Запознај го Леонардо Марковски – 21 годишен веб ентузијаст, како и алумни студент од Академијата за Front-End програмирање.

По неговото комплетирање на програмата, неговата посветеност и дисциплина, резултираа со почетокот на неговата кариера како Front-End Developer во компанијата X Gate. 

 

Си поразговаравме за неговото искуство и новото работно место

 

Здраво Леонардо! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за Front-End програмирање те познаваме, но што би споделил за останатите

Здраво! Јас сум Леонардо Марковски, 21-годишен веб ентузијаст од Прилеп и алумни студент на Академијата за Front-End програмирање. Ако има нешто за кое сум навистина страствен, тоа е светот на веб-развојот кој постојано се развива, особено областа на Front-End. Пред да се впуштам во веб-развојот, поминав неколку години усовршувајќи ги моите вештини во графичкиот дизајн, што особено ми помогна во областа на Front-End.

 

Зошто баш Front-End програмирање?

Front-End програмирање затоа што ми овозможува да ги трансформирам дизајните во динамична реалност, прифатлива за корисниците. Ме привлекува спојувањето на креативноста со техничките вештини, создавајќи визуелно привлечни и интуитивни веб-страници, и постојано развивачката природа на ова поле, каде што континуирано учам и се прилагодувам на новите технологии и трендови.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Front-End програмирање. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Академијата ги исполни и надмина моите очекувања. Професорите беа вистински професионалци, со големо искуство, и содржината ја предаваа на разбирлив начин. Најдоброто и воедно најважното беше што после секое предавање имавме шанса да ги примениме сите аспекти од наученото преку практична работа на предизвици и реални проекти.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Искуството да се биде дел од Академијата беше одлично. Најголемиот предизвик за мене, и верувам за секој студент, беше како да го развиеме начинот на програмерско размислување. За постигнување на сето ова, требаше да се соочиме самите со себе, да останеме дисциплинирани, издржливи и посветени на тоа што го учиме, или со други зборови: “Learn to love the pain. Or at least, not fight it…” 

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Дефинитивно модулот Next.js затоа што го носи правењето на веб апликации на “Next Level” и значително ги подобрува брзината и перформансите. 

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за Front-End програмирање започна да ја градиш својата кариера како Front-End Developer во компанијата X Gate. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Во X Gate аплицирав по препорака на колега од Академијата. Уште следниот ден ме исконтактираа, и ми дадоа задача која требаше да ја решам. После тоа и неколку технички разговори бев примен.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад програмер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Мојата улога опфаќа различни задачи и обврски како што се кодирање, решавање на проблеми, комуникација со клиенти и обезбедување непречена функционалност на веб апликациите. Соработувам со колегите и се фокусирам на континуирано учење и истражување на технологии како Drupal за да го проширам мојот сет на знаења и вештини.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на Front-End програмирање?

Focus on Practice, Focus on Practice, Focus on Practice.

“After a long time of practicing, our work will become natural, skillful, swift, and steady.”
– Bruce Lee

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Front-End програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.