❄️ New Year, New Career! ❄️

Без разлика дали ја имате променето својата кариера во 2021 година или сѐ уште размислувате за кариерна трансформација и собирате храброст да го направите тоа во новата година, тука сме да ги поддржиме вашите напори за да си ги остварите соништата.

Spoiler alert: Опсесивната грижа кон нашите студенти резултираше со 22 вработувањa во декември.

Како што почнуваме да кроиме планови за нашите цели во 2022 година, да погледнеме наназад и да се потсетиме на најважните моменти коишто го одбележаа декември.

 

 

  • Brainster – највисоко рангиран образовен центар за 2021 година според 99Schools!

Според независната платформа за рангирање 99schools, Brainster е највисоко рангираниот образовен центар за 2021 година, во конкуренција од 149 формални и неформални образовни центри. 99schools е алатка која има цел да им помогне на студентите да ги достигнат своите кариерни цели и да ги насочи кон високо рангирани едукативни центри кои имаат голем процент на вработени и задоволни студенти. Преку системот на рангирање на сите едукативни центри во земјава, како и анализирање на сите препораки од студентите и алумните, Brainster успеа да ги задоволи очекувањата и барањата на истите оваа година.

 

 

  • Започна новото поглавје на Brainster – Brainster Next колеџ

Brainster влезе и во формалното образование преку новата акредитирана високообразовна институција – Brainster Next College.

Идејата зад овој колеџ е надминување на јазот помеѓу тековното образование и актуелните и идните потреби на пазарот за труд. Brainster Next College нуди додипломски студии во доменот на најдинамичните и најбрзорастечките индустрии – информатичките и дигиталните технологии. Студиските програми се креирани во согласност со глобалните истражувања и проекции за работните места на иднината, а едукативниот процес ќе се одвива според интернационална методологија, преку високо-технолошки и дигитални алатки за примена на стекнатите вештини во текот на учењето. Дознај повеќе!

 

 

  • Водичи за избор на кариера

Ги создадовме водичите кои на идните и сегашните студенти ќе им помогнат при изборот на својата кариера и како полесно да ја лансираат. Прочитајте повеќе и дознајте кои кариерни можности ги имате!

 

 

  • Brainster и A1 Македонија заедно во потрага по таленти

Започна соработката на А1 Македонија и Brainster, која нуди иновативен пристап во процесот на селекција и регрутација на млади таленти. Посетителите на обуките и на академиите на Brainster добиваат уникатна можност да влезат во процесот на селекција и регрутација на А1 Македонија, да ги покажат своите стекнати вештини на практичен начин и сето тоа преку работа на реални проекти. Прочитај повеќе!

 

 

  • Студентите од Академијата за дигитален маркетинг направија SEO за 3DHub

Работата нa реален проект за реален клиент е еден од најинтересните и најкреативните предизвици на Академијата за дигитален маркетинг. За време на овие проекти, студентите го тестираат своето теоретско знаење и имаат можност да ги надградат своите вештини и способности. Во оваа блог објава, ќе ги запознаете Драгутин, Тања, Христијан, Исидора и Ана, едни од најактивните студенти кои не ја пропуштија можноста да учествуваат на проектите и хакатоните кои се во склоп на програмата. Задачата којашто тие требаше да ја изработат беше SEO стратегија за компанијата 3DHub.mk. Прочитај повеќе!

 

 

  • Креирање на визуелен идентитет за Студентски Културен Центар

Во оваа блог објава, ќе ги запознаете Ени, Јасер и Тамара – едни од најактивните студенти на нашата Академија за графички дизајн, а воедно и оние коишто покажаа голема амбиција и посветеност за време на предавањата. Како дел од програмата на Академијата за графички дизајн, студентите имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент. Под менторство на нашиот инструктор – Александар Нофитоски, во склоп на модулот за визуелен идентитет, тие соработуваа со Студентскиот Културен Центар. Прочитај повеќе!

 

 

  • Запознајте ја Академијата за програмирање!

„Одблизу“ е серијал на блогови преку кои ќе можете да ги запознаете Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање – едни од најинтензивните и најпредизвикувачките Академии кои бараат голема посветеност.

Дознајте повеќе за:

 

 

  • Продолжува серијалот „Запознајте ги инструкторите“

Ги претставивме инструкторите кои предаваат на Академиите на Brainster, како и нивните омилени книги, хобија, а исто така и го раскажавме нивното професионално искуство. Прочитајте повеќе и запознајте ги нашите инструктори!

 

 

  • Нови успешни приказни

Ги раскажавме приказните на: Мила, Софија, Андреј, Павел, Марија, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.

 

До следниот месец!

Тимот на Brainster ❤️

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.