Запознај го Михајло Арсоски – алумни студент од Академијата за Software Testing, кој направи кариерна промена и започна да работи на практикантска позиција како Software Tester во Technoperia.
Дополнително, Михајло е и дел од победничкиот пар на Хакатонот за BrainsterLabs, каде студентите имаа 48 часа да испорачаат решение.
Си поразговаравме со Михајло за неговото кариерно патувањe
Здраво Михајло, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво, јас сум Михајло Арсоски од Скопје. Професионален кошаркар и студент на Aкадемијата за Software Testing. Уште од мал ме интересираше IT сферата и секогаш бев љубопитен да научам нешто повеќе околу тој свет, па така се одлучив на овој чекор за да се запишам во Brainster и да направам кариерна промена.
Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Благодарам за честитките. Пред сѐ, едно одлично искуство, имав можност во текот на целата Академија да ги совладам сите потребни и важни техники за еден добар софтвер тестер. Голема благодарност до сите инструктори кои одлично ни го пренесоа своето знаење.
Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
Покрај одлично спроведените часови од страна на инструкторите, морам да кажам дека мене највеќе ми помогнаа домашните задачи и времето коешто го вложив во учење и повторување на материјалот надвор од часовите. Се разбира и хакатонот како едно одлично искуство.
Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Technoperia. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.
Бев повикан на интервју, на кое го претставив моето знаење стекнато за време на Академијата и техниките потребни за тестирање. По кое добив позитивен одговор и веќе наредната недела започнав да работам како Software Tester. Многу сум благодарен на пружената шанса и доверба којашто не се ни сомневам дека ќе ја оправдам.
Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?
Прво денот мора да почне со едно добро кафе. Скоро секој ден од неделата одам порано во канцеларија и започнувам со прегледување на меилови и на тикети. Работното време ми почнува со Daily Stand Up на кој кажуваме сите што имаме сработено и на што ќе работиме. Во зависност од тоа дали сум назначен од девелоперите за тестирање, си го организирам времето на тестирање или на создавање на нови тест кејсови и тест планови. Работам во еден одличен тим со одлични луѓе пред сѐ, кои на почетокот ми помагаа за сѐ што ми беше потребно за што побрзо да се приклучам во работата.
Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?
Моментално работам на мануелно тестирање на веб страниците, имам сесии за catch up на API и Automation enviroments на кои би се приклучил за брзо време, со оглед на тоа што имам добро познавање на истите
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?
Ви благодарам! Би сакал и јас да се заблагодарам на целиот тим од Brainster. Пред сѐ, сите што би сакале да започнат кариера како софтвер тестер, прво нешто што би им препорачал е да започнат да се образоваат и развиваат на Академијата за Software Testing на Brainster, како и да го вложат своето слободно време во дополнително совладување на материјалот и тестинг техниките.
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
