Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 10 моменти што се случија на нашата Академија за Front-End програмирање во 2022 година:

 

  • Запишани повеќе од 190 студенти, оформени 7 групи 

Оваа година на Академијата за Front-End програмирање се запишаа повеќе од 190 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и да ги надградат своите знаења и вештини. Студентите напорно работеа и се трудеа навремено да ги завршат сите предизвици и продуктивно да го искористат времето за лансирање на нова кариера! Им посакавме среќа и лесен почеток на студентите од групите 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12 на Академијата за Front-End програмирање.

 


 

  • Се запознавме со новите студенти на Opening Networking настани и ги доделувавме сертификатите

Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите од групите 9, 10, 11 и 12 на Академијата за Front-End програмирање. Студентите имаа можност да ги запознаат инструкторите, да дознаат повеќе за програмата и модулите кои ќе се изучуваат, како и да слушнат за искуствата на нашите алумни студенти и нивните успешни приказни! Исто така, ги доделивме и сертификатите на групите 4 и 5 коишто ја комплетираа програмата.

 

 

  • Успешно завршени реални проекти за реални клиенти

Како задолжителен дел од програмата на Академијата за Front-End програмирање е работата на различни предизвици и реални проекти. Изминатата година, студентите имаа можност да работат на повеќе креативни реални проекти за реални клиенти, како за време на предавањата, така и за време на Хакатоните. Студентите работеа на: 

 

 

  • Посветеноста и трудот секогаш се исплатат!

Ги раскажавме приказните на: Катерина Кимоска, Зоран Карапеев, Димитар Ковачки, Александар Саров, Ѓорѓе Ќиров, Анета Димоска, Ема Симоска, Мартин Пецаковски, Владимир Момироски кои по завршувањето на нашата програма за Front-End програмирање ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Програмирањето нѐ учи да размислуваме поинаку

„Што е она што се случува во мозокот на програмерите и дали функционира поразлично од оние кои не се? Зошто се вели дека програмирањето нѐ учи да размислуваме поинаку?“ Анета Димоска е Front-End developer во тимот на Brainster, а воедно алумни студент од Академијата за Front-End програмирање, која ни го сподели своето размислување на тема „Како програмирањето влијае на работата на мозокот?“

 


 

  • Реалните проекти кои ги изработивме на Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање

Совладувањето на потребните вештини за Front-End или Full-Stack програмирање е процес на континуирано учење за кој е потребна голема посветеност и вложен максимален труд. Во оваа блог објава, ќе ти доловиме што сѐ ќе направиш за 1 година учејќи  Front-End програмирање или Full-Stack програмирање во Brainster. Дознај повеќе!

 


 

  • 7 најпопуларни книги за програмирање

Дигиталната трансформација на секојдневното живеење е неизбежна, а ИТ светот нуди најперспективни и најплатени кариери со сигурна иднина. Во оваа блог објава, имаш можност да се запознаеш со Front-End & Full-Stack програмирање и да ги прошириш своите знаења од оваа област. Дознај повеќе!

 

 

  • Front-End програмирање – перспективна кариера со сигурна иднина

Дали знаешe дека на глобалната мрежа постојат над 1.8 милијарди веб-страници или пак дека веб развојот е една од најрастечките технологии за 2022 година? Front-End програмерите имаат една одговорност – да се осигураат дека посетителите на веб-страниците можат лесно да комуницираат со страницата. Од таа причина, тие стануваат дел од секоја компанија, а нивната побарувачка продолжува да расте на глобално ниво. Дознај повеќе!

 


 

  • Збогатување на инструкторски тим 

Секој од нашите инструктори е експерт во својата област со долгогодишно работно искуство, па со голема чест ви ги претставувавме новите инструктори на Академијата за Front-End програмирање: Ахмет Адем (алумни студент), Емилија Јанакиевска, Филип Илиевски, Јована Божиновска и Иван Јасенов.

 


 

  • Воведување на бонус модул за Freelance

Изработивме видео курс „Фриленсерство и веб девелопментг – Како до кариера како фриленсер“ со поддршка на Impact Фондација. Остваривме соработка со искусен професионалец од областа – Наташа Анастасова, која преку серија видео лекции им споделува на студентите од оваа академија повеќе за своето искуство, насоки, научени лекции од нејзината неколкугодишна кариера како фриленсер.



Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за Front-End програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!