Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 10 моменти што се случија на нашата Академија за Data Science во 2022 година:
- Запишани повеќе од 95 студенти, оформени 4 групи
Оваа година на Академијата за Data Science се запишаа повеќе од 95 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и да ги надградат своите знаења и вештини. Студентите напорно работат и се трудат навремено да ги завршат сите предизвици и продуктивно да го искористат времето за лансирање на нова кариера! Им посакавме добредојде на групите 8, 9, 10 и 11 на Академијата за Data Science.
- Се запознавме со новите студенти на Opening Networking настани
Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите од групите 10 и 11 на Академијата за Data Science. Студентите имаа можност да ги запознаат инструкторите, да дознаат повеќе за програмата и модулите кои ќе се изучуваат, како и да слушнат за искуствата на нашите алумни студенти и нивните успешни приказни!
- Првиот Хакатон на Академијата за Data Science
Со цел да го доближиме искуството на студентите до реалното искуство во работна средина, организиравме хакатон на Академијата за Data Science. Задачата беше по модулот математика и статистика, каде требаше да се изработи анализа и статистички модел за ефикасност на лекови и помошни сценарија поврзани со медицината. Дознај повеќе!
- Успешно завршени проекти
Како задолжителен дел од програмата на Академијата за Data Science е работата на различни предизвици и реални проекти. Изминатата година, студентите имаа можност да работат на повеќе креативни реални проекти за реални клиенти, како за време на предавањата, така и за време на Хакатоните. Исто така, студентите работеа на своите завршни проекти:
- Peer-2-Peer сесии со студентите за поттик на меѓусебна соработка
Од сите студенти на Академиите се трудиме да го извлечеме максималниот потенцијал и да ги поттикнеме покрај индивидуални вештини да развијат и дух на тимски играчи. На Академијата за Data Science воведовме и Peer-2-Peer сесии каде што студентите меѓусебно си помагаат и си споделуваат материјали и дискусии. Обично на овие сесии работат на некои домашни задачи, можеби некои case studies или пак дискусии околу поминатите теми од Академијата. За дополнително подобрување на искуството воведовме и алумни и кариерни сесии, коишто досега се покажаа како многу корисни за студентите.
- Посветеноста и трудот секогаш се исплатат!
Ги раскажавме приказните на: Петар Урџанов, Елена Суџуковиќ, Катерина Димевска и Катерина Маркоска кои по завршувањето на нашата програма за data science ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- Што сè можеш да работиш ако знаеш Data Science?
Data Science се занимава со процеси кои ги извлекуваат информациите од податоците. Спој на математика, статистика и компјутерски науки, со цел да се анализираат големи количини на податоци кои ќе овозможат подобро донесување на одлуки. Целта на Data Science е да им овозможи на организациите да донесат подобри одлуки за тоа како и каде да ги распределуваат своите ресурси. Дознај повеќе!
- Најпопуларните книги за Data Science
Најдобрите и најпосветените Data научници имаат една заедничка работа: постојано ги следат трендовите и ги развиваат своите вештини. Без разлика дали си ентузијаст кој има страст кон data science или си експерт којшто сака да го прошири своето знаење, постојат многу книги кои можеш да ги прочиташ, а се во рамките на твојот интерес. Дознај повеќе!
- Data Science – професија со многу кариерни можности
Како што податоците ја обликуваат иднината, побарувачката за сет на вештини за Data Science се проширува, што значи дека овие вештините ќе продолжат да бидат едни од најбараните и во иднина. Дознај повеќе!
- Одржани 4 бесплатни онлајн вебинари
Што во основа претставува Data Science и зошто достигна толкав раст на пазарот? Дознај зошто оваа професија е една од најбараните на пазарот на труд, каква е моменталната побарувачка, проекции за иднина и дали оваа професија е вистинската кариера за тебе. Дознај повеќе за:
- Детектирање на невистинити информации со AI
- Дали Data Science е кариерата за тебе?
- Детекција на изрази на лица и емоции со помош на AI
- Introduction to Python for Data Science and AI
Доколку сакаш да си дел од Data Science заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.
На Академијата за Data Science учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!