Brainster има нов партнер за вработувања – компанија која внесува сосема нови вредности и принципи на работа на македонскиот и на американскиот пазар на труд – Agile Pro Solutions. Со повеќе од 11 години работа, го редефинираат класичниот пристап на outsourcing и сега нудат поекономични решенија за растечките бизниси.
Во оваа блог објава, го имавме задоволството да си поразговараме со Катерина Митровска – Senior Vice President of Client Success во Agile Pro Solutions, која ни раскажа повеќе за приказната на компанијата и партнерството со Brainster, како и за вработувањето на наши студенти.
„Вашите едукативни програми се компатибилни со профилот на кандидати за вработување по кои трагаме. Едноставно, кадрите излезени од Brainster се подготвени брзо и ефикасно да се вклопат во нашата работна средина“, ни сподели таа.
Дополнително, нашиот алумни студент Никола Ѓуровски од Академијата за Project & Product Management кој сега работи како Head of Project Management Office, е еден од примерите како компанијата се грижи за унапредувањата на своите вработени.
Во продолжение, прочитајте повеќе што ни раскажа Катерина Митровска – SVP of Client Success во Agile Pro Solutions

Здраво Катерина, дали можеш накратко да ни ги објасниш основните вредности на Agile Pro Solutions и што е она што ве прави уникатни на пазарот?
AGILE PRO SOLUTIONS е компанија која внесува сосема нови вредности и принципи на работа и на македонскиот и на американскиот пазар на труд. Имено, ние работиме со уникатен, сопствен outsourcing модел кој покажа извонредни резултати, кои директно се рефлектираат на нашиот експоненцијален раст.
Што е она што ве поттикна да остварите партнерство за вработување со Brainster?
Вашите едукативни програми се компатибилни со профилот на кандидати за вработување по кои трагаме. Едноставно, кадрите излезени од Brainster се подготвени брзо и ефикасно да се вклопат во нашата работна средина.
Имате кампања во која активно вработувате и ја имате поддршката од Brainster. Што ви е најважно кај кандидатите при процесот на вработување?
AGILE PRO SOLUTIONS е во постојана кампања за вработување, бидејќи константно имаме потреба од квалитетни кадри за повеќе различни позиции. Секоја позиција си има различно ниво на очекувани предиспозиции. Но, ако генерализираме, најчесто се најважни познавањето на англискиот јазик, разбирањето на американскиот начин на работа и работна етика и секако, стручноста за работната позиција за која се конкурира, работно искуство.

Во Agile Pro Solutions еден од нашите студенти веќе е унапреден на сениорска позиција. Како се грижите за унапредување на кариерата на вработените?
Нашата компанија секогаш се труди да го препознае квалитетот и потенцијалот на нашите вработени и соодветно на нивните способности да им овозможи соодветно надградување, како во однос на хиерархијата, така и во стручната подготовка. Господинот Ѓуровски е еден од примерите за таквиот однос на AGILE PRO SOLUTIONS кон своите вработени.
Дали мислите дека ваков тип на партнерства помагаат во креирање на позитивно влијание на индустријата и како?
Апсолутно. Кога сериозни компании како нашата имаат можност да дојдат до квалитетно едуцирани кадри, подготвени брзо да започнат со продуктивна работа, тоа е win win комбинација од која бенефит имаат и компаниите, вие и секако вашите студенти.
Која е вашата порака до компаниите кои сé уште не се дел од нашата мрежа на партнери?
Да станат дел од вашата мрежа. Се исплати, на повеќе нивоа.
За крај, кое е вашето мислење за импактот кој го имаат ваков тип на партнерства врз намалување на невработеноста и зголемување на задоволството од работното место?
Генерирате соодветни кадри. Ние ги апсорбираме и сме задоволни од нив. Тие имаат добри примања и одлични услови за работа. Сé е поврзано едно со друго, а фактите и бројките зборуваат доволно сами за себе. Лесно може да се види со соодветно образование какви плати се заработуваат и на какви работни позиции се вработуваат.
Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете партнер на Brainster, посетете ја Partnerships платформата или контактирајте нѐ на [email protected]
Бидeте дел од иднината и соработувајте со Brainster преку платформата за вработување и иновирање!
