Академијата за програмирање одблизу #2: Викенд работилници

На Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање постојано имаме работилници со цел да го подобриме искуството на нашите студенти. Работилниците се повеќечасовна активност со која на студентите им се овозможува практично да ги применат стекнатите теоретски знаења од предавањата, но и да ги надградат своите вештини за самостојно и независно решавање на проблемите.
Работилниците се фасилитирани од инструктори и ментори – врвни експерти во областа, специјализирани за модулот кој го предаваат. Улогата на секој ментор е да го поттикне личниот и професионалниот развој на поединците во групата, несебично споделувајќи го своето знаење, експертиза и искуство од прва рака.
На овие работилници, студентите добиваат спецификација за задачи и видео објаснување за истите, а потоа имаат најмалку еден ден во кој ќе се обидат самостојно да дојдат до решенија на задачите. Целта е да ги развиваат своите програмерски вештини преку самостојна работа и истражување, но и да се увиди нивниот индивидуален прогрес.
Вообичаено, големината на групата студенти за работилници е оптимална и брои 25 студенти, со што се обезбедува поддршка на студентите во реално време и квалитетна интеракција. Се работи по методологија на проект-базирано учење, при што вештините и знаењата се стекнуваат од работа на реални проекти.
За време на работилниците, се појаснуваат сите нејасни концепти и предизвици со кои студентите се соочиле при решавањето на зададените задачи. Вообичаено овие работилници се одржуваат за време на викенд.
Прочитајте што ни кажаа студентите за нивното искуство на викенд работилниците

Даниела Дамјановска – Работилниците во рамките на Академијата за Front-End програмирање се организирани на начин што ни овозможуваат да направиме повторување на материјалот од предавањата во тековната недела. Ваквиот метод на работа претставува една успешна алатка со која ние како студенти преку решавање на конкретни задачи, како и работа на мини проекти го надградуваме нашето знаење преку дополнително истражување и учење на нови концепти. За успешноста на работилниците многу придонесуваат нашите ментори, кои несебично ни помагаат во решавањето на задачите и ни го пренесуваат своето знаење од областа на front-end програмирањето.
Даниела Икономова – Првата средба со „практичното” се случува токму на работилниците. Кај нас на Академијата за Full-Stack програмирање на часовите секогаш имаме дискусија околу решенијата на задачите со инструкторите, но и со колегите. Интересно е да се види како секој има различен пристап на решавање, како и да се научи нешто ново.
Игор Тасевски – Кога станува збор за работилниците, тие се состојат од помали проекти или пак features, што во текот на еден модул ни овозможува ние самите да креираме еден проект користејќи ги технологиите кои ги изучуваме и советите од инструкторите. Brainster навистина го вади максимумот од нас и нашето знаење експоненцијално расте со секој час. Времето и енергијата којашто инструкторите ни ја посветуваат е доволна за во текот на Академијата за Full-Stack програмирање ние можеме самостојно да работиме на проект или пак да бидеме вклучени во тим којшто работи на проект, а најважното е дека голем број од нас немаме претходно искуство ниту пак знаење во светот на програмирањето.
На Академијата за Full-Stack програмирање и Академијата за Front-End програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!