Александар Поповски е нашиот нов инструктор на Академијата за графички дизајн кој ги предава модулите Illustrator & Motion design. 

За себе ни кажа дека уште од мали нозе го привлекува уметноста, а во неговите школски денови и со актуелноста на графитите, тој започнува креативно да се изразува. Исто така, добитник е на неколку награди меѓу кои и една интернационална – Лидице. 

Во втора година, го купува својот прв таблет за цртање што допринесува за дополнително развивање на неговата желба за цртање, но овојпат за графички дизајн.

По неговото завршување на средното образование, се запишува на Факултетот за графички дизајн на ФОН и паралелно започнува професионално да работи како дизајнер во маркетинг агенција. На ова работно место, тој работи на проекти правејќи motion анимации и реклами за познати македонски брендови.

Минатата година, преку вмрежување се вработува во интернационална компанија во која моментално работи full-time графички и motion дизајн.

 

Запознајте го Александар – инструктор на нашата Академија за графички дизајн

 

Име и презиме: Александар Поповски

Академија: Академија за графички дизајн

Модул: Motion дизајн & Illustrator

Професија: Графички Дизајнер

Искуство: 5+ години

Зошто баш графички дизајн: Можам своите идеи да ги пренесам на другите на креативен начин имајќи комплетна слобода за изразување.

Хоби: Свирење гитара, фитнес, цртање

Омилена книга: Warcraft: The last guardian

Омилен цитат: “It’s just a matter of perspective.”

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!