Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање се едни од најинтензивните и најпредизвикувачките Академии кои бараат голема посветеност и фокус за време на предавањата. Но, од друга страна, тие се целосно адаптирани и за студенти кои се почетници и немаат никакво претходно искуство и предзнаења од областа. 

Со цел да се подобри искуството на студентите, по нивното запишување на Академиите, тие добиваат бесплатна двомесечна подготвителна програма која е специјално дизајнирана за нивната подготовка за успешен почеток и целосно комплетирање на програмата.

Соочени со фактот дека учењето од далечина е новата нормала и со оглед на тоа дека нашите студенти имаат најразлични профили и образовни позадини, подготвителната програма има за цел да им даде на студентите солидна основа и разбирање за основните концепти на веб програмирањето, но и да им помогне на студентите да го развијат потребниот mindset за стекнување (нови) вештини за програмирање, решавање проблеми и менаџирање со време.

Подготвителната програма вклучува колекција на внимателно избрани едукативни ресурси во различни формати (видео, линкови, интерактивни ресурси и сл.) кои студентите ги поминуваат во свое темпо, но понудени се и неколку предизвици – вежби преку кои студентите се подготвуваат за индивидуална практична работа и стекнуваат real feel за понатамошните реални проекти кои ќе ги изработуваат за време на официјалниот дел на програмата.

Студентите имаат можност да ја следат предефинираната патека за учење преку дигиталната платформа BrainsterLEARN, што истовремено претставува подготовка и адаптација на начинот на работа – комуникација и пристап до ресурси – за време на Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање. 

Платформата е централизирано место преку која се одвива целата комуникацијата и трансферот на знаење помеѓу студентите и инструкторите. Истата е една од најважните алатки која ја користат повеќе од 1000 наши студенти и 50 инструктори на дневно ниво.

На Академијата за Full-Stack програмирање и Академијата за Front-End програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.