Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 11 моменти што се случија на нашата Академија за Project & Product менаџмент во 2022 година:
- Запишани повеќе од 70 студенти, оформени 3 групи
Оваа година на Академијата за Project & Product менаџмент се запишаа повеќе од 70 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и да ги надградат своите знаења и вештини. Студентите напорно работеа и се трудеа навремено да ги завршат сите предизвици и продуктивно да го искористат времето за лансирање на нова кариера! Им посакавме среќа и лесен почеток на студентите од групите 3, 4 и 5 на Академијата за Project & Product менаџмент.
- Се запознавме со новите студенти на Opening Networking настани и ги доделувавме сертификатите
Во нашите простории се одржа Opening Networking настан, каде што се запознавме со студентите од групите 4 и 5 на Академијата за Project & Product менаџмент. Студентите имаа можност да ги запознаат инструкторите, да дознаат повеќе за програмата и модулите кои ќе се изучуваат, како и да слушнат за искуствата на нашите алумни студенти и нивните успешни приказни! Исто така, ги доделивме и сертификатите на првата група којашто ја комплетираше програмата.
- Одржани финални презентации и доделување на сертификатите на втората група
На 30 ноември, во нашите простории се одржаа финалните презентации, доделувањата на сертификатите и networking настан за студентите од група 2 на Академијата за Project & Product Management.
- Се одржа најголемиот Brainster хакатон!
Повеќе од 125 учесници, поделени во 10 тимови, работеа напорно во нашите канцеларии и имаа една цел – за 48 часа да достават свои решенија за клиентот Redi Recycling. Со аплаузи, поддршка, многу позитивна енергија и смеа, студентите од 10 групи од Академијата за дигитален маркетинг, Академијата за графички дизајн, Академијата за UX/UI дизајн & Академијата за Project & Product менаџмент, ги презентираа финалните решенија и со тоа успешно се затвори најголемиот хакатон! Дознај повеќе!
- Посветеноста и трудот секогаш се исплатат!
По само 2 месеци од почетокот на првата група на Академијата за Project & Product менаџмент, Никола Ѓуровски се вработи како проектен менаџер во американската компанија Agile Pro Solutions. Дознај повеќе!
- Најгледани Brainster вебинари за Project & Product Management
Проектните и продукт менаџерите се скриените херои на модерните компании. Скоро сите значајни нови иницијативи во секоја организација започнуваат како проекти. Во овој блог претставени се најпопуларните Brainster вебинари преку кои ќе се информираш повеќе за кариерните можности кои ги нуди светот на менаџментот на проекти и продукти, што е потребно за почеток на кариера во оваа сфера, а исто така ќе дознеш и кои се потребните вештини за да се биде успешен проектен или продукт менаџер. Дознај повеќе!
- Академијата за Project & Product Management #одблизу
Го создадовме блог серијалот „Одблизу“ со цел да ви ги претставиме: моделот на флексибилно учење, проектите кои ги работат студентите, модулите кои се изучуваат, како и инструкторите кои предаваат на нашите Академии. Прочитајте повеќе за:
- Збогатување на инструкторски тим
Секој од нашите инструктори е експерт во својата област со долгогодишно работно искуство, па со голема чест ви ги претставувавме новите инструктори на Академијата за Project & Product менаџмент:
- Tips & Tricks од инструкторите на Академијата за Project & Product Management
Го создадовме блог серијалот „Brainster инструкторите советуваат“ за да ви ги претставиме инструкторите на нашите Академии и нивните совети за полесно совладување на програмата. Дознај повеќе што порачаа:
- Што сè можеш да работиш ако знаеш Project & Product Management?
Управувањето со проекти и продукти е едно од најкомплексните полиња за работа денес, а побарувачката на Project & Product менаџмент професионалци постојано бележи раст на глобално ниво. Подготви се за вистинска авантура на која никогаш нема да ти биде здодевно. Во оваа професија нема простор за несериозност и недоговорност. Дознај повеќе!
- Најпопуларните книги за Project & Product Management
Полето на проектен и продукт менаџмент постојано се менува, а тоа го прави една од најкомплексните и најинтересните области за работа. Факт е дека сите успешни бизниси зависат од квалитетот на нивните продукти и проекти, па затоа во оваа професија нема простор за луѓе коишто не се иновативни и енергични. Дознај повеќе!
Доколку сакаш да си дел од Project & Product Management заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.
На Академијата за Project & Product Management учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!