Започни кариера како Full-Stack HR професионалец

Факт е дека светот се менува брзо и постојано, а за да бидат во чекор со промените, HR професионалците мора да го преиспитаат начинот на кој ја извршуваат својата работа. Пазарот станува сѐ поголем и поконкурентен, а со тоа се наметнува потребата на организациите од Full-Stack HR професионалци. Ова значи да се оди подалеку и подлабоко од едноставното учење на основните вештини за човечки ресурси.
Како резултат на ова, потребата на Full-Stack HR професионалци бележи вртоглав раст бидејќи тие се главниот виновник за успехот на една компанија.
Зошто да започнете кариера како Full-Stack HR професионалец?
Менаџментот на човечки ресурси го опфаќа целиот процес на вработување, менаџирање, развивање и напредок на луѓето во организациите. Многу често кога луѓето помислуваат на работење со човечки ресурси, замислуваат лесна и едноставна кариера, но доколку почнеме да ги набројуваме сите обврски кои ги има еден менаџер на човечки ресурси, листата може да биде бескрајна. Full-Stack HR професионалците се справуваат со регрутирање таленти, бенефиции за вработените, програми за развој и обука, корпорациската култура и многу други задачи. Иако звучи напорно, сите овие обврски се распределени помеѓу различни улоги кои постојат во светот на човечките ресурси.
Кариерни можности кои ги нуди Full-Stack HR
Денес, улогата на HR професионалците стана постратешка поради различни фактори, вклучувајќи ја технологијата и глобализацијата на работната сила. Како таков, денешниот Full-Stack HR професионалец мора да има низа на вештини кои постојано ќе ги надградува. Современиот HR менаџер мора да знае како да биде стратешки партнер на тим лидерите, а исто така и да поседува способност да ја поддржи организациската клима и култура на организацијата..
Кариерниот пат во светот на човечките ресурси е прилично едноставен, но може да се разликува во секоја компанија и организација зависно од потребите. Во некои компании одредени улоги се комбинираат во една.
Некои од кариерните можности кои ги нуди оваа област се:
- HR асистент
Работата на асистентот е да помага при фасилитирање на различни процеси при HR. Ова може да вклучува документација при нови вработувања, планови за бенефиции и други делегирани задачи. Исто така, асистентите може да имаат должност креативно да решаваат чести проблеми на работното место поврзани со отсуства, прекувремена работа и слично. Истовремено можат да бидат задолжени со општо организирање на настани, изготвување забелешки, записници и потсетници.
- HR координатор
HR координатори, често асоцирани со работодавци, највеќе се занимаваат со вработувачката страна на кадарот. Нивната обврска е да му обезбедат на одделот на HR поддршка при вработувањето и да креираат извештаи за вработените и нивниот прогрес. Покрај тоа, од нив се очекува да „ловат“ нови таленти, да организираат интервјуа и да спроведуваат онбордниг процеси.
- HR специјалист
HR специјалистот е стручно лице – експерт кој се фокусира на една HR функција. Овие луѓе најчесто ги имаат развиено целосно сите вештини и способности поврзани со HR и работат само на едно поле.
- HR менаџер
HR менаџерот е одговорен за надгледување на процедурите и политиките поврзани со човечките ресурси. Истовремено тој има важна улога при бизнис планирање и развивањето на буџетот за HR, како и законската регулатива во HR. Главната карактеристика што треба да ја поседува секој HR менаџер е развиена способност за решавање на проблеми и добри лидерски способности. HR менаџерот всушност треба да ги владее, како и да биде запознаен со работењето на сите претходно споменати улоги.
План за кариера во Full-Stack HR
HR секторот никако не смее да биде потценет во една компанија – бидејќи игра клучна одлука во тоа каков е перформансот на еден бизнис, стабилноста на тој бизнис, а исто така претставува систем на огромна поддршка за вработените. Една од најважните причини за започнување на кариера во HR е можноста да се влијае врз многу аспекти на организацијата и развивањето на самите вработени.
Доколку се сметате заинтересирани да направите кариерна трансформација во сферата на менаџментот со човечки ресурси, не плашете се да истражувате и откривате различни начини како да навлезете во една од најпопуларните професии на денешницата. Ќе откриете дека постојат голем број на ресурси во кои можете да инвестирате за да ја постигнете вашата цел. Без разлика дали неодамна сте завршиле средно училиште, факултет или пак менувате кариера, менаџментот со човечки ресурси ќе направи да го искористите целиот ваш потенцијал во наредните години.
Уписите за следната група на Full-Stack HR Академија се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!