Запознајте го Павел Петрушевски – алумни студент на Академијата за Front-End програмирање, кој пред само една година реши да влезе во светот на програмирањето и успеа да направи целосна кариерна трансформација.
По завршувањето на Академијата за Front-End програмирање, Павел започна да ја гради својата кариера како Front-End Developer во компанијата Melon и продолжи да ги надградува своите вештини и знаења од оваа област.
Во продолжение, си поразговаравме со Павел за неговите студентски денови и новото работно место
Здраво Павел! Ти си наш алумни студент од Академијата за Front-End програмирање. Ние веќе те знаеме, но што би споделил со останатите? Кој е Павел?
Павел е пример кој докажа дека доколку имаш идеја и се посветиш максимално кон реализација на таа идеја, ништо не е невозможно. После 6 годишнa кариера во правото, успеав да направам комплетна кариерна трансформација, за денес веќе да работам како Front-end developer.
Пред сѐ честитки за успешно завршената Академија и за почетоците на твојата кариера како Front-End Developer. За почеток, кажи ни од каде се роди желбата и зошто се одлучи за овој тип на програмирање?
Благодарам! Мислам дека изворно идејата да го насочам својот фокус кон програмирање се јави како резултат на мојата фасцинација со нови технологии, која се провлекува откако памтам за себе. Дополнително, доаѓајќи од релативно статична професија, динамиката и разноликоста, кои се главни одлики на програмирањето, едноставно ми изгледаа премногу примамливо за да би можел да одолеам на предизвикот.
Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за Front-Еnd програмирање? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?
Апсолутно! Предизвици има и ќе има на секој чекор, токму во тоа и е убавината, бидејќи после кратко време сфаќаш дека токму предизвиците се оние кои те тераат да излезеш од комфорната зона, да совладаш нешто ново и постојано да се надградуваш. Академијата преку одличните инструктори одигра исклучително важна улога во насока овој процес да се одвива што е можно поглатко како и да ми го подготви mindset-от за она што ме очекува.
По завршувањето на Академијата за Front-Еnd програмирање започна да работиш во компанијата Melon. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука? Што сѐ беше потребно?
Всушност, јас започнав со работа во оваа индустрија додека сѐ уште студирав на Академијата. Имав неколку месечно супер искуство во start-up компанија каде имав прилика паралелно со студирањето да најдам и практична примена на вештините кои ги учев, што ми беше од огромна корист. Понатаму добив и прилика да станам дел од компанија како Melon што особено ме израдува и е нешто кое го сфаќам како исклучителен личен успех, на што му претходеше макотрпна работа и посветеност како и верба во своите квалитети и способности.
Што значи Front-Еnd програмирањето за тебе?
Имајќи предвид дека влеговме во фаза во која веќе сите бизниси бараат начини да се дигитализираат, програмирањето како целина и натаму продолжува да го зајакнува своето значење и сосема е извесно дека таквиот тренд ќе продолжи и во иднина.
Како Front-Еnd програмерот гледа на светот и на работите околу него?
Една од најпозитивните страни на програмирањето за мене е токму тоа што пристапот кон решавање на проблеми и тоа како наоѓа своја примена и во секојдневното живеење во најразлични ситуации.
На кое твое достигнување си најмногу горд во животот?
Горд сум на многу работи во животот. Секоја животна етапа си има своја убавина меѓутоа без сомнеж одлуката, а денес веќе и реализацијата на идејата за кариерна промена ја рангирам некаде најгоре во листата на свои достигнувања.
Каде се гледаш за 5 години во иднина?
Да бидам искрен, се гледам ист како и досега, полн со ентузијазам и желба за постојана надградба, само со поголемо искуство позади себе и работа на предизвикувачки проекти.
За крај, што е она што тебе те убеди да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера како Front-end програмери и сакаат да преземат ваков чекор?
Одлуката да се запишам на Brainster академијата беше резултат на подолготрајно истражување и бројните позитивни искуства кои ми беа споделени. Сите оние кои размислуваат да тргнат по овојпат би ги советувал да бидат истрајни и да останат жедни за нови знаења. Во никој случај нема да биде лесно, меѓутоа таа истрајност и вложениот труд на крајот на денот дефинитивно ќе се исплатат.
Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!