Академијата за програмирање одблизу #3: Менторски средби

На Академијата за Front-End програмирање и на Академијата за Full-Stack програмирање, при учење, решавање на предизвици, а воедно и додека се работи на реални проекти, студентите имаат во континуитет менторска поддршка од страна на нивните инструктори со цел да го утврдат знаењето кое го стекнуваат и да развиваат дополнителни вештини во областа која ја учат.
Менторските сесии овозможуваат менторство 5 на 1 и истите претставуваат групна консултација помеѓу студентите и инструкторот за решавање на одреден проблем во времетраење од 1 час.
Сите ментори се избрани експерти во областа, специјализирани за модулот кој го предаваат. Улогата на секој ментор е да го поттикне личниот и професионалниот развој на поединците во групата, несебично споделувајќи го своето знаење, експертиза и искуство.
Еднаш неделно, секој тим студенти добива задача која треба тимски да ја изработат во рок од 48 часа. Тимовите студенти работат со поделени улоги и одговорности, а по завршувањето на задачата, изготвеното решение го испраќаат назад до менторот.
На менторската сесија се прави code review на решението на задачата која била зададена, но истата претставува и можност за Q&A сесија со менторот на која ќе се дискутираат и разјаснуваат некои нејасни концепти од предходно изучуваниот метеријал, но и теми од областа за кои студентите пројавиле дополнитен интерес за изучување.
Сесиите се прилика студентите да добијат соодветен фидбек, да разберат кои се нивните силни страни, но и да добијат насоки каде и како би требало да се подобруваат.
Си поразговаравме со студентите за програмата и нивното задоволство од менторските средби

Програмата на академијата е интензивна и со силно темпо, но адаптирана за почетници со мало или без никакво искуство. Која е улогата на менторските средби и колку истите помагаат за успешно совладување на материјата?
Димитар Витанов: Да, сосема е точно дека во една недела имаме доста активности и задачи. Сепак активностите се доста интересни и ефективно го пополнуваат моето време. Менторските средби се еден вид на прикажување на тимска работа. Нивната цел е да нè припремат нас како програмери и ни претставуваат еден вид симулација за како тоа реално би изгледало работно место. Во овие средби ни даваат проект, којшто подоцна се дели помеѓу нашата група и сите заедно како тим работиме на истиот.
Многу голема предност на овие менторски средби е тоа што нè учат на работа во група, како и да се консултираме со нашите колеги и да го најдеме најдоброто заедничко решение на некој проблем. Овие проекти, меѓу другото, се ограничени со временски рок кој служи како симулатор на тимска работа под притисок. Потоа, кога сè ова ќе заврши и ние го имаме сработениот проект, истиот го презентираме на нашите ментори. Главната цел на нашите ментори е да ни покажат подобар, поедноставен и поефикасен начин на изработка на проектот и доколку сме се соочиле со некој проблем, појаснување на истиот.
На кој начин менторските придонесуваат во процесот на вашето учење, во што се состои нивната најголема вредност?
Димитар Витанов: Секоја менторска средба за мене претставува презентација на нов проект лимитиран со време. Секоја средба имаше влијание за тоа како јас подобро да придонесам за еден тим и како еден добро сплотен тим може одлично да функционира под притисок. Оваа низа од неделни проекти придонесе за збогатување во моето знаење, ефективност како и во моите истражувачки и аналитички способности во изнаоѓање на решение на одреден проблем. Секој проект претставува нов предизвик, ново искуство, нов проблем преку кој може да научиме многу.
Елена Клисаровска: Менторските средби можеби и најмногу помагаат во совладувањето на материјалот. Тука сме тимот и менторот, споделуваме мислења, разни решенија, нема лошо размислување. Менторските средби се доста поинтерактивни од предавањата и најмногу може да се научи. Во тие минути мене ми се менуваше начинот на размислување, целиот “mindset”, логиката како да се пристапи на проблемот и тогаш најбрзо се доаѓа до решението. За мене би кажала дека менторските сесии беа клучни за совладување на материјалот како и за завршувањето навремено со неделниот предизвик. Менторирањето на студенти игра голема улога во усвојувањето на знаења и напредокот на студентите.
Какво ви е досегашното искуство со менторите на менторските сесии?
Елена Клисаровска: Во тие 60 минути, менторите несебично го пренесуваат своето знаење, сепак тоа се експерти со долгогодишно искуство од работење во областа. Помагаат да обрнеме внимание на потребните работи и да останеме на вистинскиот пат. Менторите се непроценливи од толку многу причини, но се неопходни за обезбедување знаење, мотивација и совети, охрабрување кога ви е најпотребно, помагаат во личен развој и многу повеќе. Ако имате доволно среќа да имате ментори како моите кои можат да бидат сè од сите овие работи, ќе имате предност пред многу други, затоа што имате тајно оружје што може да ве однесе на врвот!
На Академијата за Full-Stack програмирање и Академијата за Front-End програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!