Во оваа блог објава, ќе ги запознаете Ени, Јасер и Тамара – едни од најактивните студенти на нашата Академија за графички дизајн, а воедно и оние коишто покажаа голема амбиција и посветеност за време на предавањата.

Како дел од програмата на Академијата за графички дизајн, студентите имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент. Под менторство на нашиот инструктор – Александар Нофитоски, во склоп на модулот за визуелен идентитет, тие соработуваа со Студентскиот Културен Центар.

Овој тим имаше задача да го изработи логото и брендингот за СКЦ.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Ени Велјановска, Јасер Идризи и Тамара Прелоговска.

 

 

За задоволството од соработката, клиентот СКЦ ни сподели:

Соработката со Brainster беше повеќе од сѐ што можевме да очекуваме. Одговорна и навремена работа од страна на сите тимови и ментори, постојана комуникација, и најважно од сѐ – желба за работа и голема посветеност од страна на студентите кои се надминаа себе со сѐ што направија. Ни беше чест што соработувавме со сите академии, и моментално сме опремени со маркетинг стратегија, брендинг и веб страна, и тоа подобри од што можевме да замислиме!

 

 

Си поразговаравме со победничкиот тим за нивното искуство на Академијата и работата на нивниот реален проект

 

Здраво тим! Вие сте едни од најактивните студенти на Академијата за графички дизајн, кои покажаа голема заинтересираност кон графичкиот дизајн и не ја пропуштија можноста да учествуваат на проектите. Што би ни кажале за себе?

Ени: Здраво, јас сум Ени Велјановска, екстроверт и визионер со огромна пасија за дизајн.

Јасер: Јас сум Јасер Идризи имам 29 години и живеам во Скопје. За себе можам да кажам дека сум амбициозен и имам голема љубов кон графичкиот дизајн. Сакам предизвици, на тој начин напредувам на секое поле и постојано си поставувам нови цели кои ме водат напред. 

Тамара: Hello! Јас сум Тамара и имам 19 години. Имам голем интерес за дизајнот и поедноставување на работите.

 

 

Како дел од програмата на Академијата за графички дизајн, имавте задача да изработите реален проект за клиентот Универзитетско Студентско Собрание – СКЦ. Како работата на реален проект за реален клиент ви помогна да ги развиете своите вештини? 

Ени: Сметам дека работата на реален проект, за реален клиент беше навистина од суштинско значење за нас. Во текот на целиот процес на овој проект за Студентскиот Културен Центар – СКЦ, почнувајќи од почетниот бриф, па сè до завршување на проектот ние бевме во постојана комуникација со менторот и клиентот. Константно се надополнувавме со идеи, предлози и многу tips and tricks, а тоа и те како влијаеше на развивање и подобрување на нашите вештини и на нас самите како дизајнери. 

 

Раскажете ни повеќе за овој проект и идејата зад него?

Ени: Студентскиот Културен Центар е исклучителна замисла на Универзитетското Студентско Собрание при УКИМ, кое е единственото тело и има право да го застапува гласот на студентите на УКИМ. Креирањето на ваков Студентски Културен Центар кој ќе биде единствен во државата, пред сè, ќе биде наменет за своевидно собиралиште и простор во кој сите студенти ќе можат да учат, да имплементираат сопствени проекти, идеи и предавања, како и за организирање на настани кои би вклучувале изложби, филм проекции, забави итн. Главната идеја на овој проект беше да креираме визуелно решение, односно преку дизјнот да го доближиме овој простор до студентите, а воедно да биде урбано, привлечно и кул место кое ќе го посетуваат сите студенти.

 

 

Како се одвиваше целиот процес? Која беше целта што требаше да ја постигнете? 

Јасер: Целта беше да се направи целосен визуелен идентитет за СКЦ. Тоа подразбираше лого, темплејти за social media постови и дизајн за ѕидовите од просторијата на СКЦ. Првенствено секој студент требаше да претстави целосен дизајн за СКЦ, со што клиентот требаше да го одбере најдобриот дизајн, а на крај бевме одбрани јас, Ени и Тамара. Јас за логото, додека Ени и Тамара за social media постови и ѕидовите. На крајот, заеднички дојдовме до финален дизајн за целиот брендинг и го финиширавме целиот проект.

 

Кои беа вашите задачи и со кои техники и алатки се служевте? 

Јасер: Задачите беа да одговориме на барањето на клиентот за брендинг на СКЦ. Нивното барање беше да се направи дизајн којшто би ги привлекол студентите и визуелен идентитет кој ќе биде модерен и прифатлив за сите. Од алатки се служевме претежно со Илустратор, а по потреба користевме и Фотошоп.

 

Од каде ја црпевте инспирацијата?

Јасер: Инспирацијата за логото ја добив од второто лого на Applе. Тоа е лого коешто има некој ретро стил и поширока палета на бои. Сакав логото да биде со поголема палета на бои за да се долови урбаниот вајб којшто го претставува СКЦ и исто така да се долови прифатливоста на сите млади умови коишто ќе бидат дел од СКЦ во иднина. 

 

 

Какво беше чувството да работите на еден ваков проект? Како течеше целата соработка? 

Тамара: Низ целиот процес преовладуваше чувство на еуфорија. Ова за нас претставуваше прв реален проект и имавме за цел да ги покажеме сите стекнати вештини. Работењето во тим ни отвори простор за различни мислења и нови идеи, а со нивна имплементација дојдовме и до финалниот хибриден дизајн.

 

И за крај, најважната лекција што ја научивте досега од предавањата?

Тамара: Сметам дека вистинскиот резултат не се добива само со конзистентност на предавањата, туку и со самостојна работа и дополнителни истражувања. Веќе стекнатото знаење секогаш може да се надгради, а само така би можеле да се истакнеме како графички дизајнери. И како што би рекол Бане – „Никогаш не се користи all-caps кај script фонтови!“

 

 

Дополнителни, си поразговаравме и со Александар Нофитоски за неговото искуство како ментор на овој реален проект

На модулот за визуелен идентитет се работеше на реален проект со СКЦ (Студентски Културен Центар), којшто се базира на креирање на визуелен идентитет на културно, урбано и креативно место каде што младите студенти ќе може да креираат и реализираат низа активности од музички и филмски настани до дебати и изложби. 

Од друга страна, студентите од тековните групи кои беа дел од модулот и проектот покажаа одличен и зрел пристап кон зададениот предизвик и ефективно го решија дизајн проблемот.

Во текот на целиот проект беше изработено:

  1. Лого дизајни со повеќе варијанти за прилагодливост на брендот при секој формат;
  2. Систем на типографија;
  3. Колор систем на правила, користење и комбинирање на боите меѓусебно;
  4. Три типови на дизајни за три различни намени и воведување на правила како да се користат дизајните за сите социјални медиуми кои би ги користел СКЦ како нивни платформи за промовирање;
  5. Дизајн за просториите на СКЦ, како што се: ѕидови, огледала, шанк и останати други просторни елементи;
  6. Дизајн на брендирани работи за потребите на СКЦ, како што се: ранци, дуксери, надворешни реклами, капчиња итн.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!