Запознајте ја Марија Костова – алумни студент од нашата Академија за Software Testing, која по завршувањето на програмата ја започна својата кариера како софтвер тестер во компанијата CrazyLab.
Си поразговаравме со Марија за нејзиното ново работно место и студентските денови
Здраво Марија, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделила за останатите? Која е Марија?
Интересно прашање. Која е Марија? Марија е 25 годишна девојка, со успешно завршена Академија за Software Testing во Brainster. Вработена во една од најголемите фирми за игри во светот, каде што секојдневно се среќава со нови таскови и предизвици и има простор дополнително да се надградува во својата професија. И секако, во слободно време се губи во кујната, каде што вештината за детали ја применува во креирање нови рецепти.
Пред сѐ, честитки за новото работно место. Само што заврши стигна до посакуваната работна позиција. Да почнеме од почеток, раскажи ни како ти се роди желбата за Software Testing.
Желбата ми се појави со појавата на Covid19 и целата пандемија. Сфатив дека работата којашто ја имав тогаш ми зависи од развојот на вирусот и сакав нешто што е стабилно и нема во целост да зависи од надворешни влијанија. Бидејќи имам блиска личност во софтверската и ИТ индустријата, воочив дека нивните работни места не беа афектирани. Исто така, отсекогаш сум имала око за детали и анализирања, и така дојдов до помислата да се запишам на Академијата за Software Testing.
Дел од интензивната програма на оваа Академија е работата на реални проекти за реални клиенти кои бараат многу време за учење. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
На Академијата имавме можност да работиме на реални проекти, а со тоа од прва рака да дознаеме како изгледа целиот процес, на кои работи треба да обрнуваме внимание, како да работиме во тим итн. Сето тоа ни овозможи добра основа за да дојдеме до првата работа и да знаеме што нѐ очекува во истата.
Раскажи ни повеќе за твоето кариерно патување. На што најмногу се гордееш со себе?
Најпрво, најгорда сум со одлуката да направам ваков чекор со запишување на Академијата и истрајноста во истата во момент кога имав активна друга работа на друго поле. Горда сум на можноста за брзо да се адаптирам, а исто така и на успешните интервјуа и брзото наоѓање на првата работа како софтвер тестер.
Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Crazy Labs. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.
Crazy Labs е супер фирма каде што веднаш се почувствував прифатено. Работиме во тим каде што непрекинато си помагаме и се поддржуваме, во динамична средина каде што може многу да се напредува и научи. Имаат интересна дејност за развивање на игри што посебно ме интересира бидејќи сум и личност што сака да игра игри.
Каде се гледа Марија за 5 години во иднина?
За 5 години од сега се гледам исто во некоја ИТ фирма, најверојатно како Automation Tester бидејќи сакам да се развивам во таа насока.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат Software Testing?
Би ги советувала да не се двоумат за промена на својата кариера како софтвер тестер. Професијата е интересна и има можност за секојдневно надградување и унапредување.
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!