Запознај го Виктор Иваноски – алумни студент од Академијата за Software Testing кој по 8 години работење во авијација се реши да направи комплетна кариерна трансформација.
По комплетирањето на програмата, како резултат на неговата дисциплина и одговорност, Виктор ја започна својата кариера како Software Tester во компанијата Pabau.
Си поразговаравме со Виктор за неговото кариерно патувањe
Здраво Виктор, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво јас сум Виктор Иваноски од Скопје. За себеси можам да кажам дека сум дисциплинирана и одговорна личност. После 8 години работење во авијација се одлучив за кариерна промена и мило ми е што таа промена ја започнав на Академијата за Software Testing на Brainster.
Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Благодарам на честитките. Академијата дефинитивно ги исполни моите очекувања, меѓутоа е многу динамична и навистина треба да се посвети внимание, поготово за оние кои почнуваат без некое посебно искуство и знаење, и поради потребата на познавање посебни алатки и методи. Академијaта ја дава основата за Software Testing, меѓутоа поради брзиот развој на IT-индустријата потребно е постојано надградување.
Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
Би рекол дека е потребна самоиницијатива, труд и желба. По природа сум личност која најдобро учи кога работам на релен проект или пракса, активностите и задачите кои беа дел од Академијата дефинитивно беа најдобриот начин да се стекнеш со мало искуство. Совладувње на теорија, исто така беше од големо значење кое ми даде самодоверба и основа во потрага по работа како Software Tester.
Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Pabau. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.
Ја добив можноста да ги усовршам моите вештини во Pabau – Clinical Management Software, компaнија која има брз раст и тукушто го прошири својот пазар и во САД, а веќе е добро поставена во Европа и ширум светот.
Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?
Мојата работна позиција е Software Tester, а денот го започнувам со кафе. Она што следи потоа е дневен и краток состанок каде што најчесто ја распределуваме работата помеѓу тимот и кој за што ќе биде задолжен тој ден.
Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?
Една цел, а тоа е систем кој е целосно функционален за клиентите преку различни принципи и техники на детектирање проблеми. Тестирање, креирање тест сценарија и пишување „bug“ репорти се само дел од дневните задолженија за кои најчесто користам Jira.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?
Мојата порака би била секој кој сака нов предизвик и да ја започне својата кариера да го стори тоа што поскоро, секоја нова промена носи нови предизвици, но и можности.
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!