Како AI влијае на tech индустријата, во која насока се движи пазарот за Full-stack и Front-end девелопери и кои се најпопуларните tech трендови?

Дознај го одговорот на ова прашање без разлика дали веќе работиш како девелопер или планираш да ја започнеш својата кариера во оваа област, ова предавање ќе те позиционира еден чекор пред конкуренцијата.

Магдалена Силјаноска Спинола е дипломиран софтверски инженер со повеќе од 6 години искуство, која работи во компанијата The Remote Company, а воедно е и инструктор на Академијата за Full-Stack програмирање.

 

Во продолжение, најважните работи кои ги научивме на предавањето:

 

  • Кои се најпопуларните tech трендови?

IoT (Internet of things), 5G, Blockchain и вештачка интелигенција.

 

  • Што претставува IoT?

Internet of things (IoT) ги вклучува сите предмети кои ги користиме секојдневно и кои се поврзани на интернет. Тие имаат меѓусебна комуникација со цел размена на податоци. Тука се вклучени паметни домашни уреди, паметни часовници, паметни телефони итн..

 

  • Што е 5G?

5G е мрежа која нуди огромна брзина на интернет и размена на податоци со мала латентност односно доцнење. Оваа мрежа има потенцијал во иднина да влијае и врз цели индустрии.

 

  • Што означува Blockchain?

Тоа е синџир од поврзани компјутери во кои внесувањето нови податоци мора да е одобрено од сите компјутери (корисници), односно да се согласат сите за автентичноста на тие податоци, за да можат истите да бидат валидни. Оваа технологија е со висока безбедност, па затоа криптовалутите ја користат токму оваа технологија. Исто така ,научивме дека Blockchain, не е Bit Coin. 🙂 

 

  • Што подразбира AI (вештачка интелигенција)? 

Оваа технологија подразбира оспособување на компјутерите да можат да мислат и учат исто како и луѓето. Оваа технологија стана многу популарна во изминатата година и многу луѓе стравуваат дека ќе им ја одземе работата. Сепак, ова не е нова технологија и луѓето веќе ја користат, а најверојатно не се ни свесни дека ја користат. Неколку примери за вештачка интелегенција се: 

  • Google translate
  • Siri, Google Assistant, Alexa
  • Google Ads
  • ChatGPT
  • Tesla Autopilot

 

  • Моќта на AI и нејзиното влијание врз tech индустријата

Оваа технологија може да помогне во работата на програмерите во:

  • Помош при пишување код
  • Поефикасно пишување код
  • Помала веројатност за појава на грешки во кодот
  • Статистика и анализа за користењето на апликациите

 

  • Иднината на пазарот за девелопери

Работата на Front-end и Full-stack девелоперите е поголема од кадарот на девелопери кои можат да ја завршат таа работа. Побарувачката за девелопери ќе се зголемува поради растот на самата индустрија, и поради зголемувањето на поврзаноста на оваа индустрија со останатите индустрии.

Оттука, растот и зголемените потреби за нови решенија ќе креираат побарувачка и потреба од повеќе професионалци кои ќе работат во оваа област. Дополнително, AI нема да ја замени работата на девелоперите бидеќи самата технологија е креирана од девелопери, и истата мора да биде одржувана за да може да функционира.

 

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Full-Stack програмирање и Академијата за Front-End програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!