Истражувањето што го изработи Бреинстер (Brainster) „Политики за рамномерна застапеност на жените на лидерски позиции во ИКТ-компаниите и поддршка на разновидноста”, финансирано од Програмата за зголемување на вработливост ИМЕ, со поддршка на Швајцарската амбасада во Северна Македонија, прикажува слика на моменталната состојба во ИКТ-секторот, разгледувајки ги условите на вработување, перспективите на работодаваците, позицијата на жените и девојките на лидерски позиции и способноста на секторот да ги поддржи родово-сензитивните практики за вработување и унапредување на жените во ИКТ-индустријата. 

Истражувањето наведува дека ИКТ-индустријата страда од сериозен недостиг на квалификуван кадар на светско ниво. Ова е потврдено и со податоците од Северна Македонија, каде во 2020 година, 51% од компаниите во ИКТ-секторот сметаат дека не постои соодветен кадар. Дополнително, 75% од компаниите изјавиле дека имаат тешкотии во наоѓањето на квалификувани ИТ-вработени. 

Истражувањето исто така нагласува дека секторот е значително доминиран од мажи, со значително помалку жени вклучени во областа на програмирање и компјутерски науки. Според истражувањето, само 19% на ниво на Европска Унија и една третина од дипломираните студенти во областите на наука, технологија, инженерство и математика се жени. Во Северна Македонија, процентот е нешто поголем, со 33% од дипломираните студенти во ИКТ и 36% од магистри на науки кои се жени, но притоа не постојат жени специјалисти на науки. Целта на овој извештај е да им се помогне на ИКТ- компаниите да привлечат талентирани жени и девојки како свои вработени, да го подобрат процесот на нивно задржување во компаниите и да ја зајакнат нивната конкурентност, со што ќе доведе до подобри деловни резултати, но и позитивно општествено влијание.

Ова важно истражување помага да се идентификуваат и адресираат предизвиците поврзани со креирањето, промовирањето и спроведувањето на родово-сензитивни политики за вработување, вклучувајќи мерки за рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот. Истражувањето нуди конкретни препораки, акции и начини за спроведување на овие родово-сензитивни политики во пракса.

Истражувањето, исто така, се однесува и на потребата да се привлечат повеќе девојки во ИКТ-секторот, преку менторски практики, промовирање на индивидуи за пример, како и промовирање на ИКТ поврзаните професии во образовните институции. По повод 15 јули – Светскиот ден на вештините на младите, би сакале да ги повикаме сите да помогнат, со цел да се намали јазот во образовниот сектор и во индустријата, и да се привлечат млади талентирани жени во секторот што се соочува со недостиг на таленти.

Студијата е поддржана од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка. Студијата не ги изразува ставовите на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), ниту пак на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Прочитајте повеќе во целосниот извештај:

 

За упис на оваа Академија, достапни се стипендии за млади лица и жени претприемачи кои сакаат да се усовршуваат во оваа насока. Целта на овие стипендии е да се даде придонес кон зголемување на разноликоста и еднаквите можности во корпоративниот свет. 

Закажи информативен разговор со нашиот Student Admission Team за повеќе детали за Академијата.

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА