5 трендови во Project & Product менаџмент кои не треба да ги игнорираме во 2023 година

Не е тајна дека менаџментот на проекти и продукти (особено дигиталните) е поле кое постојано се менува и развива.
Со почетокот на новата година, многу бизниси веќе започнаа да работат на своите планови и стратегии за менаџирање на проектите и продуктите во 2023 година, со цел да ги максимизираат нивните резултати и влијание.
Иако предизвиците продолжуваат и понатаму, она на што можеме да се потпреме се трендовите во менаџментот на проекти и продукти што ќе заземат фокус во наредните месеци и ќе имаат големо влијание во светот на проектите и продуктите.
Во продолжение, дознај кои се топ 5 трендови во полето на Project & Product Management за 2023 година.
- Користење на AI алатки и автоматизација
Неодамна, на Интернетот се појави алатката за вештачка интелигенција наречена ChatGPT и светот не престанува да зборува за неа. Оваа алатка ги воодушевува луѓето со својата способност да дава детални информации и решенија за неколку секунди на едноставни барања. Исто така, многу компании веќе започнаа да ја користат вештачката интелигенција во својот менаџмент на проекти и продукти при извршување на нивните секојдневни задачи кои бараат човечки напор преку автоматизација на задачите и добивање на увид во перформансите.
- Емоционална интелигенција како клучен фактор во работењето
Можеби се прашуваш како способноста за разбирање и препознавање на емоции има улога во успехот на менаџирање на проектите и продуктите? Управувањето со проектите е многу повеќе од дефинирање на роковите и одлучување на буџетот. Менаџерите на проекти и продукти треба да знаат да управуваат и со човечкиот фактор. Неуспехот да се разберат емоциите на членовите на тимот може да доведе до неуспех во работењето.
- Носење на одлуки кои се базираат на податоци
Улогата на податоците во управувањето со продукти и проекти продолжува значително да расте. Податоците се користат за да се разберат потребите на клиентите, да се идентификуваат можностите за подобрување на истите, но и да се измерат перформансите. Менаџерите на проекти и продукт треба да бидат вешти во собирањето, анализирањето и толкувањето на податоците, но и да креираат производи кои ги задоволуваат потребите на своите клиенти и да обезбедат вредност.
- Пораст на далечинското работење
Фундаменталните промени во работата на далечина ќе продолжат и оваа година. Според Buffer, 97% од вработените сакаат да работат на далечина до крајот на нивната кариера. 97% од вработените, исто така, сакаат да го препорачаат на другите моделот на работа од каде било. Оваа статистика покажува колку длабоки се ефектите од пандемијата врз човечкиот живот. Компаниите треба да ги приспособат своите политики за да напредуваат во своите бизниси и во 2023 година. Неопходна е флексибилноста на работниот модел бидејќи вработените го сакаат изборот да можат да работат од каде било и во било кое време.
- Промена на карактеристиките и продуктите врз основа на повратните информации од клиентите
Додека алатките за вештачка интелигенција можат да ги предвидат потребите на корисниците со зголемена точност, повратните информации од клиентите ќе продолжат да играат централна улога во обликувањето на продуктите. Знаејќи што навистина сакаат клиентите и градењето на продукти врз основа на нивните потреби, може да им помогне на компаниите да се истакнат на сѐ позаситениот пазар.
Трендовите во менаџментот на проекти и продукти постојано се менуваат. Најважно е да бидеш флексибилен и да не даваш отпор на промените ако сакаш да се истакнеш и да имаш резултати. Без разлика за кои од горенаведените трендови ќе се одлучиш, најважно е на прво место да е потенцијалниот корисник.
На крајот на денот, важно е да се запамети дека сите активности што ќе ги спроведеш треба да имаат цел да помогнат на твоите потенцијални клиенти.
Доколку сакаш да си дел од Project & Product Management заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.
На Академијата за Project & Product Management учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!