Како што полето на Front-End програмирање продолжува да се развива, неговото значење при обликувањето на дигиталните искуства за бизнисите, бележи голем пораст.

Знаејќи го фактот дека 94% од првиот впечаток на еден корисник се базира на искуството што го има со одредена веб-страница или апликација, front-end програмерите стануваат дел од секоја компанија, а нивната побарувачка продолжува да расте на глобално ниво. 

Со таа цел, го создадовме блог серијалот „Мојата Front-End кариера“ за да ги раскажеме инспиративните приказни на нашите rockstars студенти кои ги надградија своите знаења и вештини, и создадоа успешна Front-End кариера.

Од нивните почетоци до победничките проекти и предизвици, тие ни ги откриваат тајните зад нивниот успех и споделуваат вредни сознанија за своите уникатни пристапи.

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Павел Петрушевски – алумни студент на Академијата за Front-End програмирање, кој покажа најдобри перформанси за време на предавањата и се вработи како Front-End Developer во компанијата Melon, part of Kin + Carta, а воедно е и дел од инструкторскиот тим на Академијата за Front-End програмирање, пренесувајќи го стекнатото искуство и знаење на нови студенти што особено го радува и исполнува.

 

Во продолжение, тој ни раскажа повеќе за неговото Front-End патување

 

Здраво! За почеток, да се навратиме на твоите студентски денови на Академијата. Дали можеш да ни споделиш како ги балансираше твоите академски и вон-наставни обврски и кои методи ги користеше за ефективно да управуваш со твоето време?

Позитивна околност во мојот случај беше што додека бев студент на Академијата немав временски ограничувачки работни обврски, така што на некој начин го имав тој „луксуз“, целосно да се посветам на Академијата и на она што претходно си го зададов како цел. Во секој случај, добри организациски способности и континуирана посветеност за цело време на Академијата се формула која на крајот ќе ги даде посакуваните резултати. 

 

Како остануваше мотивиран и посветен, особено кога се соочуваше со тешка задача или предизвик? Дали постојат специфични навики или техники што ти помогнаа да го задржиш својот фокус и мотив?

Моето искуство ми покажа дека поставувањето сам себе на објективно достижни цели се најдобар и константен мотиватор. Сметам дека тие успони и падови во мотивацијата и фокусот се сосема нормални и очекувани, а неретко комплексна задача или предизвик може да биде причина за демотивација. Како и сѐ друго, справувањето со нив е нешто што се учи и со тек на време и искуство се совладува. Работи кои секогаш ми помагаат во оваа насока се најпрвин во целост да разберам кои се барањата на задачата и трансформирање на комплексните и обемни проблеми во неколу помали полесно совладливи.

 

Можеш ли да ни раскажеш за одреден период кога се имаш соочено со значаен предизвик во професијата/кариерата и го имаш надминато? Што научи од тоа искуство?

Не би можел да издвојам конкретен предизвик од проста причина што секој ден се соочувам со предизвици од различна природа, дали тоа ќе биде некој специфичен проблем, дали нова непозната технологија, несигурност и слично. Но, важен е начинот на кој пристапуваме кон таквите предизвици. Сѐ уште не сум сретнал проблем кој останал нерешен, така што позитивен, дури и welcoming пристап кон овие ситуации е картата која води кон успех и полесно соочување со истите.  

 

Зад тебе се многу проекти во полето на програмирање. Дали имаш некој омилен кој би го издвоил и која беше твојата улога во тој проект? Сподели ни повеќе за резултатите од тој проект, и што научи од искуството?

Ја имав таа прилика, а би рекол и среќа, еден од првите проекти на кои подолг период професионално бев ангажиран да биде комплексен и обемен продукт за светски позната компанија, каде работев на front-end делот заедно со мои драги колеги од кои исклучително многу научив, а и ден денес учам. Тоа беше прво мое среќавање со проект од тој калибар, особено предизвикувачки, а воедно и беше искуство кое ме научи на поинаков пристап кон секојдневните предизвици и позитивен став кон она што ми е непознато. 

 

На Академијата за Front-End прогамирање постојано работевте во тим на реални проекти за реални клиенти кои ја даваат „сликата“ за работа во реална средина. Можеш ли да го опишеш твоето искуство со работа во тимско опкружување?

Ценам дека способноста на еден девелопер активно и ефективно да соработува заедно со повеќе луѓе кон иста заедничка цел е една од најкорисните вештини кои може да ги поседува. Тимската колаборација е веќе мое секојдневие, но и генерално во оваа индустрија е неизбежна, така што искуството што студентите имаат прилика да го стекнат и тоа како ќе им овозможи одлична основа на она што ги очекува во текот на професионалната кариера.

 

На кој начин остануваш во тек со случувањата во твоето поле на интереси? Дали има одредени ресурси или организации што ги следиш и како тие влијаат на твоето учење и професионален раст?

Се работи за особено жива материја во која буквално на неделна основа се случуваат промени и новитети, така што тој ентузијазам за постојано учење, порив да се биде во тек оди некако рака под рака со самата професија. Во денешно време ја имаме таа среќа да ни се на располагање безброј квалитетни извори на информации, од поткасти, канали, блогови и ред други работи како би останале во тек со сѐ она што се случува на ова поле. Исто така, би спомнал дека неретко се организираат и собири и конференции од типот на BeerJS, DevCon итн. кои се одлична прилика од прва рака да слушнете нешто ново, а воедно и да се дружите со луѓе од индустријата.

 

Што би ги советувал сите оние коишто сакаат да ја градат својата кариера во полето на Front-End програмирање? Некои tips & tricks кои ќе им го олеснат учењето и совладувањето на материјата?

Едноставно би им посакал никогаш да не го изгубат ентузијазмот кој се гради уште од самиот почеток од Академијата. Воопшто не е лесно и не постојат скратени патеки, само многу посветеност и работа, но на крајот сето тоа и тоа како се исплати. Самата програма е обемна, секоја наредна тема се надоврзува на претходната, така што би советувал за цело време да се остане во тек, да не се прескокнуваат чекори и да се исполнува сѐ она што се задава како задача.

 

Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за Front-End програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!