Brainster билтен: Новости од заедницата / Јануари 2023

Happy February! ☃️
Новата година донесе нов ентузијазам за следните 365 дена. Уште во првиот месец од годината, повеќето од нас донесоа новогодишни одлуки со кои сакаме да предизвикаме позитивни промени во својот живот.
Без разлика што ни носи новата година, важно е да работиме на својот личен раст и развој, професионално да се надградуваме, континуирано да учиме и да се гордееме со себе кога ќе заврши годината.
Новостите од месец јануари се однесуваат на: подобрувањето на искуството на нашите студенти, најважните моменти од 2022 година, трендовите што ќе ја одбележат 2023 година и многу кариерни трансформации.
- Успешни Brainster приказни
Програмата што ти овозможува вработување е програмата што функционира. Во повеќето домашни и интернационални компании, 40 од нашите студенти направија значаен кариерен раст и развој. Главната цел на тимот за ко-иновации и вработување на Brainster е овозможување на кариерна трансформација и професионален развој на нашите студенти. Прочитај ги инспиративните приказни на нашите студенти!
- 48-часовен предизвик на Академијата за Човечки Ресурси
Студентите од Академијата за Човечки Ресурси, со здружени сили и знаења работеа 48 часа на Хакатон и успеаја да ги совладаат сите предизвици. Реалниот проект на којшто се работеше беше за компанијата Bellina, а студентите имаа задача да креираат организациска структура со соодветни работни позиции и описи на работните места. Дознај повеќе!
- Креативно решение за Infinity Travel
Студентите на Академијата за UX/UI дизајн постојано работат на реални проекти за реални клиенти кои стануваат дел од нивното портфолио. Еден од предизвиците со кој тие се соочија беше изработката на целосниот UX/UI дизајн за веб страницата на туристичката агенција Infinity Travel. Дознај повеќе!
- Победничко решение од Хакатонот за FIFA World Cup 2022
Со цел да го подобриме искуството на студентите, организиравме 48 часовен Хакатон којшто претставуваше cross-academy соработка и ги сплоти знаењата и вештините на студентите од Академијата за дигитален маркетинг и Академијата за графички дизајн. Идејата беше да се создадат и промовираат редизајни на фудбалските дресови од страна на нашите студенти наменети за FIFA World Cup 2022. Дознај повеќе!
- Креативно решение за Marinov Design
Студентите од Академијата за графички дизајн имаа задача да работат на реален проект за реален клиент и да ги искористат сите знаења и вештини во пракса. Под менторство на инструкторот Александар Нофитоски тие креираа визуелен идентитет за клиентот Marinov Design. Дознај повеќе!
- Трендови кои не треба да ги игнорираме во 2023
Го креиравме блог серијалот „Трендови 2023“ за да ги претставиме трендовите што ќе заземат фокус во наредните месеци и ќе имаат големо влијание во светот на:
- Дигиталниот маркетинг
- Менаџментот со проекти и продукти
- Менаџментот на човечки ресурси
- Software Testing
- Најважните моменти на Академиите во 2022 година
Во првиот месец оваа година, ги споделивме најважните моменти кои се случуваа изминатиот период. Дознајте повеќе за:
- Академијата за дигитален маркетинг – Highlights 2022
- Академијата за UX/UI дизајн – Highlights 2022
- Академијата за човечки ресурси – Highlights 2022
- Академијата за Data Science – Highlights 2022
- Академијата за Project & Product менаџмент – Highlights 2022
- Академијата за графички дизајн – Highlights 2022
- Академијата за Software Testing – Highlights 2022
- Академијата за Front-End програмирање – Highlights 2022
- Академијата за Full-Stack програмирање – Highlights 2022
- Зошто дизајнерите не треба да се плашат од AI?!
Дали креативноста на вештачката интелигенција (AI) може да ја замени човековата креативност? Доколку не успеа да го следиш бесплатното предавање со Небојша Гелевски – Бане, наш инструктор на Академијата за графички дизајн и да го дознаеш одговорот, ти ги пренесуваме одговорите на најчесто поставуваните прашања.
- 10 вообичаени грешки во UX/UI дизајн
Целта на секој UX/UI дизајнер е да создаде беспрекорно и интуитивно искуство за корисниците. Дознај повеќе за 10-те вообичаени грешки кои се прават при креирање на UX/UI дизајн и како истите можеш да ги избегнеш.
- Запознај го тимот на Brainster!
Го создадовме блог серијалот „We are Brainster“ за да ги претставиме членовите на нашиот тим кои постојано се грижат за поквалитетна едукација и подобро искуството на студентите. Дознај повеќе што ни раскажаа:
- Маријана Богданоска – Student Experience Coordinator во Student Success тимот на Brainster
- Благица Смилкова – Student Experience Specialist во Student Success тимот на Brainster
- Студентите од Академијата на графички дизајн во посета на печатница ПроПоинт
Со цел да го подобриме искуството на студентите на Академијата за графички дизајн, организиравме посета на печатница. Заедно со Ана Тодoровска – инструктор на нашата Академија, студентите имаа можност да ја посетат печатницата ПроПоинт и да се запознаат со нејзиниот начин на работа. Дознај повеќе!
- Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец
Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
До следниот месец!
Тимот на Brainster ❤️