Работата на реални проекти за реални клиенти е еден од постулатите на наставната програма на Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање. Преку ваквиот начин на работа, студентите учат како да работат под притисок, да ги почитуваат роковите, да соработуваат со клиентите и да добијат вистинско чувство за она што ги чека понатаму во нивната кариера. 

Свесни за важноста на практичната примена на стекнатото теоретско знаење, но и потребата на студентите да им се овозможи што подобра подготвеност за започнување на кариера во веб програмирање, наставната програма вклучува работа на најмалку три задолжителни реални проекти и учество на 48 часовни хакатони.

Процесот на работа на реални проекти е внимателно осмислен и структуриран на тој начин што опфаќа и елементи од агилната методологија за развој на софтвер, ретроспективни и демо состаноци, тимска работа и поделба на улоги. По одржување на бриф, студентите започнуваат со работа, а целиот процес е менториран од страна на искусни педагози и докажани професионалци во областа. Успешното завршување на проектите за студентите значи збогатување на работното портфолио и причина плус да се гордеат со истото.

Во соработка со центарот за Ко-иновации и вработување на Brainster, како и остварените партнерства со повеќе од 90 компании кои претставуваат партнери за учење, обезбедуваме можност за работа на реални проекти, што го прави искуството од работа на проекти уште поуникатно, пореално и од голема вредност за студентите бидејќи ги подготвува за real-life работа.

Дознајте повеќе што ни споделија студентите за нивното искуство од работата на реалните проекти

Денис Ристовски –  Работата на реални проeкти дава чувство дека решавате реални проблеми и дека работите на реални таскови, како што би имале кога во иднина би се вработиле како девелопери.

Александра Настова – Работата на реални проекти ми помага да се подобрам и да се надградам себеси, како и да се подготвам за предизвиците со кои би се соочила при работа во некоја компанија. Самите проекти се дефинитивно предизвик за мене, ме мотивираат да истражувам и да го демонстрирам стекнатото знаење на дело, а особено мотивирачки е кога ќе завршите некој таков проект успешно во дадена временска рамка. Сметам дека клучот за успех е само во тоа колку студентот е подготвен да се посвети на самата Академија. Секако тука се инструкторите, кои буквално во секое време ни се на располагање за дополнителни консултации, а нивната професионалност и стручност е дополнителен мотивирачки фактор за мене.

Даниела Дамјаноска – Проектите кои ги работиме во рамки на Академијата за Front-End програмирање претставуваат важен сегмент со помош на кој ние како студенти учиме како да се изградиме себеси како идни front-end девелопери кои ќе можат успешно да се справат со предизвиците кои ги носи работата на реални проекти. Проектот кој во моментов го работиме ни овозможува да го усовршиме стекнатото знаење за време на предавањата и работилниците, а воедно и нѐ поттикнува да совладаме нови концепти во областа на front-end програмирањето. Притоа, нашите ментори се секогаш достапни за консултација и било какви прашања, а воедно морам да ја истакнам и безрезервната поддршка која ја имаме од страна на нашиот ментор Ристе под чие менторство го работиме тековниот проект, што особено помага за успешно совладување на предизвиците.

Даниела Икономова – Проектите се најголем предизвик за нас студентите. Преку нив имаме можност истовремено да се тестираме колку сме го совладале материјалот и да видиме дали умееме да се организираме за да ги завршиме во дадениот рок. Кај мене работата на проекти поттикна да се прилагодам на работа под притисок и да бидам проактивна.

Игор Тасевски – Работата на проекти ни дава шанса да видиме како изгледа еден реален проект со дадени deadlines. Сакам да истакнам дека агилното работење на истите проекти и неделните meet-ups со инструкторите е од огромна помош бидејќи Brainster нѐ подготвува за работа во реалниот свет. Brainster навистина го вади максимумот од нас и нашето знаење експоненцијално расте со секој час. Времето и енергијата којашто инструкторите ни ја посветуваат е доволна за во текот на Академијата за Full-Stack програмирање ние да можеме самостојно да работиме на проект или пак да бидеме вклучени во тим којшто работи на проект, а најважното е дека голем број од нас немаме претходно искуство ниту пак знаење во програмирањето.

Александар Мелов – Работата на реални проекти е супер можност и еден вид на playground за junior front-end developer. Иако сме соочени со доста предизвици, од големо значење е тоа што имаме можност да го примениме целиот материјал што го имаме изучено за JavaScript досега. Сметам дека најголема придобивка од проектите е тоа што сме мотивирани да размислуваме логично. Имаме извонредни ментори кои нѐ поддржуваат низ целиот процес на учење и работа на проекти. На почеток се сомневав дали ќе можам да го совладам JavaScript, но сега имам доволно самодоверба за да мислам дека можам да направам сè. 

Анета Димоска – Работата на вториот реален проект кој беше поврзан со JavaScript навистина беше голем предизвик за мене. Од една страна имав можност преку проектот да го применам сето знаење коешто го стекнав во текот на овој модул и да согледам како работи една апликација изработена целосно во JavaScript. Од друга страна, проектот содржеше одредени функционалности кои ми беа помалку познати, но тоа уште повеќе ме мотивираше да истражувам и да наоѓам решенија на проблемите.

На Академијата за Full-Stack програмирање и Академијата за Front-End програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!