Запознај ја Билјана Гијевска – студент на Академијата за UX/UI дизајн, која се одлучи да ги надгради своите вештини во една од најперспективните професии – UX/UI дизајн.

 

Име и презиме: Билјана Гијевска

Академија: Академија за UX/UI дизајн

По професија сум: Економист

Од првиот час на Академијата паметам: Дека се запознававме сите студенти и имаше интересни професии, интересни случки кои ги кажувавме и беше забавно.

Се решив да го искористам времето продуктивно и да научам: Сосема нова професија, нови знаења, нови видици. Освен Академијата, се надградувам и со знаења како ITIL, SQL, и доста книги.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Се поклопува со мојот карактер, интереси, способност и креативност, како и желба за постојана надоградба.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Wareframes

После предавањата секогаш: Правам одмор.

Пред да се запишам, најмногу ме плашеше: Менаџирање на времето.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Достапност на нови работни позиции.

Оваа област за мене значи: Логика + креативност

Во слободно време: Пробувам да читам книги и да го проширам знаењето во областа на психологијата.

Сакам да читам: Книги поврзани со личен раст и развој.

Сакам да гледам: Комедија

Омилен цитат:I appreciate everyone who has helped me be who I am today.“

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!