Запознај ја Олгица Арсова – студент на Академијата за дигитален маркетинг, која се реши продуктивно да го искористи своето време и да ги надгради своите знаења и вештини.

 

Име и презиме: Олгица Арсова

Академија: Академија за дигитален маркетинг

По професија сум: SEO Content Writer

Од првиот час на Академијата паметам: Првиот час некако ме наврати на факултетските денови, но овој пат во ново руво. Инструкторите опуштени, спремни за прашања, а ние студентите така првично повлечени.

Се решив да го искористам времето продуктивно и да научам: Повеќе за сè она што го читав низ блогови и го слушав во поткасти.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Долго ми се врткаше низ глава и претставуваше предизвик за мене како и професионална надградба и преобразба.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Google analytics, Lead Gen и секако хакатонот.

После предавањата секогаш: Се размрдувам бидејќи не ме држи место и потоа се навраќам на некои поими што ми привлекле внимание.

Пред да се запишам, најмногу ме плашеше: Дали успешно ќе го изменаџирам времето.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Предизвици и нови иксуства.

Оваа област за мене значи: Разноликост, динамика и можност за непрекинат професионален напредок.

Во слободно време: Шеткам кучиња во парк. Вежбам јога. Пробувам да усогласам распореди и да поминам време со мили луѓе.

Сакам да читам: Од сè по нешто. Поезија, психологија, филозофија, автобиографии.

Сакам да гледам: Пак ќе речам, од сè по нешто. Од mind-bending филмови до драми и документарци. И, секако, театарски претстави.

Омилен цитат: „Do the best you can until you know better. Then, when you know better, do better.”

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!