Запознајте ја Мила Павловска – новото засилување во маркетинг тимот на Brainster, која има амбиции да прерасне во успешен маркетер. 

Сé уште е студент на нашата Академија за дигитален маркетинг, а веќе започна да ја гради својата кариера на практикантска позиција како дигитален маркетер токму во Brainster.

 

Си поразговаравме со Мила за нејзиното досегашно искуство и нејзината улога во нашиот маркетинг тим

 

Здраво Мила! Ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Мила?

Здраво, здраво! Јас сум Мила, имам 23 години и живеам во Скопје. За мене би кажала дека сакам да си поставувам нови предизвици и цело време да ја ставам на тест границата на мојата љубопитност. Досега имам научено дека првиот чекор е најтежок, но кога веќе ќе се впуштам во самиот предизвик, во мене се буди нова личност којашто дава сé од себе за да ги совлада и најкомплексните проблеми.

 

Три работи кои те опишуваат?

Обожавам животни. Моментално чувам куче кое сега ќе наполни 11 години, а со мене е од неговиот втор месец, така да може да се каже дека заедно имаме поминато многу.

Сакам да сложувам големи сложувалки. Особено после долги денови исполнети со многу обврски уживам во редењето на сложувалки. Тоа ме опушта и ме спрема за следното утро и новите предизвици.

Ги сакам луѓето. Екстровертна личност која ужива во добра дружба со добри луѓе.



Ти си сé уште наш студент на Академијата за дигитален маркетинг. Неколку кратки прашања на оваа тема. Најпрво: Како ни дојде во Brainster?

Мојата дружба со Brainster започна со мојата одлука да се запишам на Академијата за дигитален маркетинг. Во периодот на носење на оваа одлука бев на самиот крај од мојата четврта година на Економскиот Факултет во Скопје на смер маркетинг. Се прашував што по дипломирањето и сфатив дека сакам да ги проширам дотогаш стекнатите знаења во областа на маркетингот. Почнав да размислувам за начини како би можела да го направам ова и по споредувањето на сите можни опции се одлучив да се запишам на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster, а ова ми е потврда дека сум ја донела правилната одлука.

 

Зошто баш дигитален маркетинг? Што те натера да ја избереш оваа професија?

Отсекогаш сум се восхитувала на паметните, емоционални, креативни реклами, постови и текстови коишто ги среќавав во моето секојдневие. Се прашував како луѓето се досетуваат за истите и од каде ја црпат креативноста, па сфатив дека голема улога во тоа имаат дигиталните маркетери. Сфатив дека тоа е професија којашто постојано од тебе ќе бара да се надминеш себеси, да смислиш нов, подобар начин за извршување на задачите и ќе ти ја даде целата слобода за изразување на својата креативност. Оттогаш, си зацртав цел дека ќе успеам во таа професија и сите мои напори ги пренасочував кон остварување на истата.



Во кој дел од дигиталниот маркетинг најмногу се пронаоѓаш?

Иако сé уште секој ден учам по нешто ново и развивам нови интереси за области коишто се дел од дигиталниот маркетинг, би кажала дека за сега најмногу се пронаоѓам во контент маркетингот и одржувањето на веб-страните.

Љубовта кон контентот отсекогаш постоела кај мене, а во текот на предавањата за контент маркетинг од страна на Ива Дујак и Дијана Десподов, прекрасни инструкторки кои со многу страст го предаваат своето широко знаење, таа само се зацврсти.

Кога станува збор за веб-страните тоа беше нов интерес кој ми се роди за време на предавањата со Давид Шојиќ. Тој нé запозна со Elementor и со големо задоволство ги одговараше сите наши прашања и пробуваше да ни го пренесе целото свое знаење и искуство.

 

Својата кариера како дигитален маркетер ја започна токму во Brainster на практикантска позиција. Раскажи ни го на кратко твоето Brainster journey од ден еден до денес.

Целата приказна за мојата практикантска позиција во Brainster започна кога на едно предавање добивме известување дека од Brainster бараат практикант во маркетинг тимот и дека би им било голема чест доколку еден од нивните студенти ја заземе таа позиција. Ни беше споделен линк за апликација составен од неколку прашања кои ги пополнив, а потоа не знам зошто, можеби поради големиот број на квалитетни студенти во мојата група, но не се надевав дека токму јас би била нивниот избор.

По неколку дена добив одговор дека им се допаднала мојата апликација и тогаш ми беше закажано интервју на коешто го запознав Стефан Смиљаноски – CMO на Brainster, кој до ден денес ме води низ целото практикантско искуство и се труди да ми помогне во било која област.

 

Ти си дел од маркетинг тимот. Опиши ни ја атмосферата во тимот.

Ух, можеби најтешкото прашање досега. Иако е тешко да се опише со зборови би пробала барем еден дел од атмосферата да доловам. Би започнала со пријателскиот пристап којшто секој еден од тимот го има, со големата желба да се даде максимална помош на друг, иако секој си има свои задачи и колку секој се труди да му овозможи убаво и храмонично работно искуство на другиот.

Во Brainster веруваат дека секој од нивните луѓе е способен сам да си го организира своето време и дека навремено ќе ги изврши сите таскови без да му се врши притисок. Тоа е убавината во овој тим, којашто дава до знаење дека сите си веруваат еден на друг и тоа го прави Brainster посебен од другите.

Сепак, одговорот би го завршила со тоа дека атмосферата во тимот, а и во целата Brainster организација не може да се опише со зборови, туку мора да се доживее за да се разбере.

 

Како изгледа еден твој работен ден? Кои се твои главни задачи? Кои се моментите во кои највеќе уживаш?

Мојот работен ден започнува во 09:00, а завршува во 17:00 часот. Секој работен ден е исполнет со извршување на тековни таскови и секој момент е посветен на подобрување на работата и остварување на целта на Brainster.

Моментално сум вклучена во повеќе задачи со цел да добијам целосен увид во ширината на маркетингот, за потоа да одлучам кон што би сакала целосно да се насочам. Тоа е и еден од квалитетите на Brainster што сакаат да го пренесат на сите. Тие се залагаат за развивање на T-shaped skills со што секој би имал основно знаење од целиот опсег на маркетингот, а целосно би се насочил и би станал експерт во една област.

Моментите во коишто најмногу уживам во мојот работен ден е постојаното учење на нови работи и трудот со којшто секој од тимот пристапува на некој мој предизвик во текот на работењето. Тука би сакала да се заблагодарам на целиот маркетинг тим, а поготово на Тамара и Љубица кои ми го прават секој нов работен ден сé поубав и поубав и што ми даваат чувство дека навистина припаѓам во нивниот тим.

 

Кој е најголемиот предизвик со којшто се имаш соочено до сега?

Не знам дали би звучело реално ако кажам дека барем до сега не сум имала некој голем предизвик со којшто сум се соочила. Далеку од тоа дека не сум се соочила со предизвици, напротив, во еден ден ги има многу, но истите биле решавани со огромна и несебична помош и споделување на знаење од страна на другите во тимот.

Можеби еве како еден поголем предизвик што сама си го имам поставено е да дадам сé од себе, да го покажам целото мое досегашно знаење и да го применам целото ново знаење и искуство кое секојдневно го добивам од секој член во маркетинг тимот.



Најбитна лекција што ја научи на Академијата?

Најбитната лекција којашто ја научив од Академијата е тоа дека пред сé, пред било кој да се ангажира да го сподели своето знаење и искуство со тебе, најважно е ти да го имаш тој тригер во себе којшто постојано ќе те тера да превземаш нови предизвици, да се туркаш самиот себе за да дознаеш што е можно повеќе за тоа што те интересира и дека без дисциплина и без навистина да се сака тоа што се прави сé друго е залудно.



За крај – твоја препорака до сите оние кои што размислуваат за кариерна промена и насочување во сферата на дигитален маркетинг?

Мојот совет за сите коишто размислуваат и сакаат да се насочат кон сферата на дигиталниот маркетинг е да не се плашат да го превземат првиот чекор. Како во врска со ова, така и со секој предизвик и секоја работа којашто ја сакаат. Правењето на првиот чекор е она што ќе ве оддели од оние коишто само размислуваат за работите, а никогаш не се осмелуваат да зачекорат по патот на неизвесноста, кој верувајте дека на крајот ќе ве одведе на возбудливо патешествите со прекрасно искуство.

Растот започнува онаму каде што завршува комфорната зона.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!




Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.