Развивањето бизнис модел е комплексен процес кој бара знаење и визија. Креирањето едноставен и разбирлив концепт со клучните елементи значи креирање предност.
Дознај повеќе од Сандра Бенбоу – бизнис едукатор со 17 години искуство во сферата на консалтинг, комерцијална стратегија и бизнис модел иновации. Има менторирано 400+ бизнис лидери и start-up компании.
Дополнително, Сандра Бенбоу е новото засилување на нашиот тим од инструктори на Академијата за лидерство и менаџмент, во чиишто рамки таа ќе го предава модулот за „Дигитална и организациска трансформација“.
Во продолжение, најважните работи кои ги научивме на предавањето:
Што е бизнис модел и кои се клучните елементи на бизнис моделот?
Бизнис моделот објаснува како една компанија ја создава, испорачува и задржува вредноста базирана на сопствените стратегиски одлуки.
3 клучни елементи на бизнис моделот се:
- понудата;
- создавање вредност;
- и задржување вредност.
Која е целта и намената на бизнис модел канвасот?
- Визуелизација и ревидирање на најважните елемнти на бизнисот моделот во наредните 1-2 години;
- Составни елемнти на бизнис модел канвасот се: Customer Segments, Value Propositions, Channels, Customer Relationships, Revenue Streams, Key Resources, Key Activities, Key Partnerships & Cost Structure.
Какви типови на бизнис модели постојат?
- Subscription-based модел;
- E-commerce модел;
- Freemium модел;
- Platform модел;
- Pay-Per-Use модел;
- Франшиза модел;
- Директна продажба модел;
- Sharing Economy модел;
- B2B модел;
- B2C модел.
Предности и недостатоци на Subscription-based моделот?
Предности:
- Предвидлив и стабилен приход поради повторливи плаќања;
- Задржување на клиентот и лојалност;
- Можност за Up-sell и Cross-sell на премиум понуди и дополнителни услуги.
Недостатоци:
- Голема конкуренција од компании со ваков модел, и закана од потенцијално губење на клиенти поради непривлечна понуда;
- Потреба за постојано ажурирање и подобрување на понудата;
- Балансирање помеѓу нудење доволно вредност за задржување на клиентот, но не и преоптоварување со прекумерни понуди.
Како дигитализацијата може да помогне во различни бизнис аспекти?
- Подобрување на корисничкото искуство преку дигиталните канали и персонализирана интеракција;
- Зголемување на достапноста на продуктите и услугите преку онлајн платформи;
- Оптмизирање на оперативната ефикасност преку автоматизација и одлуки базирани на податоци;
- Овозможува нови приливи на средства преку дигитални продукти и услуги;
- Анализа на трендови на пазарот и однесување на купувачите/клиентите со цел носење подобри одлуки базирани на податоци.
Закажи информативен разговор со нашиот Student Admission Team за повеќе детали за Академијата.
Новата Академија за лидерство и менаџмент (Executive Academy for Leadership & Management) на Brainster, која ќе обезбеди можност за практично усовршување и доквалификација на учесниците преку стекнување на најважни вештини во областа на лидерство и менаџмент во ИТ и бизнис-секторите, се развива во соработка со Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост-ИМЕ.