Дел од програмата на Академијата за UX/UI дизајн е постојано работење на реални проекти за реални клиенти, преку кои студентите ги стекнуваат потребните вештини за почеток на нивната кариера во UX/UI светот.
Најновиот предизвик со кој тие се соочија беше изработката на целосен UX/UI дизајн за новата веб страница на Infinity Travel.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Наде Лозанче.
Во продолжение си поразговаравме со Наде од Академијата за UX/UI дизајн за искуството на овој реален проект
Здраво Наде! Ти си една од најактивните студенти на Академијата за UX/UI дизајн, која покажа голема заинтересираност кон UX дизајнот и не ја пропушти можноста да учествуваш на проектите. Претстави ни се накратко!
Здраво, се викам Наде Лозанче, живеам и работам во Битола. И покрај обврските кои ги имам во текот на денот, сепак најдов време и за тоа што отсекогаш сум го сакала, а тоа е веб-дизајнот што ме натера да ја посетувам Академијата за UX/UI дизајн на Бреинстер.
Раскажи ни нешто повеќе за твоето финално решение. Што е идејата зад овој проект и кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат?
Со оглед на тоа што имам студирано на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид и сум дипломиран менаџер за туризам, ова е мое поле на интерес и секако сакав да направам страница која ќе биде функционална каде постоечките и потенцијалните клиенти ќе можат да ја разгледаат комплетната понуда на аранжмани, групни патувања и сѐ она што го нуди агенцијата. Повеќето страници на туристичките агенции се пренатрупани со информации и слики, како и долг “userflow” каде корисникот се чувствува изгубено и не може да се снајде.
Како се одвиваше целата соработка и кои беа барањата од страна на клиентот?
Најпрво беше претставен брифот, а потоа интервјуто со стејкхолдерот каде беа поставени барањата и во која насока треба да се движиме при изработката на страницата.
Од каде ја црпеше инспирацијата за целосен UX/UI дизајн на Infinity Travel?
Преку компетитивната анализа на домашните и странските туристички агенции одредив кои функционалности ги има на конкурентските страници и што треба да содржи нашата страница.
Кои техники, алатки, методи се употребени за овој проект?
Во UX делот направив компетитивна анализа, кориснички персони, user journey, интервју на корисници, каде забележав дека корисниците сакаат лесен и чист дизајн, пребарување по држави каде ќе бидат сместени во поткатегории хотелските и апартманските сместувања. Исто така, User flow-то да биде кратко за да не се загубат во категории и поткатегории. Сакаат страницата да биде редовно апдејтирана, а исто така е добро да има Live chat каде ќе може во реално време да се добијат потребните информации. Во однос на UI дизајнот, решението беше направено во Figma.
Како успеа да се соочиш со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креираш едно функционално решение?
Можам да кажам дека ми претставуваше задоволство да работам на овој реален проект. Ми беше исто така и предизвик, во однос на тоа како би се понудило едно функционално решение односно веб страница каде на корисникот ќе му се овозможи лесен и едноставен пристап до сите информации кои го интересираат.
Што научи од оваа соработка?
На Академијата сите проекти ги работевме во тим, така што ова е мојот прв проект кој самостојно го работев и можам да кажам дека сум презадоволна со оглед на резултатот што мојот проект беше избран како победничко решение.
За крај, како работата на реални проекти влијае врз знаењето и вештините на студентите?
Реалните проекти се вистински предизвик за студентите каде што ќе можат да го применат сето она што го научиле за време на Академијата. Тоа е незаменливо искуство каде во исто време ги надградуваш своите знаења и го збогатуваш своето портфолио со еден целосен реален проект.
Доколку сакаш да си дел од UX/UI дизајн заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.
На Академијата за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!