Со тим кој ти дава безусловна поддршка, сите предизвици се надминуваат

Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.
Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.
Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Благица Смилкова – Student Experience Specialist во Student Success тимот на Brainster.
Како личност која многу се залага за емоционалната интелигенција и се грижи за односите со луѓето, смета дека за успешно одговарање кон обврските на една одговорна позиција, неопходно е да се имаат техники за успешо справување со стресот. Со присутност и разбистрен ум, нема предизвик на којшто не може да му пријдеме и успешно да го надминнеме. А, со тим од луѓе коишто ти даваат безусловна поддршка нема проблем за којшто нема решение.
Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.
Здраво Благица, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?
Може да се каже дека работната позиција на Student experience претставува епицентарот на главните случувања помеѓу Бреинстер и стотици студенти кои секојдневно поминуваат на академиите. На кој начин? Така што ние сме столбот на кој студентите се потпираат од моментот на започнување на одредена академија, па до моментот на нивното завршување со сите предизвици кои во меѓувреме искрснуваат. А, тие може да бидат разновидни: добивање навремени и точни информации за тековните случувања, известувања за претстојни проекти и хакатони, поддршка низ предизвикувачките точки од академијата итн. Јас ги координирам тековните случувања за Академијата за Дигитален Маркетинг и Академијата за Data Science и можам одблиску да го посведочам тој процес на секојдневно учење и заложување што го прават нашите студенти со цел да стигнат до своите зададени академски цели и кариерни аспирации. Тоа за возврат е мотивирачки и за мене, вдахнувајќи ми ја желбата за учење и надградување.
Како изгледа еден типичен ден во животот на Student Experience Specialist?
Убавината за работнава позиција е дека нема нешто како „типичен” ден. Иако понекогаш може работните обврски да бидат типично распределени, но и тогаш динамиката на случувања и фактот што се работи со луѓе на кои во секојдневниот живот можат да им се случат непредвидливи нешта – бара од нас да бидеме спремни да се соочиме и одговориме на секаква ситуација.
Бреинстер нуди флексибилни услови за работа во поглед на работното време и работното место, па така мојот работен ден често знае да започне во домашни услови затоа што сум ранобудна птица по природа и имам прилика да поработам задлабочено на проекти, истражувања, генерирање идеи како прво нешто наутро. А, потоа во пораздвижените периоди од денот да дојдам во канцеларија, каде наидувам на одлична енергија со колегите, на поддршка, консултација за дневните обврски – а неретко да го споделиме оброкот заедно или некое топло чајче и дружба после работните часови.
Што правиш во слободно време, односно надвор од работните обврски?
Имам толку многу хобиња и интереси, толку многу сум љубопитна да испробам и направам сѐ, што понекогаш се прашувам дали ќе постигнам да имам контакт со сѐ што посакувам.
Најглавното и најпрепознатливото хоби за мене е музиката. Музика-музика-музика во секоја смисла и форма на зборот. Свирам повеќе инструменти од кои главно ми е пијаното, а не заостануваат позади ниту гитарата, укулелето и класичната флејта. Во моментов сум заинтересирана за изучување музички софтвер и пишување песни, како и формирање на бенд за пишување авторска музика.
И мојата најнова играчка во последно време е нинтендо конзолата на која играм класични игри кои ме потсетуваат на детството, но и модерни интерактивни игри за повеќе играчи како виртуелни спортови или танцување.
Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?
Бреинстер е модерна, високо-свесна и етична компанија која има увид во личните потреби на вработените и пружа грижа и флексибилност за задоволување на истите.
Мене најмногу ми помага тоа што Бреинстер верува во мене дека совесно и навремено ќе ги завршам работните обврски и го нуди бенефитот за неограниечн број слободни денови во годината. Така, знам дека можам да ги балансирам сите непредвидливи ситуации кои неизбежно ги приредува животот и да не стравувам дека ќе ми биде замерено доколку сум излегла на неколку часови од канцеларија или сум имала потреба да земам 1-2 слободни денови.
За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?
Флексибилното работно време и место, компаниската култура, тимската поддршка, постојаното насочување кон себе-надградување, можности за професионално развивање – се меѓу ретките бенефити кои навистина ретко која компанија ги практикува целосно и секојдневно, а не само на хартија.
Чувствувам дека на кој предизвик и да наидам, на кој проблем и да не му го согледувам во моментот решението, дека можам да се потпрам најпрвин на моите колеги од тимот, на мојата тим лидерка и понатаму на секој еден вработен од компанијата без разлика на сениоритет и работна хиерархија. Поддршката ја чувствувам во тоа што знам дека има решение за сѐ, само треба да ги поставиш вистинските прашања кај вистинските луѓе.
Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.
Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.