Дигиталниот маркетинг се соочи со безброј промени и предизвици во текот на изминатите месеци, а клиентите секогаш сакаат и очекуваат бизнисите да им обезбедат персонализирано и уникатно искуство на сите канали.

Со почетокот на новата година, многу бизниси веќе започнаа да работат на своите планови за дигитален маркетинг во 2023 година, со цел да ги максимизираат нивните резултати и влијание.

Иако предизвиците ќе продолжат и понатаму, она на што можеме да се потпреме се трендовите во дигиталниот маркетинг што ќе заземат фокус во наредните месеци и ќе имаат големо влијание во светот на дигиталниот маркетинг.

 

Во продолжение, дознај кои се топ 8 трендови во дигиталниот маркетинг за 2023 година.



  • AI алатки

Неодамна, на Интернетот се појави алатката за вештачка интелигенција наречена ChatGPT и светот не престанува да зборува за неа. Оваа алатка ги воодушевува луѓето со својата способност да креира детална содржина за неколку секунди на едноставни барања. Овој тренд предизвика луѓето да се запрашаат дали вештачката интелигенција ќе замени одредени професии, а дел од нив е и дигиталниот маркетинг. Но, колку и да звучи застрашувачки, AI алатките не се замена за дигиталните маркетери, туку напротив, тие можат да бидат од голема корист при истражување, образложување и генерирање на идеи при градење на маркетинг стратегиите во 2023 година.

 

  • Chatbot технологија

Популарноста на четботвите и нивната имплементација станува сѐ поголема последниов период. Тие станаа покорисни за маркетерите, а како такви, станаа уште еден извор на инвестиции. Придобивката од нив е тоа што им помагаат на бизнисите, без разлика на големината, да одговорат на прашањата и да стапат во интеракција со клиентите на кои им е потребна помош надвор од работното време. Многу веб-страници ги вклучуваат четботовите во нивниот бизнис, а тие станаа најбрзо растечкиот канал за комуникација на одредени брендови.

 

  • Креирање на оригинална содржина

Создавањето на дигитална содржина којашто нуди вистина, искреност, хуманост, хумор, па дури и ранливост, е она што сите го бараме во нашите меѓучовечки односи и еден од најдобрите начини да се изгради доверба и лојалност кон брендовите во 2023 година. Потрошувачите сакаат потсетници дека луѓето кои стојат зад брендовите минуваат низ нивните искуства како нив, во истиот свет. Тие сакаат да ја усогласат личноста со брендот пред да направат некоја акција.

 

  • Кратки едукативни видеа

Доколку си сопственик на свој бизнис или пак имаш сопствен бренд, твојата обврска е да бидеш експерт во својата област. А најдобриот начин е да ги покажеш своите знаења и вештини со објавување на кратки и едукативни видеа на социјалните мрежи. Овој тип на видеа се зголемија последниве неколку години, благодарение на платформите TikTok, Snapchat & Instagram. За бизнисите е од огромна важност да останат релевантни на каналите и форматите кои ги користат потенцијалните клиенти.

 

  • Livestreaming  

Брендовите и оваа година ќе продолжат да инвестираат во YouTube, Instagram & TikTok и ќе ја искористат моќта на видео содржините за да стапат во интеракција со потрошувачите во 2023 година. Видеото останува и оваа година најпопуларен медиум за раскажување на приказни. Но, пренесувањето во живо брзо добива на внимание и им овозможува на брендовите да градат долгорочни и поблиски односи со својата публика, а дополнително и да поттикнат поголема доверба. Преносите во живо ги прикажуваат аспектите „behind the scenes“ на бизнисите и нудат повеќе персонализирани интеракции.

 

  • Поткасти

Дури 26% од креаторите на содржина користат поткастинг за да допрат до својата публика, додека 26% од организациите користат поткасти за да ја дистрибуираат својата содржина. Поткастите им помагаат на бизнисите да допрат до огромен број на публика, а притоа да создадат оригинални и привлечни содржини, што слушателите лесно ќе може да ги следат или преземаат.

 

  • Маркетинг со инфлуенсери

Маркетингот со инфлуенсери еволуираше последниве години. Денес, големината на глобалниот пазар на инфлуенсери се проценува на 16,4 милијарди долари. Станува збор за соработка со личности кои имаат големо влијание на социјалните мрежи. Но, не секој што има голем број на следбеници е инфлуенсер. При изборот на партнерство со инфлуенсер, важно е бизнисите да се фокусираат на значајните KPIs, а не да се потпираат на бројот на следбеници.

 

  • Партнерства со креатори на содржина

Оваа  година ќе гледаме повеќе креатори на содржина наспроти инфлуенсери. Креаторите на содржина се фокусирани на создавање оригинална содржина и имаат цел да го споделуваат своето знаење. Работата и склучувањето на партнерства со креаторите на содржини, може да биде од огромна корист за брендовите бидејќи станува збор за висококвалитетна работа и едукативна и уникатна содржина.

 

Трендовите во дигиталниот маркетинг постојано се менуваат. Најважно е да бидеш флексибилен и да не даваш отпор на промените ако сакаш да се истакнеш и да имаш резултати. Без разлика за кои од горенаведените трендови ќе се одлучиш, најважно е да го имаш корисникот во фокусот на секоја кампања. 

На крајот на денот, важно е да се запамети дека сите маркетинг активности што ќе ги спроведеш треба да имаат цел да помогнат на твоите потенцијални клиенти.

 

 

Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!