Запознајте го Андреј Додевски – алумни студент од Академијата за Software Testing кој веднаш по неговото завршување на програмата, ја започна својата кариера во дигиталниот свет како софтвер тестер во компанијата Pabau Clinic Software.
Си поразговаравме со Андреј за неговото ново работно место и студентските денови
Здраво Андреј, претстави се! Раскажи ни нешто повеќе за себе!
Здраво на сите! Јас сум Андреј, студент од Академијата за Software Testing по којашто во краток период започнав со работа во компанијата Pabau.
Каков беше твојот кариерен пат до моментот на запишување на оваа Академија?
Кариерниот пат уште од рана возраст ми започна со работи кои не беа дел од IT индустријата. Како човек кој уште како дете започна со истражување на начинот како функционираат компјутерите и со хоби за играње игри, кое и ден денес го имам, ми беше единствена цел да се надградам себеси и да добијам шанса за влез во светот во кој нема граници. Благодарение на Brainster, целокупниот тим на ментори и програмата која ја имаат, добив можност за промена и влез во светот кој отсекогаш го посакував.
Зошто баш Software Testing?
Зошто баш, хмм добро прашање. Веројатно долгите години поминати во играње игри и запаѓањето во секакви сценарија ме натераа да ги воочувам грешките, дел софтверски, дел дизајнерски. Сепак, секогаш имаше нешто што недостасува, па од тука дојде стремежот за Software Testing кариера која јас ја гледам како дел од Development тимот кој е задолжен за грешките да се сведат на минимум или воопшто да ги нема.
Веднаш по завршувањето на Академијата за програмирање се вработи во компанијата Pabau. Раскажи ни како стигна до овде? Со што се занимава оваа компанија?
Сè се случи многу брзо и искрено не ни бев свесен дека мојата желба полека се остварува. По успешно пројдена селекција за работната позиција и многу, многу мотивација и желба за надградба, ја започнав авантурата за која се надевам дека нема да престане и уште многу предизвици ќе поминат и ќе го збогатат моето искуство. Оптимистичен сум за претстојните предизвици и со полни гради го чекам секој нов ден, секоја нова задача, секое ново надградување. Компанијата Pabau е британска компанија, формирана во 2012 година која развива софтвер кој е специјализиран за клиниките.
Како изгледа еден работен ден на софтвер тестер? Кои се твоите главни задачи и активности?
Секој работен ден носи свои предизвици, денот започнува така што ги прегледувам задачите кои се за тој ден и почнувам со реализација. Во зависност од целта која е дадена за одреден временски период, активностите се менуваат, но работата е таа.
Кои технологии ги користиш и со што работиш?
Дел од технологиите кои ги користам се Jira во која работиме на канбан принцип, алатки за автоматско тестирање и се надевам дека во иднина ќе користам и многу други.
Дали Академијата ги исполни твоите очекувања и кое е твоето најинтересно сеќавање како студент?
Академијата ги исполни и ги надмина моите очекувања. Тимот на ментори беше максимално посветен да ни ги долови техниките и да ни даде основа за стабилен почеток во новата кариера.
И за крај, кое е твоето мото кое те води низ животот?
You’d be surprised to know how much you can change, if you get your butt off the couch.
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!