Software Testing индустријата доживеа брз раст во текот на изминатата година, поттикната од континуираното појавување на нови методологии, алатки и практики за тестирање. Но, исто така, се соочи и со огромен број на предизвици.

Денес, во ера на дигиталната трансформација, организациите мора да се погрижат да ги тестираат своите софтверски производи со цел да ги задоволат потребите на потрошувачите и успешно да ги лансираат на пазарот.

Иако предизвиците продолжуваат и понатаму, она на што можат да се потпрат компаниите се трендовите во софтверското тестирање што ќе заземат фокус во наредните месеци и ќе имаат големо влијание во светот на Software Testing.

 

Во продолжение, дознај кои се топ 5 трендови во полето на Software Testing за 2023 година.

 

1. Користење на AI за тестирање

Вештачката интелигенција се потпира на машинското учење и е од клучно значење за software testing поради способноста да собира податоци и да учи со текот на времето. AI може да ги намали репетитивните задачи во процесот на тестирање на софтверот и да го поедностави животниот циклус за развој на еден софтвер. Со напредни алгоритми за машинско учење, AI системот учи од минатите егзекуции, соодветно птимизира test cases и може да генерира подобри податоци, извештаи и test cases.

 

2. Agile & DevOps

На технологијата секогаш и e потребна брза промена на барањата и извонредна брзина. Agile е најприфатливиот начин кој може да се спротистави на барањата кои брзо се менуваат, а DevOps е начин како да се постигнат најдобрите перформанси. Од изминатата година наваму, можеме да видиме поголема популарност на овој клучен метод за постигнување на брзина и квалитет заедно при тестирањето.

 

3. Автоматско тестирање без скрипти

Автоматското тестирање без скрипти користи софтвер за извршување на тестови без пишување на конкретни скрипти. Општо земено, автоматското тестирање без скрипти функционира така што снима како корисниците комуницираат со одреден софтвер или веб-сајт и потоа репродуцира слично однесување. Автоматското тестирање без скрипти е корисно бидејќи бара минимален напор за поставување и може да се користи дури и од членовите на тимот кои имаат минимално техничко знаење.

 

4. Автоматизација за мобилни тестови

Трендот на развој на мобилни апликации продолжува да расте бидејќи мобилните уреди се сè поспособни. За целосна поддршка на DevOps, автоматизацијата на мобилните тестови мора да биде дел од синџирот на алатки DevOps. Меѓутоа, сегашното искористување на автоматизацијата за мобилни тестови е многу ниско, делумно поради недостатокот на методи и алатки. Трендот на автоматското тестирање за мобилни апликации продолжува да расте. Овој тренд е поттикнат од потребата да се скрати времето за излегување на пазарот и од појавата на понапредните методи и алатки за автоматизација на мобилни тестови.

 

5. Тестирање на сајбер безбедноста

Во најновите трендови во тестирањето на софтверот е вклучено и тестирањето на сајбер безбедноста. Со континуираниот напредок на технологијата и начинот на кој повеќето денешни организации се прилагодуваат на дигиталната трансформација, тестирањето на сајбер безбедноста игра интегрална улога во обезбедувањето на безбедноста на податоците. Целта е да се осигура дека апликациите се безбедни и можат да издржат малициозни напади. 

 

Доколку сакаш да си дел од Software Testing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.