6 трендови во менаџментот на човечки ресурси кои не треба да ги игнорираме во 2023 година

2022 година беше вистински предизвик за менаџерите на човечки ресурси. Предизвикот ќе продолжи и во 2023 година, затоа што точно никој не може да каже што ќе ни донесе годината што следува. 

Иако предизвиците ќе продолжат и понатаму, она на што можеме да се потпреме се трендовите во менаџментот на човечки ресурси што ќе заземат фокус во наредните месеци и ќе имаат големо влијание во HR светот.

 

Во продолжение, дознај кои се топ 6 трендови во полето на менаџмент на човечки ресурси за 2023 година.

 

1. Користење на AI алатки и автоматизација 

Неодамна, на Интернетот се појави алатката за вештачка интелигенција наречена ChatGPT и светот не престанува да зборува за неа. Оваа алатка ги воодушевува луѓето со својата способност да дава детални информации и решенија за неколку секунди на едноставни барања. Исто така, многу компании веќе започнаа да ја користат вештачката интелигенција во својот менаџмент на човечки ресурси при извршување на нивните секојдневни задачи кои бараат човечки напор преку автоматизација на задачите и добивање на увид во перформансите.

 

2. Искуството на вработените е од витално значење

Еден од трендовите за човечки ресурси за оваа година e како да се подобри искуството на вработените и да се вклучи финансиска, физичка и ментална поддршка. Работодавците мораат да го направат искуството на вработените приоритет и да се погрижат нивните вработени да имаат сè што им е потребно за да се справат со нивните обврски и да бидат среќни и безбедни. 

 

3. Континуирано учење

Овој тренд можеме да го сметаме за еден од најновите трендови за човечки ресурси. За време на карантинот, многу луѓе најдоа време и се посветија на учење. Знаењето води кон лично и професионално усовршување, што е и предност за компаниите. Еден од главните трендови за човечки ресурси во 2023 година, исто така, е континуираното учење. Организациите ќе инвестираат во него, обезбедувајќи им на вработените нови вештини, развој на веќе постоечките и поголеми шанси да достигнат повисоки нивоа. Затоа повеќето компании се одлучуваат за создавање е-библиотеки, онлајн работилници и курсеви.

 

4. Флексибилност за сите вработени

Флексибилноста на работното место ја опфаќа идејата дека вработените можат да бидат продуктивни без разлика каде и кога ја извршуваат својата работа. Неопходна е флексибилноста во работниот модел бидејќи вработените го сакаат изборот да можат да работат од каде било и во било кое време. Флексибилната работна средина има многу придобивки. Таа им помага на вработените да постигнат поголема рамнотежа помеѓу својот личен и професионален живот, што доведува до зголемено задоволство и подобрен морал.

 

5. Фокус кон задржување на вработените

Еден од најголемите трендови во HR светот е фокусот кон задржување на вработените. Денес, компаниите се сè повеќе загрижени за губењето на нивните врвни таленти и препознаваат дека е поисплатливо да инвестираат во задржување на постојните вработени отколку постојано да регрутираат и обучуваат нови.

 

6. Организација која се заснова на знаења и вештини

Организацијата заснована на знаења и вештини не е само фундаментална промена на парадигмата за управување со таленти, туку го менува и начинот на кој се организира работата во организациите. Овој пристап им овозможува на организациите засновани на вештини да постигнат поголема агилност бидејќи можат брзо да ги насочат и прераспределат талентите за да одговорат на промените во реално време.

 

Трендовите во менаџментот на човечки ресурси постојано се менуваат. Најважно е да бидеш флексибилен и да не даваш отпор на промените ако сакаш да се истакнеш и да имаш резултати. Без разлика за кои од горенаведените трендови ќе се одлучиш, најважно е на прво место да е потенцијалниот корисник.

На крајот на денот, важно е да се запамети дека сите активности што ќе ги спроведеш треба да имаат цел да помогнат на твоите потенцијални клиенти.

 

 

Доколку сакаш да си дел од HR заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за Човечки Ресурси учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!