Запознај ја Елена Цветковска – студент на Академијата за UX/UI дизајн, а воедно и Dream Team студент, која покажа одлични перформанси за време на предавањата и работењето на реалните проекти.
Нејзината амбиција и големата посветеност секојдневно да работи на својот личен и кариерен раст и развој, резултираа со унапредување како UX researcher & Project Assistant во компанијата Pabau.
Во продолжение си поразговаравме со Елена за нејзиното кариерно патување
Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за UX/UI дизајн те познаваме, но што би споделила за останатите?
Здраво и благодарам за топлите честитки! Мојата страст да креирам подобри интеракции и искуства на корисници, создавајќи продукти и услуги кои го подобруваат нивното секојдневие е она што ме наведе на ова патување кон кариера како UX/UI дизајнер.
Освен работата, уживам во читање книги, истражување и поминување време со семејството и пријателите. Верувам во тимската работа, комуникација и организираност, што ми помага да бидам успешна во својата кариера.
Зошто баш UX/UI дизајн?
Со овој вид на дизајн, имам привилегија да создавам продукти и услуги што се фокусираат на потребите на корисниците, подобрувајќи го нивниот живот и решавајќи нивни предизвици. Овој креативен процес ме исполнува со задоволство, и секогаш се трудам да ги надминам претходните дизајн решенија.
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Академијата за UX/UI дизајн е едно прекрасно искуство за мене. Таму имав можност да ги научам најсовремените техники и методологии за дизајн и истражување од стручни професори и дизајнери, како и да работам на реални проекти. Академијата ги исполни моите очекувања и придонесе за зголемување на моите дизајнерски вештини и знаење.
Какво е твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Моето искуство како студент е многу позитивно. Еден од најголемите предизвици беше справувањето со различни задачи и дизајн проекти во исто време. Но, благодарение на мојата организираност и ангажираност, успеав да го надминам овој предизвик и секој проект да го завршам навремено.
Кој модул е беше најинтересен и зошто?
Најинтересниот модул за мене е UI. Таму, ги научив основите на добар UI дизајн и добив можност да ги применам своите креативни вештини за да создадам интуитивни и естетски интерфејси.
Непосредно, пред завршување на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера како UX researcher & Project Assistant во компанијата Pabau. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?
Со гордост и посветеност работам во Pabau веќе повеќе од една година, компанија која ги негува и поттикнува своите вработени да се развиваат и да напредуваат. Мојата кариера започна во областа на продажбата, но со мојата страст и желба за создавање на подобри кориснички искуства, добив можност да бидам дел од Customer Success одделот. Преку комуникацијата со корисниците, успешно собирав фидбек и го подобрувавме нашиот продукт.
Моите постигнувања на Академијата за UX/UI дизајн, заедно со мојата преданост во Customer Success, доведоа до препознавање на мојата страст кон UXUI дизајнот и резултираа во понудата за позицијата на UX researcher & Project Assistant – исполнување на мојот сон за создавање на кориснички искуства.
Сега, како UX researcher & Project Assistant, продолжувам да се развивам и да го надградувам своето знаење во областа на UX/UI дизајнот. Мојата главна цел е да го претворам фидбекот од корисниците во успешни проекти и иновативни решенија, што ќе придонесе за уште подобро и позитивно искуство за нив. Работата во Pabau ми овозможува да го исполнувам мојот талент и страст за дизајн и корисничко искуство и секојдневно се вклучувам во динамична работна средина каде непрекинато учам и растам како дизајнер.
Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI Researcher? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би ги користела?
Како млад UX researcher, на работното место се очекува од мене да извршувам истражување за потребите и предизвиците на корисниците, како и да ги анализирам нивните интеракции со производите на компанијата. Моите задачи ќе вклучуваат собирање на податоци, примена на методи за истражување и анализа на резултатите. За ова, ќе користам различни технологии и алатки како анкети, интервјуа, тестирање на корисници и софтверски алатки за анализа на податоци.
И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизајнот?
За сите оние кои сакаат да направат кариерна промена во UX/UI дизајнот, топло им ја препорачувам Академијата за UX/UI дизајн на Brainster. Оваа академија е вистинска врата кон креативниот свет на дизајнот, каде може да ги преточите своите идеи во неверојатни кориснички искуства.
Со стручно водење и практични работилници, Brainster ќе ве изведе на несекојдневно искуство што ќе ви донесе неверојатни можности за кариерен напредок. Имајте предвид дека UX/UI дизајнот се менува и еволуира, па бидете отворени за учење и иновации. Верувам дека со страст и упорност, секој може да успее во оваа исклучителна област на дизајнот. Среќно!
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за UX/UI дизајн постојано учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и врвни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!