Работата нa реален проект за реален клиент е еден од најинтересните и најкреативните предизвици на Академијата за дигитален маркетинг.

За време на овие проекти, студентите го тестираат своето теоретско знаење и имаат можност да ги надградат своите вештини и способности.

Во оваа блог објава, ќе ги запознаете Драгутин, Тања, Христијан, Исидора и Ана, едни од најактивните студенти кои не ја пропуштија можноста да учествуваат на проектите и хакатоните кои се во склоп на програмата.

Задачата којашто тие требаше да ја изработат беше SEO стратегија за компанијата 3DHub.mk

Овој тим имаше можност да работи на овој реален проект за реален клиент под менторство на нашиот инструктор – Билјана Димовска на модулот SEO, која им пружи голема поддршка и ги поттикна да го дадат својот максимум.

 

Во продолжение си поразговаравме со тимот за нивниот реален проект и искуството на Академијата за дигитален маркетинг

 

 

Здраво тим! Вие сте едни од најактивните студенти на Академијата за дигитален маркетинг, кои покажаа голема заинтересираност кон дигиталниот маркетинг и не ја пропуштија можноста да учествуваат на проектите. Што би ни кажале за себе?

Драгутин: Студент на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster кој има желба да дознае и научи сè што е поврзано со дигиталниот маркетинг.

Тања: Creative Marketing Manager во Finance Titans, Social Media and Content Specialist во Peak Profile. Високо мотивирана личност со силна желба да учи и истражува нови работи.

Христијан: Себе би се опишал како morning person, комуникативен и авантурист. 

Исидора: Студент на Академијата за дигитален маркетинг, желна и мотивирана за учење, сака да напредува и да започне работа во светот на дигиталниот маркетинг.

Ана: Creator Outreach Specialist во Influencers.Club, а исто така, Hard Worker кој го мотивираат новите предизвици и е секогаш на висина на задачата.  

 

Како дел од програмата на Академијата за дигитален маркетинг, се најде и овој реален проект. Што се очекуваше од вас?

Ана: SEO е една од најкомплексните гранки во дигиталниот маркетинг која бара многу учење, искуство и работа. Очекувањата од наша страна беа да направиме целосна оптимизација на веб страната на 3DHub и пишување на content за секој page кој ќе е релевантен за Google Search конзолата. 

 

Раскажете ни повеќе за овој проект и идејата зад него?

Тања: Идејата беше да направиме релевантен content за веб-страната на клиентот 3DHub. Имавме подготвителен бриф со менторот како тоа треба да изгледа и кои алатки треба да ги користиме. Имавме забавни часови и одлична комуникација со менторот, Билјана Димовска, па беше лесно да ја извршиме задачата навремено.  

 

Кои беа вашите задачи при креирање на оваа маркетинг стратегија? 

Христијан: Задачите беа главно поврзани со целта. Материјалот којшто го изучивме на модулот за SEO го применивме во овој проект, што воедно беше од дополнително значење и за нас да увидиме до каде сме стигнале со совладување на истиот и можам да кажам дека бевме задоволни.

 

Какво беше чувството да работите на еден ваков проект? Како течеше целата соработка?

Исидора: На самиот почеток на овој проект имав позитивна трема затоа што ова беше нешто во кое сосема се пронајдов, а и воедно беше прв реален проект од ваков карактер на којшто работев. Целото искуство беше возбудливо и се трудев да дадам сè од себе и да го искористам знаењето стекнато на Академијата за проектот да биде успешен. Во текот на работата на овој проект се пронајдов во SEO модулот на Академијата и тоа ми даде уште поголема желба и мотивација за самиот проект. Бев во константен контакт со менторката на овој проект којашто ме мотивираше и имаше доверба во мене. 

 

Колку време беше потребно за изработка на решението и кој беше процесот за да се стигне до овде?

Драгутин: Овој проект имаше за цел да ги пронајде, односно провери техничките грешки кои би можел еден сајт да ги има од SEO аспект, сè со цел подобро рангирање во Google Search резултатите. Исто така, наша задача беше да размислуваме за креативно решение за одреден проблем и да го подобриме сајтот од секој можен аспект за посетителите да имаат подобро искуство кога ќе го посетат. За тоа ни беше потребно доста време и ни одзема можеби повеќе од 2-3 недели. Процесот се состоеше од правеење на анализа преку алатки од типот на Screaming Frog и размислувања околу можните решенија за проблемот. Сè на сè. би кажал дека за да се дојде до крајно решение за ваков проект потребно е големо истражување и искуство.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!