Запознај ја Александра Ставреска – алумни студент на Академијата за Software Testing, којa се одлучи да направи кариерна трансформација во полето на Software Testing.

По комплетирање на програмата, тaa ја започна својата кариера како Freelance Software Tester во компанијата Endeavour.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Александра за нејзиното искуство

 

Здраво Александра, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделила за останатите? 

Успехот секогаш започнува со инспирација. За себеси можам да кажам дека сум една истрајна личност со јасно зацртани цели. Работам во средина каде што нема професионална надградба, па затоа по долга кариера како професор во средно училиште, решив да направам промена на професионално ниво и да започнам да се занимавам со Software Testing, каде постојано и безрезервно се инвестира во стекнување на нови знаења.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Ги разгледував сите академии и програми, и конечно се одлучив за Академијата за Software Testing на Brainster. Предизвик ми беше почетокот, додека да се адаптирам на интензивниот наплив на информации. Бидејќи часовите беа одлично структурирани, со доволно време за практични вежби, лесно се справив со оваа тешкотија. Ова беше за мене еден голем предизвик, којшто ми ја овозможи саканата промена дури и порано од очекуванато. Одлично искуство проследено со несебична поддршка и знаење од менторите, како и голема посветеност. 

 

Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Академијата е наменета за луѓе со и без претходно искуство, некои работи мене ми беа лесни за разбирање и едноставни, а некои беа сосема нови каде што требаше поголема посветеност. Имаше континуирана интеракција меѓу инструкторите, асистентите и студентите, што за мене е голем плус. Работата на реални проекти, а секако тука спаѓа и Хакатонот каде што максимално бев посветена ми донесе едно големо искуство посебно во мануелното тестирање.

Секако морам да го споменам и освоеното прво место на Хакатонот кој ми даде мотив за уште поголема посветеност до крајот на целата Академија каде што следеше уште потешкиот дел, а тоа е автоматското тестирање. Бидејќи програмата е и за почетници, повеќе се фокусиравме на мануелно тестирање, но има изрека: За добар автоматски тестер треба да си одличен мануелен тестер“.

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Endeavour. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

Endeavour е компанијата која главно е фокусирана на креирање стратегии за раст и развој на компаниите во дигиталниот свет, дисперзирани во различни индустрии и различни сфери на делување. Суштината на компанијата е да обезбеди комплетен производ на едно место, од програмирање, тестирање, продукт менаџмент, дизајн и маркетинг на истиот.

Ориентирана е на европскиот пазар со акцент на балтичките земји. Релативно млада компанија која целта не ѝ е само во создавање финансиски резултати, туку и раст и развој на самите вработени и клиенти во регионите во кои работи. Дел сум од QA тимот одговорна за анализа и обезбедување на квалитетот на зададените тестови, потврда дека се исполнуваат стандардите поставени од компанијата и клиентот за дадениот проект.

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Секој ден во досегашното работно искуство како QA tester е исполнет со различни предизвици. Самата флексибилност во оваа сфера е една од работите којашто ме привлече, бидејќи работата ми е на freelance позиција и ми дозволува да ја имам слободата да работам и од дома и да можам да ја искористам креативноста на највисоко ниво.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

Мојата порака за секој оној кој не е исполнет на своето работно место, е да се охрабри и да го направи првиот чекор. Предизвикувајте се и учете нови работи, само така вистински ќе се пронајдете.



Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!



Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.