Денес, продукт менаџментот е интердисциплинарна улога која комбинира стратегија, дизајн, лидерство и маркетинг активности со цел да се лансира успешно еден продукт.

Бидејќи управувањето со продукти е многу значајна улога, побарувачката на вешти продукт менаџери во последниве години бележи огромен раст. Многу од продукт менаџерите кои се пробиваат и успеваат во оваа сфера доаѓаат од друга област и ја прават посакуваната кариерна трансформација учејќи на различни курсеви, академии и семинари. 

Додека, продукт менаџментот се фокусира кон продуктите, проектниот менаџмент се однесува на управувањето со проектите.

Сите проекти се привремен напор за да се создаде вредност преку уникатен производ, услуга или резултат. Сите проекти имаат почеток и крај. Тие имаат тим, буџет, распоред и низа на очекувања кои тимот треба да ги исполни во определен временски период. Секој проект е уникатен и се разликува од рутинските операции, односно од тековните активности на организацијата затоа што проектите завршуваат откако ќе се постигне целта.

За управување со проекти потребни се специфични знаења, вештини, алатки и техники за да се испорача проект кој има вредност. Развојот на софтвер за подобрен деловен процес, изградбата на зграда, напори за помош по природна катастрофа, проширување на продажбата на нов пазар, се само дел од примерите за проекти.

 

 

Зошто да започнеш кариера како Project или Product менаџер?

Иако често соработуваат заедно, проектните и продукт менаџерите имаат различни улоги. Нивните разлики се надополнуваат и гарантираат долгорочен успех за една компанија. Наједноставно кажано, продуктниот менаџер е CEO на продуктот. Тие го надгледуваат сето она што е поврзано со тој продукт, почнувајќи од поставувањето на стратегијата, приоритизирањето на активностите и залагањето за клиентот. Нивната работа го опфаќа целиот животен циклус на производот. 

Додека пак, проектниот менаџер е одговорен за планирањето, организирањето и извршувањето на специфични проекти за одредена организација навреме, со соодветен буџет и според дадените спецификации. Накратко, продукт менаџерот е стратегот, а проектниот менаџер e вршителот на стратегијата.

Да се биде проектен или продукт менаџер е една од 3-те професии коишто гарантираат сигурност и брз напредок во кариера бидејќи нивната побарувачка постојано расте. Во зависност од вештините, искуството и знаењето, просечната плата на Project & Product менаџерите се очекува да расте во следните десет години. Според последните статистики на Glassdoor, во зависност од државата во која работат и нивното искуство, овој тип на менаџери заработуваат помеѓу $51,000 и $110,000, додека пак, просечната годишна плата изнесува $88,000.

 

 

Кариерни можности кои ги нуди Project & Product менаџментот

Примарната одговорност на продукт менаџерот е да донесува стратешки одлуки поврзани со управувањето со производите и да обезбеди длабинска експертиза потребна за подобрување на продуктот. Понекогаш, продукт менаџерот треба да се грижи и за активностите кои се неопходни за промоција на производот, како и да ја дефинира стратегијата, визијата и патот на продуктот. Покрај тоа, тој работи на пилот и бета програми пред лансирање на финалниот продукт. 

Проектните менаџери организираат тимови од луѓе за да постигнат одредена цел или проект, за компанијата или други организации. Ако сте организирани, заинтригирани и подготвени да преземете поголема улога во вашата кариера, управувањето со проекти може да е вистинскиот избор за нова кариера.

 

 

План за кариера во Project & Product менаџмент

Управувањето со продукти и проекти отсекогаш било важна функција во бизнисите и станува сè поважно како што поминува времето. 

Всушност, до 2027 година, на работодавците ќе им требаат 87,7 милиони поединци кои работат во сферата на продукт и проектен менаџмент. 

Доколку сте заинтересирани да направите кариерна трансформација во сферата на Project & Product менаџментот не плашете се да истражувате и откривате различни начини како да навлезете во една од најпопуларните професии на денешницата. Ќе откриете дека постојат голем број на ресурси во кои можете да инвестирате за да ја постигнете вашата цел. Без разлика дали неодамна сте завршиле средно училиште, факултет или пак менувате кариера, Project & Product менаџментот ќе ви помогне да го искористите целиот ваш потенцијал во наредните години.

 

Доколку сакаш да си дел од Project & Product менаџмент заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата тука.

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!