Запознајте ја Софија Стојменова – новото засилување во Co-innovation & Hiring тимот на Brainster, амбициозна личност на која најголема страст ѝ е дигиталниот маркетинг.

Сé уште е студент на нашата Академија за дигитален маркетинг, а веќе започна да ја гради својата кариера на практикантска позиција како дигитален маркетер токму во Brainster.

 

Си поразговаравме со Софија за нејзиното досегашно искуство и нејзината улога во нашиот Co-innovation & Hiring тим

 

Здраво Софија! Ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Софија?

Здраво, јас имам 17 години, учам во средното училиште НОВА, моментално сум при крајот на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster, а исто така, пред скоро започнав да работам на практикантска позиција во тимот на ко-иновации и вработување. 

Многу сакам да изучувам нови работи со цел да стекнам нови искуства, и исто така сакам да излегувам надвор од мојата комфорна зона за да се изградам во подобра личност. 

 

Три зборови кои те опишуваат?

Виткана коса, зборлеста и амбициозна.

 

Ти си сè уште наш студент на Академијата за дигитален маркетинг. Неколку кратки прашања на оваа тема. Најпрво: Како ни дојде во Brainster?

За Brainster најпрво дознав од други луѓе кои веќе ги посетиле Академиите и беа многу задоволни од нивното искуство. Поради тоа, одлучив дека би сакала да учам дигитален маркетинг во Brainster.

 

Зошто баш дигитален маркетинг? Што те натера да ја избереш оваа професија?

Јас сум личност која сака нови работи, работи кои не се повторуваат и коишто се движат напред. Дигиталниот маркетинг е токму тоа, цело време се менува, се движи во зависност од луѓето, трендовите кои ги поставуваат и работите кои ги посакуваат. Следењето на сите овие работи, а истовремено и секојдневното подобрување на технологијата е многу интересен, но и важен дел за мене. 

 

Во кој дел од дигиталниот маркетинг најмногу се пронаоѓаш?

Од сите гранки на дигиталниот маркетинг би кажала дека најмногу се пронаоѓам во правењето на целосна маркетинг стратегија, користење на Google Ads и Social Media Marketing.

 

Својата кариера како дигитален маркетер ја започна токму во Brainster на практикантска позиција во Co-innovation & Hiring тимот. Раскажи ни го на кратко твоето Brainster journey од ден еден до денес.

Искуството во Brainster уште од првиот ден е супер и иако немав претходно работно искуство, добив шанса да работам. На почетокот не бев сигурна што да очекувам, меѓутоа како што започнав со работење во Brainster мене целата атмосфера и начин на работа многу ми се допадна. 

Иако почнав во ноември 2021 како практикант, работата којашто ја правам ме прави да учам и да гледам како работи една успешна компанија и истовремено ми помага да се продлабочам во сферата на маркетингот.

 

Опиши ни ја атмосферата во Co-innovation & Hiring тимот. Што се очекува од тебе?

Како што веќе знаете, целта на тимот за Co-innovation & Hiring е да ги вработи сите студенти од Академиите за да им помогне да си ги остварат своите кариерни патишта. За да се оствари оваа цел во нашиот тим има добра организација и комуникација што е најбитно за еден тим да функционира. 

Секогаш обврските се делат меѓу сите и секој понеделник и петок имаме состанок заедно каде што прво се одредуваат целите за следната недела и се делат обврските, а на крајот од неделата се зборува за тоа како биле извршени задачите и што би можело да се подобри за понатаму. 

Од мене лично се очекува истото што се очекува и од другите членови, да се има добра комуникација, да се завршуваат обврските на време и доколку има некаков проблем да се сподели со тимот за да може заеднички да го решиме.

 

Како изгледа еден твој работен ден? Кои се твои главни задачи со кои придонесуваш во тимот?  Кои се моментите во кои највеќе уживаш?

Јас работам part-time и секогаш работам после училиште – попладне. Секој ден си ги знам обврските коишто треба да ги завршам, па затоа откако ќе завршам со часови седнувам и ги определувам за да можам полесно да се организирам. 

Потоа се водам според тоа и во текот на денот доколку имам неколку состаноци се уклучувам. На тој начин придонесувам до тимот. Исто така, една од главните задачи ми е да ја водам Facebook Hiring групата, каде што има студенти од Академиите кои треба да се вработат. Креирам целосна контент стратегија и секојдневно со помош на тимот бараме огласи за работа за да може да се постираат во таа група и преку директната комуникација што ни ја овозможува групата со студентите, успеваме да придонесеме уште поголемо вработување кај студентите и остварување на кариерните желби.

 

Кој е најголемиот предизвик со кој што се имаш соочено до сега?

Најголемиот предизвик откако се вработив е да се постигнува паралелно во училиште и на работа, меѓутоа тој предизвик го решавам со тоа што на почетокот од секоја недела правам распоред и ги определувам своите обврски за во текот на целата недела.

 

Најбитна лекција што ја научи на Академијата?

Најбитната лекција е дека во денешно време сите фирми треба да се customer oriented за да можат да го постигнат најдобриот успех.

 

За крај – твоја препорака до сите оние кои што размислуваат за кариерна промена и насочување во сферата на дигитален маркетинг?

Мојот совет е дека никогаш не е касно, ниту пак рано за кариерна промена затоа што најбитна е желбата којашто ја имате. Маркетингот е сфера која постојано се менува, па затоа најмногу би ја препорачала на луѓе кои сакаат комуникации, истражувања и промени.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!