На Академијата за Project & Product Management теоријата се среќава со праксата, а студентите тргнуваат на трансформативно патување за учење.

Со таа цел, тие имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент и да креираат Project Management Plan за клиентот Абилити.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на тимот составен од членовите: Љупка Зафировиќ, Матеа Шошкиќ и Александра Јорева Михајловски.

 

Во продолжение си поразговаравме со студентите од Академијата за Project & Product Management за искуството на овој реален проект

 

 

Здраво тим! Вие сте дел од Академијата за Project & Product Management и бевте дел од реалниот проект за Абилити. Раскажете ни нешто повеќе за себе! 

Матеа: Јас сум Матеа, работам freelance како предавач по англиски јазик на мали дечиња. Отсекогаш сум сакала предизвици, кои ќе ме натераат да испробам нешто ново и воедно никогаш да не престанам да се надградувам со знаење и вештини. Креативноста сметам дека ми е јака страна, како и комуникација и соработката со луѓе. Тоа си го потврдив со работата на овој проект. Воедно и создадов нови пријателства за кои сум многу благодарна.

Александра: Здраво! Јас сум Александра, имам работно искуство во комерција, финансии, планирање и тек на пари, а во моментов работам во Централен регистар во одделението за маркетинг и односи со јавност (советник со медиуми и грижа за корисници). Во моментов работам на проект како дел од проектен тим, иако не е прв проект успешно завршен и ставен на продукција, секогаш сакам нешто плус и континуирано надградување на своето знаење и усовршувањето на моите skills. Академијата за  Project & Product Management ја гледав како одлична прилика за усовршување на моите знаења и практики како проектен менаџер. Воедно и стекнувањето на новите пријателства е бесценето.

Љупка: Здраво! Јас сум Љупка. Како личност сакам предизвици, сакам постојано да учам, да комуницирам со луѓе, да читам книги и да се надградувам. По професија сум дипломиран економист од областа на финансискиот менаџмент, па можеби повторно соочување со менаџментот ми дојде некако природно, но сега од друга перспектива. И морам да признаам во многу подобра атмосфера. Предавањата на Академијата се така организирани што навистина уживаме во секој нов час. Менторите се непосредни, професионалци во своето знаење и несебични во споделување на истото. Се приврзуваш за групата и Академијата, и ненаметливо ти станува дел од животот.

 

Што беше вашата задача, односно кои беа барањата на клиентот и целите што требаше да се исполнат? 

Наша задача беше изработка на e-shop, кој овозможува безбеден и лесен пристап за купување на рачно изработени производи (играчки, едукативни материјали, картички…) кои го поддржуваат развојот на децата со попреченост.

Со креирање на е-shop, ќе се овозможи:

  • полесен пристап на производите до целните групи;
  • можност за проценка на задоволството на купувачите;

 

Е-shop може да привлече многу клиенти, вклучувајќи ги и родителите на децата со попреченост, кои обично се соочуваат со предизвици во наоѓањето на одговарачки играчки. Клиентот постави неколку специфични барања во однос на e-shopot, кои ние преку подготовка на целокупната проектна документација успеавме да ги интегрираме во финалното решение.

 

Какво беше чувството да работите на еден ваков проект?

Навистина беше предизвик да се работи на реален проект, како би можеле да го искористиме веќе наученото практично да го примениме. Нормално и да видиме дали и колку сме научиле од програмата и од вашите и наши инструктори кои беа несебични во пренесување на материјалот и знаењето. 

 

 

Раскажете ни како се одвиваше целиот процес на работа?

Целиот процес беше динамичен, а на периоди и напорен во однос на организирање и планирање на времето, но ние како тим секако уживавме во секоја средба. Работата на процесот беше 90% со собиранки и работење заедно една до друга што би се рекло „рамо до рамо“ со предизивикот што стоеше пред нас. На почетокот секако бевме брифирани од клиентот за проектот. Откако дефиниравме сè се фативме за работа. Иако роковите и времето нè газеа, ние како што спомнав се собиравме со позитивна мисла и енергија.

Како тим, имавме целосна контрола врз процесот на проектот и управувањето со истиот. Ова ни даде можност да ги поставиме целите, да го следиме напредокот и да ја изработиме проектната документација според барањата на клиентот. Додадена вредност во работата на реални проекти е тимската работа и координацијата помеѓу членовите на тимот. Посветеноста и трудот беа препознаени и наградени со тоа што нашиот проект беше избран како победничко решение и највисоко оценет од менторите.

 

Што ве мотивираше да започнете да градите кариера во светот на менаџментот со проекти?

Матеа: Менаџмент со проекти ми изгледаше како неопходно нешто кое сметав дека треба да го научам. Имав слушано од пријатели за академиите и преку ноќ одлучив да се запишам. Секогаш сум спремна и желна за предизвици, нешто што Академијава го носи со себе. Сакав да се научам поефикасно да работам под притисок и да имам повеќе одговорности. Знам дека ќе го искористам максимално знаењето и искуството стекнато од работата на реални проекти. 

Александра: Како што претходно наведов, јас веќе работам на проекти и во улогата на проектен менаџер. Отсекогаш броевите, како и организацијата на ресурси ми биле јака страна, па затоа се чувствувам многу пријатно и исполнето извршувајќи ги секојдневните активности на еден проектен менаџер. Бидејќи живееме во време каде што секојдневно сме преплавени од нови софтвери и методи за зголемување на продуктивност и ефикасност при реализација на даден проект, сметав дека за мене ќе биде многу подобро да го доверам моето време на некоја организација која професионално се занимава и ги следи трендовите за применет Project & Product Management, како и можност за дополнителна работа и заработка. Иако морам да кажам дека досега и делот на Product ме фаќа многу. Морам да наведам дека и покрај сè јас одлучив да се запишам преку ноќ.

Љупка: Стравот од предизвиците. Секогаш има нешто ново да се научи и да се решава. Работата на проекти претставува динамична и предизвикувачка околина. Можеби го знаеш одговорот на проблемот, го имаш решението, но не знаеш како тоа да го формулираш и од каде да почнеш. Токму на академијата сето тоа се искристализира и научив како соработката со различни луѓе од различни  професии може да се срочи во еден тим во кој се гледаат работите од различни перспективи, а, сепак, тоа да биде една успешна приказна. Ги подобрив моите умешности за комуникација, управување со време, проблемски решенија што позитивно влијае на мојот личен и професионален развој. 

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Project & Product Management учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!