Запознајте ги инструкторите – Маја Митровиќ

Маја Митровиќ е новиот инструктор на нашата Академија за UX/UI дизајн. Таа е дипломиран машински инженер по наставна дејност Индустриски Дизајн. По завршување на факултетот, се определува за изучување на UX/UI дизјан и ја започнува својата кариера во 2016 година.
Инженерските знаења ѝ помагаат и ја водат низ целиот процес на дизајнирање. Сака точни мерки, правила и функционални системи кои ја усмеруваат, а не ограничуваат нејзината креативност во пронаоѓање на најдобро дизајнерско решение на дигиталните продукти, во коешто корисниците ќе уживаат и ќе го користат со леснотија. Она што најмногу ја мотивира да чекори кон успехот е секојдневно надградување и учење на нови вештини и софтвери.
Маја, освен UX/UI дизјан, многу сака пица, медитација, забави, подкасти, сончеви денови, Grey’s Anatomy, кока кола, позитивни луѓе и успешни приказни.
Запознајте ја Маја – инструктор на нашата Академија за UX/UI дизајн
Име и презиме: Маја Митровиќ
Академија: Академија за UX/UI дизајн
Модул: Initiation и Discovery
Професија: UX/UI дизајнер
Искуство: 5+ години
Зошто баш UX/UI дизајн: Од една страна многу сакам психологија и маркетинг, и често читам на тие теми, а од друга страна, секогаш сум била креативен дух кој сака шаренила, пролет и убави дизајни. UX/UI дизајнот е некој идеален спој на тие три работи.
Хоби: Серии, медитација
Омилена книга: Грешки – Сигмунд Фројд
Омилен цитат: “The little things? The little moments? They aren’t little.”
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!