Embrace Summer’s Growth 🏖️📈
Најновиот Brainster билтен ги слави извонредните достигнувања на студентите, реалните проекти на кои работеа, хакатоните на кои учествуваа, како и вработувањата со кои беше награден нивниот труд.
Добра вест: Имаме Early Bird понуда за Brainster Академиите!
Откријте како посветеноста на студентите ја преобликува иднината и ги поттикнува нивните соништа и цели. Не ја пропуштајте можноста да бидете инспирирани и мотивирани од нивното неверојатно патување до успехот!
Дополнително, ќе дознаете како создаваме квалитетно образование за вработување – можност да „ѕирнете“ како работиме во позадина и кои успеси ги постигнавме во изминативе 6 месеци.
Во продолжение, прочитајте повеќе за последните новости од Brainster

- Како создаваме квалитетно образование за вработување
Неодамна ја добивме веста дека официјално, за првпат оваа година се приклучуваме на ТОП 500 најуспешните компании во Македонија. Тоа значи дека сме во друштво на 0,7% од активните компании во земјава. Но, покрај оваа значајна вест, сакаме со вас да споделиме дека и во ова полугодие од 2023 година имаме одлични резултати! Сите наши успеси се дело на тимската работа, соработката со вас, нашата заедница, па затоа посакавме да ви се заблагодариме и да ви раскажаме како ги постигнавме. Дознај повеќе!

- Каква е позицијата на жените и девојките на лидерски позиции во ИКТ-индустријата?
Истражувањето што го изработи Brainster „Политики за рамномерна застапеност на жените на лидерски позиции во ИКТ-компаниите и поддршка на разновидноста”, прикажува слика на моменталната состојба во ИКТ-секторот. По повод 15 јули – Светскиот ден на вештините на младите, го објавивме целиот извештај од истражувањето, со цел да се намали јазот во образовниот сектор и во индустријата, и да се привлечат млади талентирани жени во секторот што се соочува со недостиг на таленти. Дознај повеќе!

- Отворен повик за стипендии на Академијата за лидерство и менаџмент
Со огромно задоволство ја најавуваме оваа несекојдневна можност која цели да ги промовира жените и девојките како лидери и претприемачи во ИКТ-секторот преку серија мерки фокусирани на жени и девојки. Дознај повеќе!

- „Должни сме да го милуваме нашиот јазик“ – хакатон за Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”
Студентите од Академијата за графички дизајн на Бреинстер ја имаа честа да придонесат за прославата на големиот јубилеј на нашата реномирана институција – Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Нивната задача беше да изработат дизајн на постер и видео за 70 годишнината од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 годишнината од издавањето на книгата „За македонцките работи”. Дознај повеќе!

- Месец на Хакатони и тимска работа
Месец мај го одбележавме како еден од најуспешните месеци во полето на Хакатоните и тимската работа. Во текот на овој значаен месец, се одржаа 2-та најголеми Brainster Live Хакатони кои беа исполнети со аплаузи, поддршка, многу позитивна енергија и смеа. Повеќе од 270 студенти, менторирани од страна на 24 инструктори кои несебично го споделува своето знаење, работеа неуморно и максимално посветени на задачата и целта! Дознај повеќе!

- Лого и бренд идентитет за Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје
На 8 јули, нашите студенти – графички дизајнери од групите 19 & 20, успешно ја комплетираа програмата со презентација на своите завршни проекти во просториите на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје. Целта на овој проект беше да се искористи целото стекнато знаење од предавањата и да се креира „Лого и бренд идентитет“ за болницата. Дополнително, на презентациите присуствуваа и дадоа фидбек директорот и хирурзи од болницата.

- Победничко постер дизајн решение за Amaro Bazar
Студентите од Академијата за графички дизајн имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент на модулот „Постер Дизајн“ и да направат дизајн решенија преку кои ќе ја раскажат приказната на Amaro Bazar – Shutka Shopping Center. Дознај повеќе!

- Што сè можеш да работиш ако знаеш Front-End програмирање?
Како што технологијата продолжува да напредува така професионалците на front-end позициите ќе играат клучна улога во обезбедувањето на беспрекорни и привлечни кориснички искуства. Во оваа блог објава, ги издвоивме најпопуларните патеки по кои можеш да ја движиш својата кариера во светот на Front-End програмирањето. Дознај повеќе!

- Што сè можеш да работиш ако знаеш Full-Stack програмирање?
Организациите се во потрага по професионалци кои можат да се справат со различни аспекти на развој на софтвер, па затоа full-stack позициите станаа клучни во поттикнувањето на иновациите, ефикасноста и успехот. Во оваа блог објава, ги издвоивме најпопуларните патеки по кои можеш да ја движиш својата кариера во светот на Full-Stack програмирањето. Дознај повеќе!

- 8 совети за успешна промена на кариера
На возраста никогаш не треба да се гледа како ограничување или пречка при следењето на новите можности во кариерата бидејќи искуството и збирот на квалитети можат да бидат многу корисни при правењето на успешни кариерни трансформации. Дознај повеќе!

- Нови успешни приказни
Ги раскажавме приказните на: Чедо Насевски, Елена Цветковска, Давид Богдановски, Елеонора Крстеска, Александар Николовски, Ива Милчова, Кирил Стоименов, Мила Мишовска, Мери Шукуроска и Јулија Ј. Маринов, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

- Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец
Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.


- Запознај ги инструкторите
Со огромно задоволство ги најавуваме Ивана Пејак и Даниел Богнер, како зајакнување на нашиот тим од инструктори на новата Академијата за лидерство и менаџмент.
- Ивана Пејак, менаџмент професионалец, а воедно и нашиот нов инструктор на Академијата за лидерство и менаџмент која ќе го предава модулот за „Организациско лидерство“.
- Даниел Богнер е консултант и тим лидер, а воедно и нашиот нов инструктор на Академијата за лидерство и менаџмент кој ќе го предава модулот за „Лично лидерство“.

- Запознај ги студентите
Го создадовме блог серијалот „Запознај ги студентите“ за да ти ги претставиме нашите нови студенти и нивните први впечатоци од Академиите. Прочитај повеќе за:
- Јана Јовановска – Академија за UX/UI дизајн
- Борјан Стојановски – Академија за UX/UI дизајн
- Билјана Гијевска – Академија за UX/UI дизајн
- Жанина Лазарова – Академија за UX/UI дизајн
- Дукица Павловиќ – Академија за Project & Product менаџмент
- Диана Аврамовска – Академија за Project & Product менаџмент
- Надица Гуџова – Академија за дигитален маркетинг
- Олгица Арсова – Академија за дигитален маркетинг
До следниот месец!
Тимот на Brainster ❤️
