста од понудата зависи од тоа колку ќе се измотивираат студентите кога ќе ве запознаат. Ние добивме неверојатен број на финални решенија, ама им дадовме креативна слобода и „одврзани раце“ на студентите за сѐ. 🙂

 

Соработката со Бреинстер продолжува, што би им препорачале на другите компании и организации кои сѐ уште немаат воспоставено партнерство за реализација на реални проекти?

За оние компании кои имаат искуство и развиени брендови, ова е одлична можност да развивате капацитети на вработени со hands on пристап на помали проекти кои ги имате, вредноста која ја добивате е многу повеќе. На пример, ако некој што донесува одлуки за финансирањето на маркетингот и ПР-от на една компанија, можеби е подобро да помине еден циклус низ овие академии за да се запознае со процесот и работата, што е најважно кога поставуваме очекувања. Не мора да е само таа преспектива, замислете имате дизајнер кој е предобар, ама не може да го разбере концептот на “wrap it up” – убедена сум дека запознавајќи се со пошироката слика на процесот од кој креативата е само дел, би можел да се развие кадарот кој го имате. 

Ние на пример, како здружение со скромни буџети, сакавме да го почувствуваме пулсот на младите кои се студенти во Бреинстер, тие се нашата целна група како активисти, или целна група како поддржувачи и донатори. Немајќи финансии да спроведеме истражување, ние се ставивме на располагање на Бреинстер како експеримент tabula rasa каде ние нема да даваме предлози, туку ќе им кажеме кои сме, и ќе им дозволиме тие да не покажат визуелно онака како што тие не гледаат. Она што ние го добивме е со непроценлива вредност. 

 

Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете партнер на Brainster, посетете ја Partnerships платформата или контактирајте нѐ на [email protected]

Бидeте дел од иднината и соработувајте со Brainster преку платформата за вработување и иновирање!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!