Запознај ја Милена Јаневска – алумни студент на Академијата за човечки ресурси, која сака постојано да учи нови работи, а воедно и направи комплетна кариерна трансформација.

По нејзиното комплетирање на програмата, Милена започна да ја гради својата кариера како Recruitment Specialist во HR тимот на Brainster.

 

Си поразговаравме со Милена за нејзиното кариерно патување

 

Здраво Милена, ние од Академијата за човечки ресурси те познаваме, но што би споделила со останатите?

Здраво! Јас сум Милена, имам 24 години и сум магистер од областа на кривично право. Отсекогаш низ животот ме водела идејата за правда, па така уште од моите студентски денови сум активистка за човекови права, родова еднаквост и жртви на семејно насилство. Човечките ресурси се моето ново поле на истражување и вложување, промената ја правам затоа што увидов дека барем моментално не можам да бидам продуктивна во системската и институционалната (не) функционалност.

Сметам дека промените се прават на микро ниво, па така одлучив да се испробам во приватниот сектор и да придонесам за позитивни промени на организациско ниво, па така од неодамна сум дел од тимот на Бреинстер.

 

Пред сѐ, честитки за истрајноста и новата работа. Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е self-paced, постојано се работи во тимови и треба да изработите многу задачи и студии на случај. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место? 

Секој успех и достигнување зависи од нас самите. Тоа што беше потребно да го направам е само да одлучам дали јас се гледам себеси како дел од оваа индустрија. Откако одлучив, успехот сам се трасираше. Сметам дека проактивноста што ја покажав низ целата Академија, како и засебниот (индивидиуализиран) пристап кон секоја проблематика од HR. Инструкторите се коректни и достапни секогаш, програмата е интензивна и некогаш ми беше тешко да сум постојано во тек, но со добар time management се постигнува. Сè што треба е да бидеме постојано љубопитни.

 

Ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини во Brainster на позицијата Recruitment Specialist. Каква е работната атмосфера во тимот?

Работната атмосфера е пријатна, како за почеток добив одличен менторски пристап и голема поддршка од страна на колегите со кои работам. Моите знаења и вештини секојдневно ги надградувам и секако дека ќе продолжам со истото темпо. Само преку личен развој може да се постигне и професионалниот.

 

Како изгледа еден твој работен ден?

Мојот работен ден досега ниту еднаш не беше ист и тоа е она што мене ми се допаѓа. Утрото ми започнува со турско кафе и со проверка во календарот на активностите кои претстојат во текот на денот. Правам план што ми е приоритетно да завршам во почетокот на денот, иако често се возможни инцидентни промени во агендата. Јас сум личност која е лесно прилагодлива, па немам проблем со постоење на „фиксен“ распоред. Бреинстер има компаниска култура на флексибилни работни часови и хибриден workspace, секој ден е со различна динамика и во различна работна атмосфера.

Мојата позиција е таква што подразбира комуникација со колегите на дневно ниво, а бидејќи сè уште ми трае првиот месец, паралелно се одвива и onboarding процесот, којшто вклучува тековно запознавање со компаниската култура и идеологија, организациската структура и воведување во работните обврски.

 

Што те мотивираше да продолжиш со HR кариерата како Recruitment Specialist и што те привлекува најмногу кај оваа позиција?  

HR индустријата игра важна улога во современите и модерни организации. Традиционалниот пристап дека човечките ресурси се административниот – „кадрово“ сектор е одамна напуштен во современи и растечки компании. Она што мене ме привлече за јас да продолжам во оваа индустрија е тоа што сметам дека придонесот на професионалците за човечки ресурси е од стратешка улога за растот и развојот на една компанија.

Мојата позиција конкретно како регрутер е доста важен сегмент од целокупната улога на HR, затоа што со добра регрутерска стратегија, регрутерот индиректно ја создава компаниската култура и луѓето кои се дел од неа. Мојот придонес во привлекувањето и задржувањето на вистинските луѓе кои имаат исти вредносни системи како Бреинстер е клучно за компанијата да продолжи да ги реализира своите цели и принципи.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новата работна позиција. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат човечки ресурси?

Ви благодарам. Како што делумно открив и во одговорот на претходното прашање, HR индустријата допрва ќе се развива како стратешки партнер во компаниите и побарувачката за професионалци во човечки ресурси ќе биде голема.

Она што би сакала да го потенцирам е дека индустријата за човечки ресурси е разновидна област која главно се фокусира на управување и оптимизирање на работната сила во организациите, но опфаќа различни улоги, функции, па не е точно дека само оние кои сакаат и знаат да работат со луѓе се вистинскиот профил. Има позиции кои опфаќаат минимална интеракција со луѓе, затоа мој совет е пред да се промени кариерата потребно е убаво да се истражи што сѐ опфаќа индустријата за човечки ресурси. А, дека се може from scratch – може, само е потребна волја и истрајност.

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за човечки ресурси учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.