Денес, дизајнот на UX/UI игра клучна улога во обликувањето на корисничките искуства. Тука не станува збор само за естетика, туку и за оптимизирање на функционалноста, пристапноста и интуитивноста.

Како што еволуира технологијата, UX/UI дизајнерите мора да се прилагодат, создавајќи беспрекорни и интуитивни интерфејси кои одговараат на различните потреби на корисниците, обезбедувајќи задоволство и задржување на страницата.

Со таа цел, студентите на Академијата за UX/UI дизајн постојано работат на реални проекти за реални клиенти, каде што ги користат сите новостекнати знаења и вештини од областа на UX/UI дизајн.

Последниот нивен предизвик беше да направат редизајн на веќе постоечката веб-страница на СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Харалампиј Хаџи Спироски, Оливер Вељаноски и Кристина Василевска.

 

Во продолжение си поразговаравме со студентите од Академијата за UX/UI дизајн за искуството на овој реален проект

 

 

Здраво тим! Раскажете ни нешто повеќе за вашето финално решение. Кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат?

Најпрво си зададовме задачи за да се сработи UX делот т. е. сите анализи што ни беа потребни за полесно и побрзо да го завршиме UI делот. Скиците и крајниот дизајн со одредена палета, типографија и останати графички елементи ги работевме заедно. Според мене тоа беше добра одлука од причина што сите бевме во тек што се работи во моментот, а не подоцна да објаснуваме кој и што сработил. Исто така, може да се каже дека сите веќе го владееме програмот Figma што беше огромен плус и колегите беа полни со идеи и беа трудољубиви.

 

Како се одвиваше целата соработка и кои беа барањата од страна на клиентот?

Целта на проектот беше да се направи редизајн на веќе постоечката страница на Гимназијата Корчагин, да се додадат нови функционалности и да се најде најдоброто решение со цел да биде олеснето користењето на страницата. Соработката беше одлична со оглед на тоа што веќе се познаваме меѓусебно и полесно ни одеше комуникацијата и секој од нас знаеше што беше потребно да се направи, со цел да го завршиме проектот во дадениот рок.

 

Што поточно беше вашата задача? Од каде ја црпевте инспирацијата?

Од нас беше побарано за почеток да се изработи почетна страница каде што ќе биде прикажан кадарот и наставата, а од особено значење беше да се претстави Кариерниот Центар и настанот „Просветилка“ којшто се одржува секоја година и истиот е организиран од учениците. Инспирацијата ја црпевме од слични домашни образовни страници, како и странски, за да се запознаеме повеќе со дизајните и принципите за изработување на веб-страница за средно училиште.

 

 

Како успеавте да се соочите со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креирате едно функционално решение?

Прилично лесно, со тоа што веќе после брифот и интервјуата што ги имавме со клиентот знаевме што треба да се направи и од каде да почнеме, секако беше огромен притисок тоа што требаше да сработиме сè за многу кратко време, but great minds think alike! 🙂 

 

Какво беше чувството да се работи на еден ваков забавен и интересен проект? 

Доста интересно со тоа што работевме за познат клиент, малку поинакви барања и очекувања за разлика од изминатите проекти, а воедно имавме простор креативно да се покажеме со задржување на насоките што ни беа зададени.

 

И за крај, што би ни кажале за работата на реални проекти со реални клиенти и можноста за искористување на теоријата во пракса? 

Напорно, динамично, работа под притисок, но пред сè интересно со тоа што има некаков изненадувачки и воодушевувачки ефект како од нула создаваме функционален продукт во рок од 48 часа. Осознаваш многу за себе, а и воедно се запознаваш со нови луѓе, нови размислувања и секако од секој имаш по нешто што може да се научи.

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Brainster ги лансира единствените Кариерни АИ Академии во Македонија