Со нетрпение ги очекуваме сите проекти на кои ќе работиме заедно

Brainster има нов партнер за реални проекти, една од најстарите и најфреквентните здравствени институции во државата, Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, позната на јавноста како Градска Болница. 

Болницата минатата година го прослави својот јубилеј на 60 години постоење. На годишно ниво во оваа болница се прават повеќе од 150.000 прегледи и повеќе од 4.000 хируршки интервенции, а овој податок доволно кажува колкав број на луѓе поминуваат низ нивните врати секојдневно.  Дополнително, таа е и место на кое се врши едукација на студенти по медицина и специјализанти.

Во оваа блог објава, го имавме задоволството да си поразговараме со Стефан Арсенков – доктор во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, кој ни раскажа повеќе за приказната на клиниката и партнерството со Brainster, како и за проектите на студентите кои ги изработија изминатиов период.

„Со нетрпение ги очекуваме сите проекти на кои ќе работиме заедно. На сите оние кои сѐ уште не се решиле дали да воспостават партнерство за соработка, можам да им порачам дека со сигурност ќе го добијат решението кое им е потребно, и тоа ќе биде направено со исклучителна посветеност и професионализам кој ретко се среќава на друго место.” – Стефан Арсенков, Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски

 

Во продолжение, прочитајте повеќе што ни раскажа Стефан Арсенков од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“

 

 

Здраво Стефан, ти си доктор во една од најпознатите и најфреквентните здравствени институции во државата. Кажи ни нешто повеќе за вас, вашиот историјат и вашата работа?

Здраво! Нашата клиника „Св. Наум Охридски“, позната и како Градска Болница, минатата година го прослави јубилејот 60 години постоење, а тоа значи дека е една од најстарите здравствени институции во државата. Во целиот тој период клиниката функционира како хируршка болница, првенствено во состав на Градската Општа Болница, а потоа и како самостојна институција. На годишно ниво во нашата болница се прават повеќе од 150.000 прегледи и повеќе од 4.000 хируршки интервенции, и мислам дека тоа доволно кажува колкав број на луѓе поминуваат низ нашите врати секојдневно.

Во последните неколку години се започна со еден вид на обнова на клиниката, како од градежен и инфраструктурен аспект, преку набавка на нова и современа опрема, до конечно (ре)дефинирање на визуелниот идентитет на клиниката, како своевиден бренд.

 

Многу ни е мило што изминатиов период соработувавме, студентите од две академии на Brainster работеа на вашите продукти и тоа на значајни проекти кои вклучуваат ребрендирање на клиниката. Kако би го опишале вашето искуство од соработката со академиите на Brainster?

На наше огромно задоволство, успеавме да оствариме соработка, која нам ни значи од повеќе аспекти. Прво, добивме исклучително квалитетен производ, односно резултат на нашата соработка, кој со гордост ќе го користиме. Второ, соработката со академиите на Brainster ни значи и од едукативниот аспект. Сепак, нашата болница е Универзитетска клиника, и како таква е место на кое се врши едукација на студенти по медицина и специјализанти, нешто со што особено се гордееме. Чест ни беше што можевме да бидеме и дел од едукацијата на студентите на Brainster.

Соработката беше едно прекрасно искуство за сите нас. Јас лично, бев назначен како лице за комуникација со Brainster, и можам да кажам дека навистина ми беше задоволство да комуницирам и соработувам со млади и напредни луѓе кои навистина си ја познаваат работата. Навистина се надевам дека ќе имаме шанса да го повториме искуството. А, за тоа колку беше ефикасна соработката, мислам дека резултатите доволно говорат за тоа што беше постигнато.

 

Каква вредност донесе за вас она што го сработија студентите на академиите за графички дизајн и UX/UI дизајн и дали нивните решенија ги исполнија вашите очекувања?

Она што сакавме да се постигне со ребрендирањето на клиниката, мислам дека веќе го зема својот замав, иако имаме уште неколку чекори за целосно да го постигнеме ефектот. Конечно имаме нешто што е лесно препознатливо, јасно ја пренесува нашата мисија и цел, а изгледа модерно и квалитетно – нешто кон што ние постојано се стремиме. 

Очекувањата беа целосно исполнети (и надминати), до тој степен што имавме доста тешка работа да одбереме победничко решение и за двата проекти, па моравме да дебатраме до последен момент за тоа што сакаме да го одбереме.

 

Што е она што според вас ја прави соработката со Brainster уникатна?

Претходно го спомнав едукативниот аспект, и мислам дека тоа е тоа што ја прави оваа соработка посебна. Секој кој работи има бројни клиенти, во нашиот случај многу пациенти, но секогаш посебен труд и посебно внимание се вложува на првиот клиент/случај. Тоа што вашите студенти се соочуваат со реални проекти и решаваат реални потреби и проблеми, е нешто што го спојува најдоброто од двете страни. Од едната страна имаме целосна посветеност, а од другата страна има нешто што е многу повеќе од „обична“ дипломска теза. Наместо да биде неколку страни на одредена полица во домот, која ретко се отвора, она што студентите го сработија секојдневно ќе биде консумирано од страна на бројните клиенти, односно пациенти, во нашата установа.

 

Соработката со Brainster продолжува, што би им препорачале на другите институции и компании кои сѐ уште немаат воспоставено партнерство за реализација на реални проекти?

Со нетрпение ги очекуваме сите проекти на кои ќе работиме заедно. На влезот во нашата болница веќе имаме креирано табла со сите пријатели на клиниката, односно компании и поединци кои допринеле за подобрување на условите за третман на пациентите со потпомагање на нашата работа. На таа табла на наше големо задоволство стои и името на Brainster, како еден од нашите големи пријатели. На сите оние кои сѐ уште не се решиле дали да воспостават партнерство за соработка, можам да им порачам дека со сигурност ќе го добијат решението кое им е потребно, и тоа ќе биде направено со исклучителна посветеност и професионализам кој ретко се среќава на друго место.



Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете партнер на Brainster, посетете ја Partnerships платформата или контактирајте нѐ на [email protected]

Бидeте дел од иднината и соработувајте со Brainster преку платформата за вработување и иновирање!



Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.