Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 9 моменти што се случија на нашата Академија за човечки ресурси во 2022 година:

 

  • Запишани повеќе од 50 студенти, оформени 2 групи

Оваа година на Академијата за човечки ресурси се запишаа повеќе од 50 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и да ги надградат своите знаења и вештини. Студентите напорно работеа и се трудеа навремено да ги завршат сите предизвици и продуктивно да го искористат времето за лансирање на нова кариера! Им посакавме среќа и лесен почеток на студентите од групите 2 и 3 на Академијата за човечки ресурси.

 

 

  • Се запознавме со новите студенти на Opening Networking настани и ги доделувавме сертификатите

Во нашите простории се одржа Opening Networking настан, каде што се запознавме со студентите од група 3 на Академијата за човечки ресурси. Студентите имаа можност да ги запознаат инструкторите, да дознаат повеќе за програмата и модулите кои ќе се изучуваат, како и да слушнат за искуствата на нашите алумни студенти и нивните успешни приказни! Исто така, ги доделивме и сертификатите на првата група којашто ја комплетираше програмата.

 

 

  • Првиот Хакатон на Академијата за човечки ресурси

Работата на реални проекти за реални клиенти е одлична можност за да се подобрат искуството и вештините на студентите. На Академијата за човечки ресурси се одржа првиот Хакатон организиран од страна на нашиот co-innovation партнер, компанијата Frontwise Group. Овој Хакатон беше наречен Recruit-a-thon, каде студентите работеа нa принцип на sourcing games и имаа задача да одговорат на 12 различни предизвици, за на крајот да ги презентираат своите решенија пред клиентот. Дознај повеќе!

 

 

  • Академијата за човечки ресурси #одблизу

Го создадовме блог серијалот „Одблизу“ со цел да ви ги претставиме: моделот на флексибилно учење, проектите кои ги работат студентите, модулите кои се изучуваат, како и инструкторите кои предаваат на нашите Академии. Прочитајте повеќе за:

 

 

  • Посветеноста и трудот секогаш се исплатат!

Ги раскажавме приказните на: Наташа Мојсовска, Александар Јонузоски, Илинка Стојкова и Тамара Блажевска кои за време или по завршувањето на нашата програма за човечки ресурси ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Што сè можеш да работиш ако знаеш менаџмент на човечки ресурси?

HR професионалците постојано прават напори да ја водат организацијата, како и нејзините вработени кон остварување на целите. Како резултат на тоа, побарувачката на HR професионалци бележи зголемен раст на глобално ниво. Дознај повеќе!

 

 

  • Најпопуларните книги за менаџмент на човечки ресурси

Без разлика дали си ентузијаст кој има страст кон менаџирање со човечки ресурси или си експерт којшто сака да го прошири своето знаење, постојат многу книги кои можеш да ги прочиташ, а се во рамките на твојот интерес. Дознај повеќе!

 

 

  • Одржана Live Q&A сесија Зошто HR е вистинската професија за мене со Викторија и Моника

Кариера во светот на HR звучи интересно, но дали ова е вистинската професија за тебе? Оваа сесија е снимена и посветена на оние кои сакаат да станат HR професионалци. Ќе имаш шанса да слушнеш две приказни од две различни перспективи, кои ќе те насочат кон одговорите кои ти се потребни. Дознај повеќе!

 

 

  • Одржан бесплатен онлајн курс HR на иднината со Моника Костовска

Ова предавање ја претстави глобалната слика на сеопфатноста на HR и поставеноста на секторот во бизнисот, преку примери од познати компании. Зборувавме и за градењето на сопствениот пат на HR кариера и каде тоа може да ја донесе индустријата во годините што следат. Дознај повеќе!

 
 

Доколку сакаш да си дел од HR заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за човечки ресурси учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!