Запознај го Јоанис Папаконстантину – врвен економист и менаџмент професионалец, а воедно и нашиот нов инструктор на Академијата за лидерство и менаџмент кој ќе го предава модулот за “People Leadership“.

Воодушевен сум од нивото на професионализам што го доживеав од целиот Brainster тим. Моите очекувања од Академијата се да им помогнам на сите учесници да станат подобрата верзија од себе“, ни сподели тој.

Со повеќе од 30 години професионално искуство, Јоанис има богато знаење и практична експертиза кои со нетрпение чека да ги пренесе на идните студенти за време на предавањата.

Неговата кариерна позадина е на C-level позиции повеќе од 20 години, особено во услужниот сектор. Моментално работи како Chief Operating Officer на Newlife IVF Greece. Исто така, е сопственик на компанијата Eudaimonia која има за цел да ги опреми адолесцентите и младите до 25 годишна возраст со сите потребни алатки за да напредуваат во нивниот живот.

 

Го имавме задоволството да си поразговараме со Јоанис за неговото приклучување во тимот на инструктори на Академијата за лидерство и менаџмент

 

Добредојде Јоанис, горди сме што те имаме во тимот. Раскажи ни ја приказната позади оваа соработка со Brainster и Академијата за лидерство и менаџмент?

Ме контактираа двајца мои поранешни студенти и по детална дискусија со нив бев среќен што ќе бидам дел од овој амбициозен проект.

 

Раскажи ни нешто повеќе за модулот што ќе го предаваш? Што ќе имаат можност да научат студентите и да го применат во својата работа?

Ќе го предавам модулот “People Leadership“. Тоа е она што треба да се направи со највредниот ресурс за создавање вредност во која било организација. Главната работа што треба да се научи е дека кога ве нарекуваат лидер, мора да им помогнете на другите да напредуваат и да се развиваат.

 

Кои се твоите очекувања од Академијата за лидерство и менаџмент и приклучување кон тимот?

До сега, воодушевен сум од нивото на професионализам што го доживеав од целиот Brainster тим. Моите очекувања од Академијата се да им помогнам на сите учесници да станат подобрата верзија од себе.

 

Сподели ни повеќе за твојата професионална позадина.

Имам долга бизнис кариера на C-level позиции повеќе од 20 години, особено во услужниот сектор. Бев 10 години генерален менаџер на  Helexpo S.A.- најголемиот организатор на изложби и конгреси во Грција, а моментално сум Chief Operating Officer на Newlife IVF Greece. Исто така, јас сум сопственик на компанијата Eudaimonia која има за цел да ги опреми адолесцентите и младите до 25 годишна возраст со сите потребни алатки за да напредуваат во нивниот живот.

 

Што претставуваше твојот најголем предизвик за време на твоето долгогодишно искуство и што сметаш дека се променило од пред една декада досега?

Мојот најголем предизвик беше обидот да ја сменам културата на една компанија со која раководев од Clan Culture (премногу пријателска) во компанија фокусирана на бизнис и иновации. Но, сепак со почитување на пријателската средина. 

Мислам дека најголемата промена во последната деценија се однесува на ставовите на луѓето кон животот и работата. На моја возраст, треба да се прилагодиме на новите генерации кои носат сосема нова перспектива во светот на бизнисот и да го извлечеме најдоброто од тоа.

 

Што за тебе претставува успех и кои се работите кои ги сметаш за твое најголемо достигнување?

Се сметам себеси за успешен кога правам одреден вработен да се развие до тој степен за коj никогаш не сонувал дека ќе го достигне. Морам да нагласам дека освен мојата деловна позадина, бев благословен да предавам на врвниот универзитет во Обединетото Кралство за нивната ExecMBA програма повеќе од 20 години. Моите најголеми достигнувања се коментарите од студентите што ги имав пред 15 или дури 25 години, кои ми кажуваат дека Јас им го променив животот.

 

Што сакаш да правиш кога не работиш?

Сакам да одам на опера и во театар, како и да уживам во друштво на луѓето што ми значат. Уште повеќе, сакам да посетувам уметнички изложби.

 

И за крај, кој би бил твојот совет за идните студенти на Академијата за лидерство и менаџмент и оние коишто можеби сѐ уште размислуваат?

Студентите започнуваат патување кое ќе биде исклучително предизвикувачко, но и ќе вроди со плод, и убеден сум дека ќе уживаат во секој дел од него бидејќи ќе биде искуство за паметење. Со оглед на квалитетот на инструкторите на програмата (се исклучувам од оваа група) лесно можам да кажам дека оние кои сè уште размислуваат не треба да се двоумат и да се приклучат на Академијата.

 

Закажи информативен разговор со нашиот Student Admission Team за повеќе детали за Академијата.

Новата Академија за лидерство и менаџмент (Executive Academy for Leadership & Management) на Brainster, која ќе обезбеди можност за практично усовршување и доквалификација на учесниците преку стекнување на најважни вештини во областа на лидерство и менаџмент во ИТ и бизнис-секторите, се развива во соработка со Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост-ИМЕ.

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.