Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.
Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.
Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Маријана Богданоска Student Experience Coordinator во тимот на Student Success на Brainster.
По природа сум личност која сака да се надградува, да учи и да осознава нови работи. Сметам дека ниеден успех не доаѓа преку ноќ, но дека истиот е неизбежен доколку се сака она што се работи и доколку се вложи доволно труд. Она што честопати забораваме да го спомнеме е дека до целта се стигнува уште полесно доколку работиш во тим на луѓе од кои постојано можеш да учиш и со кои имате исти цели и одлична соработка. – вели Маријана
Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.
Здраво Маријана, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?
Здраво и од мене. Тимот на Student Success е воедно и појдовната точка за контакт на студентите, секако откако истите ќе се запишат на избраната академија. Јас сум задолжена конкретно за студентите на академиите за Project & Product Management и Human Resources. Тука сум да го следам нивниот напредок во текот на целата академија, како и да им помогнам истата успешно да ја завршат. Но, позицијата сама по себе опфаќа многу повеќе од комуникација на дневно ниво со студентите и следење на нивниот прогрес.
Она што најмногу ми се допаѓа е постојаната потрага по иновативни пристапи и активности кои носат вредност за нашите студенти. А, за тоа колкаво влијание и значење имаат овие активности за студентите сведочи нивното целокупно задоволство како за време на академијата, така и по нејзиното завршување.
Како изгледа еден типичен ден во животот на Student Experience Coordinator?
И покрај тоа што флексибилноста на компанијата ни дозволува да работиме од каде и да посакаме, сепак преферирам да работам од канцеларија, па така денот најчесто го започнувам со кафе или чај со колегите, по што започнувам со работните обврски.
Дел од утрото секогаш посветувам на одговарање меилови и пораки од студенти, додека пак остатокот од денот е секогаш различен, во зависност од приоритетните таскови за тој ден. Впрочем, различноста на секој работен ден е она што ја прави позицијата на Student Experience Coordinator интересна.
Координацијата со останатите членови од тимот, како и колегите од другите тимови, со кои речиси секојдневно организираме работни средби и состаноци, се исто така во склоп на нашите работни обврски со цел поголемо задоволство на нашите студенти и инструктори.
Што правиш во слободно време, односно надвор од работните обврски?
Со оглед на тоа што поголемиот дел од работното време го минувам седејќи, по завршувањето на работните обврски се трудам да вклучам некоја физичка активност. Вљубеник сум во добра храна и вино, па доста често пребарувам и испробувам нови рецепти, а денот најчесто го завршувам читајќи книга или гледајќи серија.
Многу сакам да патувам, да истражувам нови места и да запознавам нови луѓе, па секоја слободна прилика ја користам за тоа. А, уживам и во времето поминато со мои драги луѓе и семејството.
Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?
Она што најмногу ми го олеснува работењето и балансирањето на приватниот и професионалниот живот е дефинитивно флексибилноста. Можноста да работиме од каде било и самите да си го креираме работниот ден и време е од непроценлива важност за мене.
Исто така, имајќи предвид дека денешното брзо темпо на живот и преголемиот број како работни така и останати обврски многу често знаат да нè доведат до “burnout”, можноста за неограничен број денови одмор е уште еден доказ за тоа колку Brainster се грижи за своите вработени.
За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?
Иако сум релативно кратко време дел од тимот на Brainster, можам да кажам дека имам чувство како да сум тука многу подолго, а тоа се должи на прекрасната енергија и синергија кои владеат кај нас. Чувството на еднаквост, можноста секојдневно да учам од колегите, како и да можам да се потпрам на нив во секое време, дефинитивно ми го олеснуваат секојдневното работење и одењето на работа ми е вистинско задоволство.
Brainster е доказ дека она што секогаш го бараме и велиме дека го има само во странство, дефинитивно постои и кај нас.
Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.
Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.